Post Views: 1
Започнаа градежните зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта. Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое ја изведува реконструкцијата ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи.
Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.
Post Views: 1
Екипи на МЈП „Проаква“, деновиве, извршуваат работни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „7-ми Ноември“. Денес, активностите се во завршна фаза. Поставените цевки се со ширина од 225мм.
Исто така, екипи на МЈП „Проаква“, денес вршат анализа во село Лескоец, за изведување на активности на улицата „Илинденска“.
Post Views: 3
На 02.03.2022 година во 07.30 часот во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид, кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Тим од општина Охрид, како урбанистички предизвик во рамки на програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“, го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона. Проектот ќе се работи на ниво на физибилити студија.Со цел успешно извршување на постапките и чекорите при изработка на проектот, дел од обврските претставува и вклучување на јавноста со цел да се добијат мислења од засегнатите страни. Од различните начини на партиципација...
Post Views: 0
Надлежните служби на општина Охрид, денес поставуваа нови канделабри по улицата „Македонија“. Поставувањето на канделабрите е дел од предвидените активности на локалната власт за доуредување и разубавување на улиците во централното градско подрачје. Претходно улица „Македонија“беше реконструирана и асфалтирана, а периодов е пренаменета во пешачка зона.
Post Views: 1
Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше грозоморнoто убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје.
До надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело убиство.
Според досега документираните сознанија, на кривично-правниот настан претходел обид за кражба на велосипед, што ја извршил пријавениот во дворот на оштетениот нешто по 17,00 часот, но истиот бил забележан од страна на жртвата и неговиот татко. Откако, не успеал...
Post Views: 3
Наш сограѓанин испрати слика до рубриката „Ти си твојот град“ на кој се гледа надвисната стара антена на куќа која се наоѓа на улицата Питу Гули во Охрид, во близина на ОУ „Христо Узунов“. Ова е неговиот коментар.
Расипана и стара антена на ул. Питу Гули (кај мостот кај школото Христо Узунов) која виси и не се знае кој ќе ја добие по глава – вели нашиот сограѓанин за рубриката „Ти си твојот град“.
Post Views: 1
Од денес улицата „Македонија“ од пресекот со ул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Јане Сандански“ ќе биде затворена за сообраќај поради одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Одбележувањето ќе се реализира во наредниве неколку дена и ќе биде по целата должина на реконструираната улица од 550 метри и ширина од 12 метри.
Улицата „Македонија“ се очекува да биде затворена за сообраќај во текот на целата летна туристичка сезона од кружниот тек кај градскиот плоштад до пресекот со улицата „Ванчо Николески“. Затворањето на оваа улица за сообраќање...
Post Views: 1
Угостителски објекти на ул. Коста Абраш поставуват урбана опрема маси и столици на тротоарот и на самата улица спротивно на законските одредби и на одлуките на градскиот совет. Ова го констатирале инспекциските служби на општината во соработка со СВР Охрид.
„Комуналниот инспектор на ден 19 јуни 2018 година на посочениот потег, односно на улица “Коста Абраш” изврши инспекција, при што е изготвен записник и донесено е решение. Според овие акти, правните субјекти кои обавуваат угостителска дејност, спротивно на одлуките на Советот на Општина Охрид, поставиле...
Post Views: 2
На 11.01.2022 во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на ул. „Ѓорче Петров” во Охрид.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, повредени лица нема. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 4
Жители на улицата Крали Марко во Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ пријавуваат проблем за кој како што велат не е првпат. Имено, станува збор за депонирање отпад од несовесни граѓани кај повеќенаменското игралиште кое се наоѓа на оваа улица.
Ова е нивниот коментар :
Сакаме да пријавиме по втор пат проблем на ул. ,,Крали Марко” (на самата ширина пред игралиштето) несовесни граѓани непрекинато фрлаат неразградлив отпад (пред предворје), иако неколкупати беше разговарно за истото и од страна на ЈП ,,Комуналец”. Во прилог слики од отпадот (кој секоја...
Post Views: 2
Сообраќаен колапс на ул „Гоце Делчев“. Пристапниот пат до некогашниот паркинг, а сега времено решение за градски пазар, од ден на ден прераснува во сериозен сообраќаен проблем. Пешаците и возилата едвај се снаоѓаат да се разминат, а вистински хаос се случува кога влегува камион до градилиштето каде што се отпочнати градежните работи на новиот затворен градски пазар. Состојбата дополнително се комплицира од узурпираната површина од пластични столпчиња кои го стеснуваат и онака тесниот пат. Бројни се забелешките и на дуќанџиите, на овој потег. Тие во брифинг за телевизија...