Ознака: целиот

teren

Наскоро Oхрид ќе добие спортски терен со вештачка трева

Post Views: 21 Со забрзано темпо се одвиваат активностите кои се однесуваат на теренот за фудбал на вештачка трева при СРЦ “Билјанини извори“. Во тек е поставувањето на вештачката трева на веќе подготвената подлога. Паралелно со поставувањето на слоевите со вештачка трева се нанесува и специјален гранулат со цел нанесената вештачка трева да го добие посакуваниот изглед и содржина. Покрј вештачка трева се поставува и заштитната ограда по должината на целиот стадион во предвидените димензии,а екипи на охридските јавни претпријатија поставуваат рабници и бехатон плочки на местата за...

Continue reading

coca cola

„Coca Cola“ ја поздрави Македонија

Post Views: 6 Неколку часа пред натпреварот Македонија — Литванија, на официјалната Фејсбук страницата на „Coca Cola“, која има преку 34 милиони фанови од целиот свет, осамна статус на македонски јазик со следната содржина: „Здраво Македонијо! Жедни ли сме за нова победа?“Секако, тоа не остана не забележано од страна на нашите фејсбуковци кои не пропуштија прилика да го лајкнат или да искоментираат на статусот, кој веројатно првпат е посветен на Македонија. {loadposition content9}

Continue reading

Turritopsis nutricula immortal

Пред неа бесмртноста беше само мит

Post Views: 6 Во тропските води живее медузата Turritopsis nutricula. Обично медузите по размножувањето умираат, но медузата Turritopsis nutricula не само што не умира исто така и се саморегенерира, на тој начин се подмладува. Овој процес се нарекува трансдиференција и  дозволува на специјализираните клетки да се вратат на стадиумот на матичните, на тој начин Turritopsis nutricula може да опстојува во целиот свој живот.Благодарение на оваа способност таа има вечен живот. Turritopsis nutricula е едниственото бесмрттно суштество познато на научниците. Пред да биде откриена оваа медуза,...

Continue reading

autodesk

Бесплатно изучување на софтверот 3DS MAX „Autodesk“

Post Views: 10   Започна со работа летниот камп на кој ќе се изучува софтверот  3ds MAX & V-Ray. Обуките се бесплатни, наменети за професионален тренинг и обука на архитекти, дизајнери, ТВ и филм артисти, програмери на игри. Курсевите ќе ги водат 3-ца инструктори, најавува Никола Кумев, инструкторот за 3DS MAX на „Аутодеск Македонија“. „ Има огромен интерес за пратење на  курсевите.  Интензивни ќе се обуките , наутро и навечер ќе се одржуваат обуките. Се работи за интензивни курсеви наутро и во попладневните часови. Имаме развиена добра програма, а потврда за тоа е што „Аутодеск“...

Continue reading

genious olympiad

Младиот охриѓанец Зекир Ајруш бронзен на олимпијадата за екологија во Њу Јорк

Post Views: 3 Младиот, 16 годишен Зекир Ајруш се врати со бронзен медал од престижната интернационална олимпијада за екологија која се одржа во Њу Јорк, САД. Зекир, бронзениот медал го освои  претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие езерото, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат. Главна идеја на младиот генијалец Зекир, е да покаже дека проблемите не се решаваат со нивно прикривање. Пред...

Continue reading

влез сала

ЈП „Билјанини извори“ реагира

Post Views: 4 „ЈП Билјанини Извори“ стопанисува и во иднина ќе стопанисува со целиот јавен паркинг простор на територија на Општина Охрид“ стои во реакцијата на ЈП „Билјанини извори“. „За жал и после стотти пат господата од ВМРО НП никако да сватат и упорно ја манипулираат јавноста, или така од политички причини им одговара, дека јавните паркинзи не се даваат како што тие викаат на приватен сопственик.„ „Почитувани господа од ВМРО НП, многу е лесно сега да се лицитира со опциите со кои би се набавила опремата се со цел модернизација на работата на јавниот паркинг простор, од кога...

Continue reading

benziska

Потресно сведоштво на пожарникарот кој прв спасуваше од резервоарот за бензин во вчерашниот инцидент

Post Views: 6 „Помешани чувства, адреналин, и грозна слика“. Вака пожарникарот Борко Јанкулоски ја опиша вчерашната ситуација при спасувањето на трите лица од резервоарот за бензин на бензиската пумпа во непосредна близина на охридскиот аеродром. Љубен Блажески, Марјан Миноски, Оливер Цепенкоски, Митко Аслимоски и Борко Јанкулоски ја сочинуваа групата храбри пожарникари кои во текот на вчерашниот ден учествуваа во оваа спасувачка мисија. Токму Борко е пожарникарот кој прв се спуштил во резервоарот за бензин, во кој тројцата граѓани биле затекнати во полусвесна и несвесна состојба. „Јас...

Continue reading

Prlicev

Со положување на цвеќе на бистата на Прличев продолжи чествувањето на големиот поет

Post Views: 3 Денес беше положено цвеќе на бистата на големиот македонски и охридски поет, Григор Прличев. Претставници од локалната самоуправа, институции, уметници и почитувачи на делото на Прличев му оддадоа почит на охридскиот великан. Пред неговата биста беше одржана и литературна беседа од страна на претставници од охридското Друштво на писатели. Чествувањата на Прличев продолжуваат во текот на целиот ден, со презентација на ЦД-то „Сердарот“ во рамките на НУ Библиотека „Григор Прличев“, како и Прличевите беседи и славењето на патронатот на ОУ „Григор Прличев“. {loadposition...

Continue reading

koncert Zelko

Преполна сала и фантастичен концерт на мега-ѕвездата, Жељко Јоксимовиќ

Post Views: 7 Во фантастична атмосфера, преполнетата сала во Билјанини извори не можеше да ги собере сите кои сакаат да бидат дел од концертот на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, неповторливиот Жељко Јоксимовиќ. Нешто повеќе од два часа траеше мега концертот на кој охриѓани едногласно ги пееја песните на Јоксимовиќ. Нашата екипа имаше екслузивна можност да поразговара со познатата ѕвезда. „Патувавме едно шест и пол часа и воопшто не е проблем. Кога публиката е онака позитивна, јас уживам во концертот и не само јас, туку и целиот мој бенд, потполно сме подготвени за...

Continue reading

timotej

Во Охрид се одржа меѓународен симпозиум за Дичо Зограф

Post Views: 6 По повод 140 години од упокојувањето на Дичо Зограф, МПЦ, односно Дебарско-кичевската епархија организира  Меѓународен научен собир. Митрополитот Дебарско – кичевски г-дин Тимотеј истакна дека преку научниот собир салкале уште повеќе да се расветли големото црковно уметничко дело на познатиот и голем македонски зограф Дичо Крстевич Зограф од Тресонче, на просторите на Македонија со посебен акцент на Дебарско- кичевската епархија. Г. Тимотеј додаде дека огромно е значењето на овој зограф посебно за Дебрско – кичевската епархија бидејќи неговите први и завршни творби се...

Continue reading

mozaik

Македонија богата со мозаично културно наследство, сиромашна со конзерватори

Post Views: 1 Балканот, Македонија, а особено нашиот Охрид располагаат со огромно мозаично културно наследство кое мора да биде сочувано. Конзервацијата и реставрацијата на мозаици е специфична уметност која бара сериозен пристап како не би се изгубило ова огромно наследство. За жал сеуште е мал бројот на конзерватори и реставратори кои би работеле на заштита и враќање на стариот сјај на овие мозаици, но малата бројка на конзерватори според академскиот сликар и конзерватор, Никола Упевче не е проблем со кој се соочува само нашата земја, туку и  целиот регион. Овој проблем, Упевче...

Continue reading

биосфера

Биосферниот резерват Охрид- Преспа влегува во процес за заштита под Унеско

Post Views: 0 Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа влегува во нов процес подготовки за прогласување на бисферниот резерват под заштита на Унеско. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро истакна дека во интерес на биосферниот резерват е  заштитата на природните реткости, но и промовирање на нови туристички и економски вредности за развој на целиот регион. „ Во таа насока ќе продолжиме заедно со активнсотите за номинација и зонирање на биосферниот резерват со зони каде што ќе може да се развива урбаниот сегмент, активно да се управува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top