Ознака: цената

benzinska

Повторно зглемување на цената на бензинот

Post Views: 2 За половина денар се зголемува малопродажната цена на „евросупер БС-98“. Малопродажните цени на „евросупер БС-95“ и дизелот остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 80 денари за литар. Според одлуката на РKЕ, се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 40,8 денари за килограм. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 101,066 долар за барел и е за 0,39 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени...

Continue reading

zlato

Каде се чува македонскиото злато?

Post Views: 1 Неизвесноста во евро-зоната, зголемените ризици, а намалените очекувања за економско закрепнување условија внимателно менаџирање со девизните резерви. Според НБРМ, парите се чуваат во земји со највисоки кредитни оценки од страна на меѓународните агенции што мерат рејтинг. На прво место се намоќните европски економии. Еве колку проценти од девизните резерви и каде се чуваат : Германија, Франција и Холандија   58%Велика Британија и САД     13% Кризата во Европа ги промени и плановите за чување на златото. Од почетокот на 2012 та година најголем дел од монетарното злато...

Continue reading

Кина гради железничка пруга под Монт Еверест?

Post Views: 1 Кина планира да изгради железничка пруга под Монт Еверест кој би требало да ги поврзува Тибет, Непал и Индија. Како што пишува The Guardian , постоечката линија помеѓу Qinghai и Тibet би можела да се продолжи низ Монт Еверест, но кинескиот експерт за железници, Wang Menghsu истакнува дека проектот, доколку добие зелено светло, ќе се соочи со многу технички препреки. Но, иако Кина го поддржа градењето на железницата под највисокиот врв на светот, точната рута и цената на проектот е непознаница, а поради тешкиот терен на висорамнината Тибет, возовите најверојатно нема...

Continue reading

пумпа

Повторно измена на цената на горивата

Post Views: 0 Регулаторната комисија за енергетика одлучи, од синоќа на полноќ, бензините да поевтинат за половина денар, а цената на дизелот не се менува. Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се намалува за 0,5 денари и ќе изнсува 63,50 денари за литар, додека на „Еуросупер БС-98“ намалувањето е за еден денари и ќе изнесува 65 денари за литар. Измени со одлука на регулаторна претрпеа и малопродажните цени на „еуродизелот (Д-Е В)“ и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). „Еуродизелот“ ќе се продава за 50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло...

Continue reading

пумпа

Бензинот од денес со повисока цена, цената на дизелот непроменета

Post Views: 0 Цените на бензините од синоќа на полноќ се зголемуија за половина, односно за еден денар, а цената на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат. Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на Еуросупер 95 се зголемуа за еден денари и ќе изнесува 62 денари, додека Еуросупер 98 поскапува за 0,5 денари и ќе чини 63,50 денари. Малопродажните цени на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, остануваат 44 и 32,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,703 денари...

Continue reading

radijator

Од денес парното со нови, поефтини цени

Post Views: 2 Парното од денеска поевтинува за 14,24 проценти за граѓаните во Скопје што се снабдуваат од Балкан енерџи груп од топлана „Исток“ и за 13,45 за граѓаните што се греат на топланата „Север“. Регулаторната комисија за енергетика одлуката за намалување на цената ја донесе на последната седница по намалувањето на цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија. Според новиот правилник, цената на топлинската енергија може да се менува на месечно ниво во интервал од плус-минус 5 отсто. Досега тоа можеше да се прави само двапати годишно,...

Continue reading

До крајот на годината кафето поскапо за 15%

Post Views: 4 Растот на побарувачката во Северна Америка, Европа и Јапонија за просечни 1,6% и намалувањето на производството во Бразил, најголемиот производител во светот, би требало до крајот на годината да ја зголемат цената на кафето за 15%. Поради сушите во Бразил во оваа сезона е произведено 48 милиони вреќи кафе, седум милиони помалку отколку претходната сезона. Спрема проценките на Меѓународната организација за кафе, глобалното производство ќе достигне 142 милиони вреќи, а побарувачката е 149 милиони. RabobankGroup проценува дека по падот од 20%, цената на кафето ќе се зголеми...

Continue reading

Цената на нафтата на светските берзи повторно во опаѓање

Post Views: 3 Цената на барел нафта вчера на меѓународните пазари достигна 59 долари, притиснати со порастот на американските резерви и можното зголемување на производството во Саудијска Арабија, што го поттикна стравувањето од прекумерно производство. На Лондонската берза цената за барел нафта падна 1,52 долари во однос на претходниот ден на 59,01 долари. Ден порано имаше скок до на најголемо ниво во последните два месеци, од 63 долари. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 2,1 долари пониска цена во однос на претходниот ден, од 50,04 долари. Вниманието на пазарот...

Continue reading

Apple стана прва компанија во светот по пазарна вредност

Post Views: 0 Apple вчера стана првата компанија во светот со пазарна вредност поголема од 700 милијарди долари, бидејќи цената на акцијата на овој технолошки џин скокна за околу 2%, по соопштението дека ќе ги намалат трошоците за работа. Пазарната вредност на Apple достигна 710 милијарди долари, откако цената на акцијата порасна за 1,9%, на 122 долари, па така компанијата се зацврсти на чело на листата најголеми светски компании по пазарна капитализација. Цената на акцијата на овој технолошки џин непрестано расте откако неодамна соопштија дека во последното ланско тромесечие отстварил...

Continue reading

benzin

Владата размислува за намалување на цената на бензините

Post Views: 5 Владата на седница ќе разговара за можноста за намалување на цената на нафтените деривати. По вчерашното поскапување на бензинот за два и дизелот за половина денар од литар. Владата размислува за намалување на ДДВ-то за транспортерите и намалување на акцизите. Ова го најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Според него ќе се разговара и со ОКТА за промена на методологијата за утврдување на цената. Средбата е закажана за во петок.{loadposition content9}

Continue reading

Најголем скок на цената на нафтата во последните две седмици

Post Views: 0 Минатата седмица цената на нафтата доживеа најголем скок во последните 17 години, што е последица на затворање на бушотини, намалување на инвестициите на нафтените џинови и поттикнување на стопанските мерки на кинеската централна банка. На берзата во Лондон цената на барел нафта пораснала за 9%, на 57,80 долари, додека во последните две седмици цената скокнала за 19% што е најголем двонеделен скок од 1998 година. Сепак, растот на цената не беше праволиниски бидејќи минатата седмица таа осцилираше, па во еден ден на американските берзи цената на нафтата падна за 9%, откако...

Continue reading

Вредноста на златото во нагорна линија

Post Views: 4 Вредноста на златото е во нагорна линија и ја премина цифрата од 1.300 долари по унца. Тоа е најголемо ценовно ниво од август минатата година и почетокот на Руско-Украинската криза, пишува CNN Money. Од валутниот скок на швајцарскиот франк преку најниските цени на нафтата за барел и вбризгувањето на 60 милијарди евра секој месец во еврозоната, многу елементи носат несигурност на светските пазари а инвеститорите од Wall Street сакаат да играат на сигурно, па така без сомнение, вложувањето во злато е на врвот на тој попис. Сепак, цената на златото е тешко да се предвиди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top