Портпаролот на AirAsia верува дека се пронајдени црните кутии

Интензивирана потрагата по црните кутии на авионот на AirAsia

 |  инфодеск  | 

Постојат силни индикации дека тимот за трагање и спасување ги пронашле црните кутии од летот QZ8501 на AirAsia, рекол портпаролот на компанијата Tony Fernandes, а истото го објавил на Twitter, а пренесува NBC News.

Потрагата по црните кутии е интензивирана денес по добивањето на повеќе  чисти сигнали од нив. Сигналите беа детектирани во подрачјето помеѓу 1,6 и 2,4 миљи од локацијата каде е пронајден задниот дел од трупот од авионот кој беше откриен во Јванското море во саботата. Официјалните лица предупредија дека е многу рано да се каже дали се тоа снимките кои доаѓаат од пилотската кабина и снимките од податоците на летот.

Авионот на AirAsia со 162 патници и членови на екипажот се сруши на 28 декември поради временски неприлики на летот од Сурабаја кон Сингапур.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top