Tag: Трпејца

Заврши јубилејното „На зајдисонце“ во Трпејца

Синоќа со настапот на пејачката група и оркестарот од Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид во Трпејца успешно беше заокружено десеттото јубилејно издание од Културно – забавното лето „На зајдисонце“. Под уметничко раководство на Татјана Тренеска младите изведувачи и инструменталисти уште еднаш преку својата маестрална изведба ги потсетија присутните на македонските музички и песнопојни бисери. Ретко доживување, особено за младата публика и странците беа народните инструменти, кавал, тапан и тамбура.Оркестарот беше засилен во инструменталниот дел со проф. по музика Љупчо Аслимоски и музичкиот...

Continue reading

ЗАПОЧНА ДЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРПЕЈЦА

На отворањето пригодно обраќање имаше заменик – градоначалникот на Охрид, Ристо Николески. -Почитувани вљубеници во трпејчките зајдисонца, добровечер и добредојдовте на уште едно издание „На зајдисонце“ во преубавата Трпејца. Вечерва по десетти пат се собираме да го означиме почетокот на една од најавтентичните културно – забавни манифестации што се одржуваат во руралните средини. Дополнително радоста е поголема оваа година бидејќи се слави еден мал јубилеј 10 успешни изданија и само по себе „На зајдисонце“ прераснува во една традиционална манифестација. Групата ентузијасти која е најзаслужна...

Continue reading

10-то јубилејно издание „На зајдисонце” во Трпејца

Летото се очекува да го прогласи за отворено Ристе Николески, заменик градоначалник на Општина Охрид која е покровител на манифестацијата сите овие години. Манифестацијата по втор пат е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и од други бројни спонзори и помагатели. Во чест на десет годишнината ќе биде прикажан и видео материјал под наслов „Ние на зајдисонце“. Вечерта ќе биде заокружена со концерт на познатите „Силви Бенд“. Следните седум дена трпејчани и гостите ги очекуваат средбите со Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со авторите на Рибарскиот алманах проф. д- р Теон...

Continue reading

(ФОТО) Погледнете ја убавината на Трпејца

Освен прекрасната чиста вода и живописната природа, во ова место има многу повеќе. Кети Ангелоска ни испрати слики од ова атрактивно место за рубриката „Ти си твојот град“, а заедно со нив остави и коментар : –На сликите е прикажана и пештерската црква св. Никола, до која се доаѓа само од езерска страна, како и познатиот манастир Св. Богородица Заумска – Заум, до кој исто така се пристигнува само со чамец. Недопрените приватни плажи меѓу Трпејца и Заум, како и смарагдната боја на езерото во овој дел, само го надополнуваат прекрасното доживување и се рај за очите. Чести посетители...

Continue reading

Трпејца-Македонското СЕН ТРОПЕ

Денес ни пристигна една прекрасна фотографија од едно од најатрактивните туристички места, надалеку познато по својата природна убавина, селото Трпејца кое се наоѓа во околината на Охрид. Недалеку од брегот на Охридскот езеро се наоѓа Трпејца. Поради својата привлечност за туристите и природните убавини на околината, во јавноста ова село е познато и под името македонско Сен Тропе.

Continue reading

Во Трпејца констатирани по една бесправна градба и узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица

Од националниот парк напомнуваат дека се градат бесправни објекти во континуитет. Досега од пристигнатите 471 барање за легализација дале негативни мислења за 10 објекти. За 29 објекти во близина на Трпејца. кои се во постапка на легализација, воопшто немаат добиено барање за мислење од националниот парк, а според нив треба да се срушат бидејќи се во строго заштитена зона. Една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во НП Галичица констатирале во 2020 службите од оваа Национална установа. Андон Бојаџи од НП, напоменува дека во рамките на паркот во континуитет се случуваат бесправни...

Continue reading

РЕКОНСТРУИРАНИ ПУМПНИТЕ СТАНИЦИ ВО ТРПЕЈЦА И ЉУБАНИШТА

Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС„Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“). Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС„Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“). Реконструкцијата е извршена согласно стандардите за водоснабдување...

Continue reading

ВО ТРПЕЈЦА ПО ТРЕТ ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ „УМЕТНИЧКА КОЛОНИЈА“

Здружението „За Трпејца со љубов“ најавува дружба на неколку уметници од Охрид и Скопје. Здружението „За Трпејца со љубов“ најавува дружба на неколку уметници од Охрид и Скопје. – Идејата ни беше како и минатата година и оваа во Трпејца да организираме Меѓународен уметнички камп, но Ковид -19 ни ги смена плановите, сепак не успеа да ја одложи колонијата, таа ќе го задржи континуитетот, вели уметникот Ѓоко Симјаноски, кој по трет пат ќе учествува и годинава ќе раководи со колонијата. Трпејца е повеќе од податливо место за инспирација и уметност, а на листатата на учесници покрај Симјаноски се...

Continue reading

Во понеделник започнува деветтото „На зајдисонце“ во Трпејца

На 20 јули, од 20 и 30 часот, токму на зајдисонце во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе започне новото издание на Културно – забавното лето во Трпејца. Честа да ја отвори манифестацијата со изложба на свои ракотворби – филигран со срма ќе и’ припадне на Дијана Велјаноска од Охрид, која по мајка е од Трпејца. На отворањето, во музичкиот дел со свои хитови ќе настапи познатата македонска естрадна ѕвезда Верица Пандиловска. Следниот ден во вечерниот термин ќе биде промовирана новата книга на Академик Миле Миќуновиќ под наслов „Метафора“ во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top