Post Views: 9
За да привлечат внимание на новото училиште, едно американско христијанско здружение нарачало билборд на кој е напишан цитат од Хитлер од 1935 година и цитат од Библијата. Билбордот е сместен покрај еден ресторан за брза храна.
На билбордот е фотографија од група насмеани деца и покрај нив пишува “Оној кој поседува младост ја победува иднината – Адолф Хитлер”.
Хитлер оваа реченица ја изговорил во 1935 година на собирот на германската младина.
Основачот на христијанското здружение, Џејмс Андерег, кој го нарачал скандалозниот билборд, изјавил на новинарите дека рекламата...
Post Views: 5
Трите средни училишта од Охрид, денес потпишаа меморандум за соработка со Занаетчиската комора на Македонија и нејзиниот регионален огранок.
Меморандумот е донесен по заклучок на Владата на Република Македонија, а освен во Охрид, ваков документ комората потпишала и со училишта во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип.
„Секако со овој меморандум може да се допринесе многу за подобар кадар на занаетчиската структура. Учениците да посетуваат практична настава кај занаетчиите и на тој начин да соработуваме за доброто на сите.“-рече Весна Симова, претседател на Занаетчиската...
Post Views: 5
Заврши првиот уписен рок во трите охридски средни училишта. Сумираните резултати по завршувањето на првиот уписен рок носат изразито спротивни бројки. Најголем интерес, полуматурантите повторно покажале за општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Таму вкупно се пријавиле 356 деца од кои биле примени 309. Од нив, 189 запишале гимназиско образование, 101 економско и 19 деца се запишале на медицинската паралелка. За вториот уписен рок, вкупно остануваат 161 слободно место, од кои 83 во гимназија, 63 во економски и 15 во медицинската паралелка.
Во електромашинскиот...
Post Views: 0
Родителите на учениците македонци во „Нико Нестро“ во понеделник заедно со децата ќе одат во етнички смени.
Ова е едеинстевниот начин нашите деца да се безбедни, велат родителите кои синоќа уште еднаш се соединиа и ја подржуваат одлуката на министерот за образование.
Родителите на учениците македонци во „Нико Нестро“ го губат трпението. Одлуката на министерот за образовани Перо Стојаноски, проблемот да се реши мирен начин со јазични смени, родителите велат дека крајно време е истата да се спроведе.
„На синоќешната средба, сите родители одлучивем во понеделник заедно...
Post Views: 15
Волино ќе добие ново училиште. Објектот е од монтажен тип со добра градба и ќе претставува најсовремено училиште во општина Дебрца, истакна градоначалникот Игор Трајкоски, во неговото денешно обраќање до медиумите. Додаде дека новиот објект ќе обезбеди солидни услови за одвивање на воспитно образовниот процес.
„Училиштето ќе има две училници каде што ќе бидат учениците, потоа имаме санитарни јазли во склоп на училиштето, просторија за наставниците, ходник голем. Во училиштето имаме петто-одделенска настава и учат 12 ученици.
Досега учениците од село Волино настава...
Post Views: 8
Веројатно сите се сеќаваме на оние денови од нашето основно образование кога наставниците не носеа на настава во природа. Тоа беа денови на радост и возбуда верувам за сите нас.
Токму часовите во природа, од наредната учебна година ќе станат реалност и секојдневние за основците од „Григор Прличев“. В.д директорката на ова училиште, Силвија Мојсовска, најави реализирање на неколку проекти во текот на летото, од кои еден е токму училницата во природа. Иновативна, несекојдневна, и во секој случај интересна идеја.
„Ќе биде тоа направено со дрвени клупи и табла да има, и...
Post Views: 35
Образовните институции во градов во фокусот на локалната самоуправа. Анализите покажале дека јавните претпријатија не се единствените субјекти кои работеле со блокирани сметки и наталожени долгови, ваква ситуација била затекната и кај некои од образовните институции.
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најави серија посети на сите институции кои се во надлежност на локалната, со посебно внимание посветено на образованието. Денес го посетија основното училиште „Григор Прличев“.
„Не случајно основното училиште „Григор Прличев“ е одбрано да биде како официјален...
Post Views: 3
Класен чес на Билјанините извори. Генерацијата матуранти од средното геолошко училиште во Пробиштип кои завршиле во далечната 1973 год. својот 40 годишен јубилеј го одбележуваат во Охрид. Идеата за ваквата прослава е на нивниот соученик Ванчо Чифлиганец, кој вели дека шест јубилеи славеле во Пробиштип, но овој седмиот ќе го прослават во Охрид затоа што тој е вљубеник во градов и тоа негово чувство сака да го сподели со неговите соученици.
Охрид е нашиот Ерусалим, тој е град со душа, посебен е. Сакав таа магија да ја почувствуваат и моите соученици и заедно да ја споделиме,...
Post Views: 2
Класен час на генерацијата 1962/63 година. Возбуда, воздишки, искрени и срдечни прегратки и евоцирање спомени, вака денес изгледаше средбата на соучениците од петтата генерација на средното економско училиште од Охрид. Дотерани и елегантни, насмеани и среќни, тие го одбележаа златниот јубилеј – 50 години од матурата. Чуството е неописливо, ваквите јубилеи се поскапи дури од златото, вели класниот раководител Трајан Ласовски.
„Искрено јас многу сум соживеал со учениците во тоа време кога се наоѓав во економското училиште и до ден денс ме бараат и тоа ме храни....
Post Views: 10
Учениците од економската насока при ОСУ Св Климент Охридски одржаа саем на виртуелни компании. На инвентивен начин ги покажаа своите бизнис идеи од областа на претримништвото. Досегашното стекнато знаење , но и надградбата со помош на професорите ментори им влеваат храброст дека успехот понатака нема да биде само виртуелен туку и реален.
„ Со самото избирање на економското училиште ние сме подготвени во иднина не само виртуелно туку и реално да отвориме наши компании“, нагласуваат учениците кои учествуваа со штандови на саемското преставување.Саемот на виртуелни компании...
Post Views: 31
„Длабока резба на душата“ е темата под која основците од „Христо Узунов“ синоќа го одбележаа својот патронен празник.
Со прекрасни песни кои се разлеаа од грлата на хористите, со поетските рецитали и прекрасни поеми, со одличното свое актерство, учениците од ова основно училиште покажаа како се чествува својот патронен празник. За сето ова да изгледа и да звучи толку убаво, потребна им била макотрпна работа.
„Обично се подготвуваме, почнаа подготовките второто полугодие, со изборот на тема на која што ќе се работи патронатот, музичкиот дел и рециталот. Исто така и училишниот...
Post Views: 13
Основните училишта во Охрид, денес, во знакот на екологијата и рециклирањето. Со својата несопирлива креативност, денес, на денот на планетата земја тие пренесоа еколошки пораки, секое училиште на својот начин. Во основното училиште „Христо Узунов“ малите основци, заедно со своите наставници возеа велосипед и ролерки до месноста Горица.
Под мотото „Можеме и без автомобили“ тие сакаат да ја подигнат еколошката свест не само кај учениците, туку и воопшто кај сите граѓани.
„Како љубител на велосипедот, кој многу често го користам како средство за движење низ нашиот град,...