Ознака: Струга

ОЈО Струга отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Post Views: 0 Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.Обвинителството ќе испитува дали во случајот има кривично дело – Повреда на угледот на странска држава, по член 181 од Кривичниот законик.По наредба на ОЈО, ОВР Струга треба да го утврди идентитетот на сторителот и да ги идентификува и другите присутни на настанот. Исто така, ќе бидат обезбедени и евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат...

Continue reading

Амбасадорката Алтхаузер ја посети општина Струга

Post Views: 1 Во работна посета на општина Струга денес беше германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Таа се сретна со вршителот на должност градоначалник Мустафа Забзун. Повод беше проектот на германската амбасада во детската градинка „Сонце“. „Почитуваната амбасадорка учествува во еден проект на детската градинка во Струга од пред една година. Опремувањето на една просторија во детската градинка заврши успешно. Проектот е завршен и денес се дојдени да го финализираме тоа. Разговаравме за општи теми и за ситуацијата во Република Македонија“, рече Забзун. За жал, во Струга поретко...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Во Струга спроведена сообраќајно-едукативна кампања

Post Views: 1 На 28.12.2020 година на подрачјето на ОВР Струга, спроведена е сообраќајно-едукативна кампања „Безбедно патување во зима”. Притоа, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга на возачите и другите учесници во сообраќајот им поделија едукативен материјал со практични совети за почитување на сообраќајните правила и прописи, за задолжително носење на зимска опрема, почитување на препораките за заштита од Ковид-19 и им посакаа среќни празници – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Еордија во Струга по осми пат

Post Views: 10 Во контекст на обновената традиција за струшката Еордија, која осми пат по ред е збогатена и со присуството на светите мошти на Великомаченикот Георгиј, ктиторската Вечерна богослужба ќе започне на 07 мај во 16:00 ч. во храмот посветен на Св. Вмч. Георгиј Победоносец во Струга, после што ќе следи молитва за ктиторите. На Литијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на својствен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Георгиј како покровител на полициските сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност секогаш се тука да го чуваат мирот...

Continue reading

Ќато: Владата да свика вонредна седница за депонијата во Струга

Post Views: 1 Граѓанската иницијатива за решавање на проблемот со струшката депонија, покрај што ја мобилизира градската власт за надминување на проблемот, укажа и на големата потреба од вклучување и на централната власт. Глигор Ќато, дипломиран правник по професија смета дека постои правна празнина во Законот, поради фактот што нашата земја нема доволно легални депонии. „Во Р. Македонија според моите сознанија имаме само две легални депонии, Дрисла во Скопје и во Русино. Ние прво немаме легални депонии. Тука одма се јавува проблемот на согласности од соодветни министерства, а да...

Continue reading

При крај активностите за поставување на модуларната болница во Струга

Post Views: 0 Во соработка со Министерството за Здравство, Општата болница во Струга постави модуларен Ковид центар. Велешки „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ се фирмите што ги градат модуларните болници во 17 општини низ земјава со нешто помалку од 3 ипол милиони евра земени на заем од Светска банка . Според најавите монтажните болници во Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга треба да бидат готови до крајот на годинава, една чини околу 200000 евра. Од општата болница Струга со апел до граѓаните, да ги почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 и да останат безбедни.

Continue reading

Во Струга најзастапено психичкото насилство

Post Views: 2 Психичкото е најзастапено врз жртвите на семејно насилство во Струга. Податоците кои ги пренесува Александра Лазареска од НВО Езерка Струга покажуваат дека за 2016 година на национално ниво бројот на пријави на жртви на семејно насилство изнесува 1.100. Денес во Струга се одржа работилница на тема „Родово, базирано и семејно насилство врз жените“. „Во изминативе три години жените се повеќе зборуваат за семејното насилство, не се повеќе потиштени како порано да се срамат да кажат дека се жртви на психичко или физичко семејно насилство“ Лазареска открива дека во последно...

Continue reading

Разрешен претседателот на Советот на општина Струга

Post Views: 6 Разрешен претседателот на струшкиот Совет, Абдула Ќазимоски. На негово место како претседавач беше поставен Ристе Ќушкоски. Тоа се случи по предлог дополнување на дневниот ред со точка Разрешување на претседателот на Советот, на денешната седница на Советот на општина Струга, побарана од страна на Муамед Истрефи советникот од ДПА. Абдула Ќазимоски укажа дека со едно вакво предлог барање прекршени биле неколку деловнички прописи согласно статутот на Советот на општина Струга. „За да се одржи координација за денешната седница, одговорот од администрацијата беше дека истата...

Continue reading

Влада: Oпштините Дебрца, Охрид и Струга да ги интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО

Post Views: 4 Владата на Република Северна Македонија последната седница ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017-та година, одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Краков, 2017 и Баку, 2019), и релевантните заклучоци на Владата на Република Северна Македонија за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион и ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за Светско културно и природно наследство на Охридскиот регион, во насока на подобрување на квалитетот...

Continue reading

Продолжуваат вандалските чинови врз јавните добра во Струга

Post Views: 4 Само после еден месец откако се поставени новите корпи за ситен отпад со модерен дизајн вечерва голем дел од нив се откорнати и оштетени по новата чаршија и Ул Маршал Тито, а ѓубрето останува расфрлано по улиците и пешачките патеки. Директорот на ЈП Комунално-Струга Иќмет Ислами изјави дека вработените од работната единица јавна чистота вечерва ќе ја санинираат состојбата но останува срамот на овие вандали за оштетените канти.

Continue reading

Струга влегува на мапата на светските реномирани случувања во дигиталните уметности и бизниси

Post Views: 3 Струга и Македонија влегуваат на мапата на светските реномирани случувања во дигиталните уметности и бизниси. Денес во хотел Дрим Струга започна првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија. Самитот е посветен на свадбената и портрет фотографијата, вели Ангел Ангеловски дел од организациониот тим на продукцијата “Ангеловски фотографи“, кој појасна од каде потекнала идејата за организација на еден ваков голем настан. „Идејата се роди пред 5-6 месрци кога Грег прв пат дојде на работилница во Скопје во Мериот, видовме дека има потенцијал во Македонија и дека вакви...

Continue reading

Новогодишните реквизити во Струга, мета на вандали

Post Views: 3 Се крадат и уништуваат новопоставените реквизити низ Општина Струга. Она што требаше да ги развесели стружани стана мета на вандали кои а уништуваат и крадат опремата од новогодишнто украсување. Од ЈП „Комунално“ со до граѓаните на Град Струга да не ја уништуваат и крадат опремата од новогодишнто украсување, бидејки се ставаат во опасност себеси и другите од струен удар а исто така го уништуваат имотот на граѓаните. Во насока на спречување на понатамошна девастација на јавните добра од, општината со предупредување до граѓаните дека ќе се преземат ригорозни мерки за заштита...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top