Post Views: 0
Со оваа акција, ќе биде обезбедено сите пациенти на Центарот за дијабетес, кои имаат дијагноза дијабетес мелитус, да ги добијат овие апаратчиња.
Со нив, пациентите ќе можат дневно да ја следат својата здравствена состојба.
„Ќе ги добијат исклучиво пациентите кои се на инсулинотерапија. Со тоа го заокружуваме проектот да секој пациент има апаратче во домашни услови. Правиме еден голем исчекор, затоа што ваква акција години наназад не е случувана. Ние секоја година на два-три наврати сме давале гратис апаратчиња, но тоа било во помали количини. Сега ќе ја опфатиме целата...
Post Views: 26
Слатинската брана четврти ден одолева на силата на водата. Ситуацијата уште повеќе ја усложнуваат и обилните врнежи кои паѓаа изминативе два дена. Состојбата со Слатинското езеро засега останува непроменета. Како што информираат од Центарот за управување со кризи од Охрид, сеуште постојат сериозни оштетувања и сеуште низ телото на браната продира вода. Поради критичната состојба, не само со Слатинското езеро, туку и во повеќе градови низ државава кои беа погодени со поројни дождови, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски ги свика на итен состанок членовите...
Post Views: 1
Трет ден ситуацијата по расцепувањето на браната кај акумулацијата со Слатинско Езеро не е променета. И денеска просторот е обезбеден, заштитен од минувачи и љубопитни граѓани, но во секој случај под будно око на екипи од СВР и центарот за управување со кризи. „Нарушувањата се сериозни и секако ризикот за поголеми штети и продирање вода низ браната се поголеми. Во последните 24 часа во регионот на сливното подрачје на Мраморечка река и Слатинското езеро имаше зголемени врнежи од дожд што дополнително ја зголеми количината вода во водниот басен што ја зголемува и опасноста...
Post Views: 1
Каква храна консумираат децата додека се на училиште? Ова е прашање кое го допира секој родител. Одамна веќе по училиштата не функционираат оние класични кујни, со готвачки и убаво подготвено мени кои се дел од самото училиште.
Наместо тоа, сега храната за вашите деца ја подготвуваат приватни фирми кои само географски се поврзани со училиштето за кое готват. Основното училиште Свети Климент Охридски е едно од училиштата каде што функционира ваква кујна. Тие велат дека се трудат храната за децата да биде свежо подготвена, а и во во неа да доминираат овошјето и зеленчукот.
Директорката...
Post Views: 13
Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија.
Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и надежни...
Post Views: 1
Невработените лица почнаа да се соочуваат со новата поделба на активни и пасивни. Сите оние кои од декември навака го посетиле Центарот за вработување со цел да се пријават, веќе добија пријави за запишување во регистарот во кои треба да се изјаснат во која група припаѓаат. Невработените на пасивната листа ќе се пријавуваат само за да имаат статус на невработени заради добивање на потврда дека се во евиденцијата на Центарот за вработување.Нема да имаат некои посебни обврски освен обврската на секои 6 месеци да се пријавуваат во подрачниот Центар за вработување.
Но доколу...
Post Views: 2
Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник Григор Прличев. Три дена, почнувајќи од 4 па се до 6-ти февруари, со богата културно-уметничка програма достојно ќе му се одаде почит на носителот на ловровиот венец и борецот против грчкото влијание. Во понеделник со промоцијата „ Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска Илиевска ќе започнат свеченостите во рамките на манифестацијата „ Прличеви беседи“. Mанифестацијата опстојува веќе 6 децении започнувајќи од 1952 година во знак на сеќавање на најголемиот македонски преродбеник и поет...
Post Views: 1
Најновите вработувања во МЈП „Проаква“, го налутија директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. Тој се закани дека во Охрид ќе се случи прекин на испитување на квалитетот на водата за пиење, бидејќи на Центарот неопходни му се средства за набавка на основните материјали за вршење на испитувањата. Според Михаилов, не може едно Јавно Претпријатие кое има голем долг кон институциите да вработува нови партиски војници.
„Како раководител на едно ЈП, морам да кажам дека, вработувањето на луѓе без никаква причина во претпријатие кое што долгува огромни средства...
Post Views: 8
Центарот за култура „Григор Прличев“ од Министерството за култура доби околу 5 мил. денари за проектите кои треба да ги реализира во текот на оваа година. И овојпат финансиски се подржани Балканскиот фестивал, Охридските староградски песни, фолклорните друштва, мешаниот хор, балетското студио и театарот. Предвидени се и два големи театарски проекти и тоа „На дното“ од Максим Горки и „Орестија Есхил“ која претстава по се изгледа ќе ја режира познат режисер од Дубровник. Еден театарски проект ќе биде финансиран и од сопствени средства, вели директорката Драгана Боцевска....
Post Views: 5
Засилена лична хигиена, редовно миење на раце, заштита при кивање со хартиени шамивчиња, редовно проветрување на простории. Овие мерки навидум ни се познати, но колку од нив ги применуваме. Токму ова е поводот Црвениот Крст во основните училишта да спроведе предавања на тема како да се заштитиме од грип.
„За училиштата препорачавме засилена хигиенизација и кај нив редовно проветрување на училниците и ходниците, вонредна дезинфекција на просториите, повторни систематски прегледи на вработениот персонал“, вели епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска.
Едукативните...
Post Views: 2
Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита.
„Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен...
Post Views: 3
Рампи, нема па има, и обратно. За само два дена металните рампи преку кои се влегува и излегува од паркинг просторот кај кружниот тек повторно вратени на истото место. Се обративме во локалната со цел да дознаеме зошто и по чија наредба рампите се вратени назад. Портпаролот Симон Илиевски во телефонскиот разговор ни кажа дека локалната самоуправа со официјален став за причината поради која рампите се на старото место ќе излезе утре. Но, упорноста на новинарите и овој пат успеа да стигне до малку поконкретен одговор лично од градоначалникот Александар Петрески. Тој...