Ознака: страна

logo

Општина Охрид: Општина Охрид работи транспарентно и отчетно

Post Views: 4 Во врска со денешното соопштение за медиумите на СДСМ- Охрид ја известуваме јавноста дека: Лицето на кое се однесува денешното  соопштението на СДСМ- Охрид е ангажирано во општина Охрид од страна на претходниот градоначалник на работни задачи во Секторот за урбанизам уште од 26.01.2012 г., или  14 месеци  пред преземањето на мандатот од страна на  сегашниот градоначалник Никола Бакрачески, со што недвосмислено паѓаат во вода обвинувањата на СДСМ -Охрид дека сегашното раководство на Општината ангажирало лица врз основа на било каква партиска припадност. На истото лице ...

Continue reading

cinar

Уште една гранка се скрши од охридскиот чинар

Post Views: 16 Тажна слика на плоштадот „Крушевска република“. Пред наши очи пропаѓа единственотно столетно дрво со кое се гордееше градов и охриѓани, а многу туристи токму тука ги овековечуваа миговите поминати при посетата на Охрид. Охридскиот чинар настрада под налетот на невремето што го зафати градов. Уште една гранка се скрши. Од надлежните сеуште молк. Никој ништо не превзема. Граѓаните разочарани од игнорантскиот однос на надлежните кои воопшто не водат сметка за овој споменик на природата. Твм во повеќе наврати пишуваше за овој проблем барајќи кој е надлежен за решавање...

Continue reading

ldp

Блажески:Треба да платам казна за имот кој не е на мое име

Post Views: 1 Продолжува тенденцијата од страна на актуелната власт за пресметка со неистомислениците, реагира  Дејан Блажески претседателот на ОО на ЛДП Охрид. Тој обвинува дека преродбата која ја ветувала ДПМНЕ во Охрид планирале да ја прават со парите од казните на опозиционерите. Додека ја очекувам судската пресуда за наводна клевета кон секретарот на општината Спасески, за што бара 300 000 денари, пред неколку дена од страна на Државната комисија за спречување на корупција, добив прекршочна казна  од 33 000 денари за непријавен имот во мојот имотен лист, кажа Блажески на денешната...

Continue reading

rusenje

На Охридското езеро од албанската страна се рушат хотели на македонската ќе се градат

Post Views: 8 На брегот на Охридското езеро од албанската страна на потегот од Лин кон Поградец се срушени 46 објекти изградени на самиот брег од езерото. Се рушат и легални и нелегални  хотели и угостителски објекти.  Албанската држава издвоила буџет од 5 милиони евра со кој се обештетуваат сопственеиците на легалните  градби, вели Аријан Мероли претставник од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро од Албанска страна. Од другата страна на езерото пак, кое е под заштита на УНЕСКО се планира градење на туристички капацитети, резиденцијални објекти и туристички...

Continue reading

narko centar

Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници

Post Views: 14 Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници Охрид, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за социјална работа и до детската градинка Развигорче.  Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Охрид истакна дека во соработка со општината и градоначалникот Никола Бакрачески работат на изнаоѓање решение за дислокација на овој центар. „Јас и во посетата на Центарот за социјални работи разговарав и со граѓаните кој живеат тука бараме соодветен простор кој што мора да биде во државна или во општинска сопственост. Се надеваме...

Continue reading

vodomer

Пукнати водомери кај многу охриѓани поради ниските температури

Post Views: 6 Водоводната инсталација и водомерните броила не ги издржаа ниските температури. Денес, во нашата редакција, голем број граѓани се пожалија дека им пукнале водоводните броила и пукнати цевки во домовите. Граѓаните велат дека се обиделе да побараат помош од надлежните во МЈП Проаква, но никој не им одговарал на повиците. По многу обиди во сите служби на јавното претпријатие, дознавме дека истите нема да работат дури до четврток, но дека има дежурна екипа која би требало да одговара на повиците и да работи на отстранување на дефекти. Од јавното претријатие, редовно пред...

Continue reading

risto cado

Улицата „Ристо Чадо“ во очајна состојба

Post Views: 6 Ристо Чадо е само една од охридските улици која се наоѓа во очајна состојба. Без тротоари, раскопан, пропаднат и преполн со дупки асфалт, расфрлан отпад насекаде, без улично осветлување, е сликата која најдобро зборува за проблемот со кој се соочуваат жителите од овој дел на градот. Но не само за нив оваа улица е проблематична за одвивање на сообраќајот и сите останати кои не ретко поминуваат по оваа улица за да се вклучат на регионалниот пат за Битола. Како што кажаа жителите, речиси три децении, нивната улица претрпува различни инфраструктурни зафати како што е поставување...

Continue reading

reka

Ќе се анализира загадувањето кое го предизвикуваат реките Сатеска, Велгошка и Коселска

Post Views: 13 Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро. Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со...

Continue reading

Дејан паноски

Еко-дипломатијата на дело

Post Views: 0 На 17.12.2014 година во Приштина се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). На форумот Главни теми се ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа. На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој...

Continue reading

ohridsko ezero

Охридското езеро се загадува кај Поградец, јавуваат албанските медиуми

Post Views: 0 Отпадни води, канализација, фосфати и разни хемикалии се влеваат во водите во Охридското езеро кај Поградец и го загадуваат, јавуваат албанските медиуми. Ваквата состојба се заканува да ја уништи флората и фауната алармираат медиумите од другата страна на езерото. Јавуваат и за високо присуство на фосфати и други загадувачки материи кои се причина  локлансиет власти да реагираат на заканата од уништување на рибниот фонд. Дејан  Паноски од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро  за ваквите јавувања на албанските медуими вели дека треба да се почекаат...

Continue reading

logo

Недела за борба против сидата во Охрид

Post Views: 4 Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото “ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ” со низа активности заедно Ќе го одбележат Црвен крст Охрид, ОпцијаОхрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности: 01.12.2014 г. (12:00ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоШтад(плато Летница)-можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни...

Continue reading

svr

Екс градоначалникот на Охрид заработи нова кривична пријава

Post Views: 4   СВР Охрид покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пријавениот спротивно на законските нормативи вработувал, а тоа го правел без претходно да има соодветни писмени барања од страна на раководителите на сектори и другите организациски единици во рамките на општинската адмистрација. „Пријавениот кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“го направил во периодот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top