Ознака: Струга

Новиот статут на Струга предвидува официјализација на албанскиот јазик

Post Views: 8 Официјализација на албанскиот јазик се предвидува во новата нацрт верзија на статут на општина Струга. На последната седница на струшкиот совет нацрт статутот беше ставен на гласање, што предизвика полемика помеѓу коалиционите партнери ДУИ и СДСМ. Од советничката група на СДСМ не потврдуваат дали ќе ја поддржат новата верзија. „Како советничка група ќе ја почекаме јавната расправа која е предвидена согласно законските прописи. Ќе имаме и свои мислења и предлози, во моментот кога ќе се отвори расправа и на седница на совет при донесување на предлог законот СДСМ ќе ги...

Continue reading

Се нормализира состојбата во ОУ „Јосип Броз Тито“ во Струга после поплавата

Post Views: 4 Полека се нормализира состојбата во ОУ „Јосип Броз Тито“, Струга, после поплавата која деновиве се случи во ова училиште. Како што информираа од училиштето, окако некој случајно или намерно заборавил да ги затвори чешмите водата три дена течела низ објектот при што поплавила 8 училници. Директорката на училиштето Наташа Пинтоска Беќароска вели дека ќе бара одговорност. „Се уште утврдуваме од што точно, дали од невнимание или некој сакал да си поигра. Во петокот немаше вода во цела Струга. Најверојатно некој или заборавил или намерно ги оставил чешмите во две училници....

Continue reading

Буџетот на општина Струга тежи 1 милијарда денари

Post Views: 6 Буџетот на општина Струга за 2018 година тежи 1 милијарда денари. Во споредба со 2017 година тој е повисок за 28% . На денешната четврта седница на струшкиот Совет мнозинството го изгласа предлог буџетот за 2018. Во новиот буџет предвидени се 200 000 евра за решавање на проблемот со струшката депонија. А ќе бидат искористени и 200 000 евра од буџетот за 2017 година кои средства ги определи државата за надминување на проблемот со дивата депонија. Градоначалникот Рамиз Мерко оптимист за решавање на проблемот. „Убава вредност на средства со кои ние ќе почнеме еднаш засекогаш...

Continue reading

Во Струга нема да има организиран дочек на Нова година

Post Views: 4 Во Струга нема да има организиран дочек на Нова година на градскиот плоштад. Градските власти одлучија да не трошат пари на музичка програма.  Парите ќе ги пренаменат за потребите на јавните претпријатија. Ваквата одлука е донесена поради пандемијата и кризната состојба во енергетскиот сектор. Туристичките работници сметаат дека градот како туристички центар треба да организира новогодишна забава за привлекување на што поголем број туристи. Сигурно дека локалната власт мора да организира. Не би рекол дека оваа година поради ситуацијата, разбираме за оваа година, но...

Continue reading

Струга, прави напори да го врати пливањето

Post Views: 11 Подобри денови за пливањето во Струга очекува Ацо Ѓуроски, тренерот на ПК. Тој смета дека мора да се врати епитетот на „пливачака Струга“ некогашната лулка на овој спорт. Значењето на пливањето е огромно не само како спорт, туку и во превентивното делување врз деформитетите кои се јавуваат кај децата со рбетниот столб, но огромна е примената на пливањето и за рехабилитацијата појаснува Ѓуроски. „За едно општество најбитен е правилниот развој на децата. Тоа е за подобра иднина на сите. Затоа централната и локалната власт е многу заинтересирана за децата, за нашата иднина...

Continue reading

Дупка покриена со земја на ул. Ристо Крле во Струга опасност за возачите

Post Views: 30 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, Ноно Петрески ни испрати слики на кои се гледа голема дупка покриена со земја на улицата „Ристо Крле“ во Струга која претставува опасност за возачите кои секојдневно минуваат таму. Овој проблем се влечка можеби месеци наназад, на улица „Ристо Крле“ во Струга во централното подрачје во Струга. Пат кој ги спојува Струга и Охрид секојдневно има релација на возила кои се упатуваат Струга-Охрид, баш на улицата „Ристо Крле“ има озонска дупка ископана уште пред 5 месеци и истата не е санирана. Најголем проблем за кој сите молчат,...

Continue reading

Конечно ќе се реконструира затворениот пливачки базен во Струга

Post Views: 30 Ќе се реновира некогашниот затворен пливачки базен во Струга. После едена деценија, за прв пат сигурни сме во намерата на Агенцијата за млади и спорт, која во буџетската програма за 2018 год предвиде средства за обнова на некогашниот репрезентативен објект, вели Ацо Ѓуроски, спортски работник од Струга. Тој пренесува дека во тек била постапката на докомплетирање на потребната документација која општина Струга треба да ја достави до Агенцијата. Ѓуроски истакна дека овој пат голема поддршка имале и од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. „Пред неколку дена и официјално...

Continue reading

Ограбена експозитурата на ТТК банка во Струга?

Post Views: 8 ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека утрово се случил грабеж во експозитурата на ТТК банка на влезот во Струга. Од СВР Охрид сеуште не ја потврдуваат инормацијата. Повеќе информации следуваат во изданијата на дневникот на ТВМ ТелевизијА.

Continue reading

Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана

Post Views: 0 Од Центарот за јавно здравје информираат дека Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана. Објаснуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена. Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга по однос на параметарот матност е нормализирана, односно последните три последователни мерења на 6 мерни места во Струга и околината покажуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена. Во тек е комплетна микробиолоска и хемиска анализа на сите параметри...

Continue reading

Водата во Струга сеуште небезбедна за пиење

Post Views: 6 И вчерашните (19.10.2017 г.) контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мреза во Струга, по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги ивзрши Центар за јавно здравје Охрид (последната вчера-19.10.2017,во 14:15 мин.) покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е сеусте над законски дозволената и прописана вредност. Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга сеуште не е здравствено безбедна за пиење. Состојбата постојано се следи...

Continue reading

Ресул Каба избран е за претседател на Совет на град Струга

Post Views: 17 Ресул Каба избран е за претседател на Совет на град Струга. Денес во оваа општина беше конституиран градскиот Совет. Верификациската комисија на сите 27 советници им ги врачи мандатите врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија. За новоизбраниот претседател на Советот Каба, доверената функција е можност да придонесе за развој, посветла иднина и просперитет на општината. Каба потенцира дека ќе работи во согласност со правилата и деловникот и со целиот свој капацитет за подобар живот на граѓаните на општина Струга, без разлика на политичката, верска,...

Continue reading

Рестрикција на вода во Струга

Post Views: 5 Стружани повторно се соочуваат со проблем околу водоснабдувањето во градот. Тие посочија дека речиси една недела или нема вода или притисокот е слаб. Жителите велат проблемот со водоснабдувањето трае со години и лето и зима како и тоа дека секојдневно бараат од струшката локална самоуправа да изнајде решение, но од таму добивале само празни ветувања. Јонче Докоски, градежен инженер од МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод Струга, вели дека постои проблем, но тоа не е од човек фактор туку од временските услови. Тој кажа дека намалена била издашноста на изворите од кои градот се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top