Ознака: центарот

ufo

Несекојдневниот УФО фестивал ќе ја отвора летната кино-бавча

Post Views: 6 Млади, но афирмирани уметници ќе ја добијат честа да ја отворат сезоната во летната кино-бавча. Од утре па се до недела малата сцена ќе биде вистински центар на урбаната уметност. Овие три дена ќе се одржува УФО фестивалот кој ќе понуди еден интересен спој на уметности. Не станува збор за класичен фестивал на кој публиката и уметниците се статични, туку повеќе се работи за еден целокупен интерактивен перформанс. „Ќе имаме еден несекојдневен фестивал. На исто место ќе се цртаат графити, ќе има музички перформански, оригами работилница, изложби на слики, изложба на уметнички...

Continue reading

carshija

Охриѓани бараат било каква работа, но посакуваат соодветна на нивното образование

Post Views: 9 Решавањето на проблемот со невработеноста најважно за охриѓани. Имајќи предвид дека се потешко се наоѓа работа, нашите сограѓани велат дека не пребираат работа, но посакуваат таа да биде соодветна на нивното образование. Со воведувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кои стапија на сила во втората половина на декември 2012-та година, се  спроведе регистрацијата на лицата кои активно бараат работа. Иако со ова бројот на невработенит лица се преполови, сепак моментално во Охрид фигурираат пет илјади лица кои активно бараат...

Continue reading

balkanski festival

При крај подготовките за 52от Балкански фестивал на народни игри

Post Views: 3 Балканскиот фестивал на народни игри и песни и годинава ќе понуди многу танци, песни, и колорит. Подготовките за годинешното 52ро издание се при самиот крај. Како и секоја година, традиционални учесници ќе бидат земјите од Балканот, но ќе има и гости од Шпанија, Полска, Италија, Турција. Фестивалот се организира под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржува од 6ти до 11ти Јули. Сцената на Долни Сарај е местото на главното збиднување, додека низ охридската чаршија ќе бидат дефилеата на учесниците....

Continue reading

Мал трик кој ќе ве ослободи од забоболка

Post Views: 0 Истражувањето во Канада во осудесетите години покажало како е можно да се отстрани или барем да се намали забоболката без отворање на устата. Забоболката е честа болест кај луѓето, а повеќемина имаат и страв од заболекар и затоа вреди да се проба со помош на коцка мраз да се отстрани болката на забот. Се што е потребно да направите е коцката мраз да ја ставите помеѓу палецот и показалецот и полека да триете по дланката неколку минути. Токму тоа подрачје на дланката е местото каде завршуваат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка во мозокот кој го контролира...

Continue reading

blato

Охриѓани и гостите ќе куртулат од комарците

Post Views: 10 Ова лето ќе има дерман за охриѓани и гостите од комарците. На крајот на месецов ќе се врши дезинсекција или запрашување против комарци, велат од Регионалниот центар за јавно здравје.  Директорот на центарот, Атанаско Михаилов вели дека вреќе е разговарано со Градоначалникот со цел да се превземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција. Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците во градов и додава дека минатогодишното авионско прскање воопшто не било продуктивно. Поради тоа годинава дезинсекцијата ќе...

Continue reading

FTU obuka

На ФТУ промовирана програмата за Ефективна комуникација за успех во бизнисот

Post Views: 4 На ФТУ презентирана програмата за невролингвистичко програмирање, која овозможува  креирањето успешни личности. Организатори на оваа презентација беа НЛП Центарот од Белград , кој  делува во рамките на Атриа Групацијата чија специјалност се корпоративните тренинзи од областа на комуникациските, продажните и менаџерските вештини,  и Факултетот за туризам и угостителство Охрид. Денешниот тренинг преставува почеток на една подолгорочна соработка на центарот со ФТУ . НЛП е комуниациски модел кој што е базиран на субјективната студија на промената усовршувањето и комуникацијата...

Continue reading

ruski film

Ревија на руски филмови во Охрид

Post Views: 9 Центарот за култура со низа активности се вклучува во одбележувањето на денот на Европа и денот на победата над фашизмот. Во таа насока директорката на Центарот, Драгана Боцеска ја најави ревијата на руските филмови која започнува вечерва. Тематиката на филмовите е војна и мир. Боцеска нагласи дека станува збор за филмска ревија која се одвива речиси во целата земја, во организација на филмскиот фонд, руската амбасада Министерството за култура, кинотека на Македонија. „Како препорака филмот „Ослободување“, кој ќе се прикажува на 16 ти мај во четврток. Иако филмот е од...

Continue reading

parkinzi

Нема улица во центарот на Охрид каде не се наплатува за паркинг

Post Views: 5 Нема место каде не се наплатува за паркинг во Охрид и тоа по 50 денари од час. Граѓаните реагираат и спас бараат од локалната. Првиот човек на Охрид градоначалникот Бакрачески објаснува кој е виновен за ваквиот однос на концесионерот. „Граѓаните многу добро знаат дека со одлука на тогашниот совет на Општина Охрид покрај паркинзите во централното грдско подрачје се проширува паркинг зоната и на останатите улици“, вели градоначалникот. Според него неразумна е одлуката и на советот и на поранешниот градоначалник покрај еден договор со кој беше опфатен плоштадот и неколку...

Continue reading

topki

Екипи од локалната ги отстранија бетонските топки

Post Views: 2   По паркинг рамките,  дојде ред и на бетонските топки. Екипи ангажирани од Локалната самоуправа денеска започнаа да ги отстрануваат бетонските топки кои го попречуваа нормалното движење на кејот Маршал Тито. „Како што ви е познато по иницијатива на МВР започнавме со отстранување на сите бетонски препреки во центарот на градот. Вчера се отстранија сите  метални рампи и денеска продолжуваме со отстранување на бетонските топки на кејот.“-изјави Танас Танаскоски, раководител на општински инспекторат. Инаку бетонските топки беа поставени на почетокот на јуни 2012 со одлука...

Continue reading

stetnici

Повлекувањето на езерото носи нов предизвик-наезда на глодари и инсекти

Post Views: 7 Повлекувањето на водите и во Охридското езеро, но и во реките, од една страна спас од поплави, но од друга можност за проблеми со појава на глодари, инсекти и други штетници. За спас од овој нов предизвик, Центарот за јавно здравје вели дека е потребно да се преземат серија превентивни мерки за заштита на населението од заразните заболувања кои комарците и глодарите ги пренесуваат. Според директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Атанаско Михаилов, изминатите години, граѓаните често реагирале и тврделе дека забележале глодари, особено глувци и во делови од канализацијата,...

Continue reading

Tockov ispituvanja

Водата за пиење безбедна, водата во Охридското езеро со различен квалитет

Post Views: 7 Центарот за јавно здравје самоиницијативно го испита квалитетот на водата во Охридското езеро, но и квалитетот на водите во охридскиот, струшкиот и дебарскиот водовод. Причина за тоа е поголемиот дотек на вода во Охридското езеро изминативе три месеци кој предизвика повеќе проблеми и во колекторскиот систем и на охридското крајбрежје. Центарот за јавно здравје примероците вода од Охридското езеро ги зел од повеќе локации кои ги сметале за покритични. Еден примерок бил земен кај пумпната станица Метропол од каде градот се снабдува со вода за пиење, еден примерок бил земен...

Continue reading

emigranti

Март, месец на филмови за деца во Центарот за култура

Post Views: 3 Во месец Март, граѓаните на Охрид ќе имаат можност да уживаат во актерското мајсторство на членовите на Народниот театар од Охрид. Од добрите претстави никогаш не може да биде доволно, па затоа, охриѓани ќе можат повторно да ги проследат претставите „Полицајци“, „Емигранти“, „Ајде да си речиме уште една“ и „Малограѓанска свадба“. Изведбите на овие театарски претстави ќе бидат секои петок и сабота. „Секако тука не заостанува и филмската програма. Можевме да проследиме повеќе филмови и во претходниот период. Интересно е што од 12ти Март започнуваат филмови, детски играни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top