РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ.„КОСТА АБРАШ“

Започнаа градежните  зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на  делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта. Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое ја изведува реконструкцијата ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи.

 |   | 

Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top