Ознака: страна

Ohridsko Ezero

Албанската страна од Охридското Езеро конечно под капата на УНЕСКО

Post Views: 1 Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни...

Continue reading

imunizacija

Одговорите на прашањата за имунизацијата да се бараат од докторите, а не на интернет

Post Views: 4 Антивакциналното движење кое кај нас стана актуелно последиве неколку години не е ништо ново. Ако истото во САД беше актуелно пред 15 години, во Европа пред 10 година последниве две години крена голема прашина и кај нас па дури стигна и пред Уставниот суд на РМ . Медиумите, социјалните мрежи и најразличните дискусии на форумите придонесоа за актуелноста. Родителите благо речено збунети. Бомбардирани со дијаметрално спортивни  информации. Од оние кои се категорично против имунизацијата до информации кои ја објаснуваат и поддржуваат имунизацијата.  Младите родители, одговорите...

Continue reading

trotoar

Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот

Post Views: 2 Maси и столици на тротоарите а пешаците на коловозот.  Ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На овој потег има огромна фрекфенција на  пешаци и автомобили кои се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во угостителски објекти.   Пешаците стравуваат за својата безбедност и се прашуваат како Локалната дозволила поставување урбана опрема на двата тротоари и тоа не само во летниот период туку преку целата година. Од Локалната велат дека  опремата е поставена согласно програмата што се носи за поставување урбана...

Continue reading

свр

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Post Views: 3 Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат максимално...

Continue reading

plaza

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Post Views: 6   Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите. Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се...

Continue reading

Visar Morina

Почнува снимањето на „Татко“

Post Views: 8 Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐ копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото. „Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност...

Continue reading

ezero

И ова лето забрана за скутерите

Post Views: 4 И ова лето забраната за скутерите важи во периодот од 11 до 19 часот. Од охридската капетанија објаснуваат дека во овој временски интервал е најголемата фрекфенцијата на капачи па затоа ќе се воведуваат засилени контроли како не би дошло до некоја несакана незгода. Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и  превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата...

Continue reading

restoran grobista

Ресторанот на гробишта доби нов закупец

Post Views: 2 Ресторанот на охридските градски гробишта издаден на краткотраен закуп за 5 години на ресторан Тино, дознава ТВМ. Оваа информација ја потврди и првиот човек на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски. И покрај изјавата која за ТВМ ја даде  Симоноски кон крајот на месец мај годинава, дека огромен бил интересот за  закуп на ресторанот лоциран кај градските гробишта, сепак на Јавното наддавање кое беше на 17 јуни годинава интерес пројавил само еден наддавач кој целосно ги прифатил условите од огласот и понудил цена од 2050 евра, месечно која е прифатена од страна на ЈП Градски...

Continue reading

sv SOfija

Камена ограда ќе се подига околу Св. Софија

Post Views: 4 Започнуваат подготовките за реконструкција на некогашната ограда околу црквата Св. Софија. Каменорезците веќе на големо работат на делкање камени блокови од кои ќе се гради ѕидот. Камената ограда  ќе биде во должина од 130 метри,  висока 50 цм, а ќе биде надоградена со ковано железо. Каменот се носи од Горна Белица. Нема податоци кога е подигната првичната ограда, но била срушена некаде кон крајот на 70  години од минатиот век. Проектот е на Завод и Музеј  и локалната самоуправа, а финасиите ги обезбедува  Македонската православна црква, ги појаснува проектните зафати...

Continue reading

soobrakajka

Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Требеништа

Post Views: 0 Синоќа неколку минути после полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Требеништа. Во сообраќајната незгода учествувало едно патничко моторно возило, марка мерцедес со швајцарски регистарски таблички. Во возилото биле две лица кои на лице место ги загубиле своите животи.  Според СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога еден од починатите управувајќи го возилото изгубил контрола над возилото, по што возилото удирло на десната страна во заштитниот браник и излетало од коловозната лента. Потоа возилото се срушило...

Continue reading

pisi

Писи – педија, нов софтвер во Охрид

Post Views: 3 За првпат во Македонија се јавува нов софтвер, Писи-педија, кој денес и официјално беше промовиран. Како што изјави Ангел Јанев, еден од основачите на ПИСИ, новиот софтвер има две карактеристики, односно спој на википедија електронската енциклопедија од една страна, со мудл, софтвер наменет за електронско тестирање од друга страна. „Јас се надевам дека овој софтвер ќе биде почеток и повик до сите млади луѓе, морам да кажам дека е производ на образовниот центар ПИСИ и на учениците кои излегоа од тука. Тоа не се веќе ученици тоа се искусни програмери има повеќе од 30 години...

Continue reading

svr Ohrid

Пронајдена марихуана кај двајца скопјани и охриѓанец

Post Views: 7 СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.П.(24) и А.Н.(24) двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“. На 02.08.2014 година од страна на полициски службеници извршен е претрес на ПМВ кое се наоѓало на паркингот на плажата „Немо„ во Охрид, во кое се затекнати В.П., А.Н. и лицето Б.К.(22) од Скопје, а при претресот се пронајдени 10 таблети МДМА,  паковки со 3,61 грам марихуана и еден џоинт во пепелник. Пријавените во месец јули 2013...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top