Ознака: сојузот

fizicko

Професорите се за зголемување на бројот на часовите по спорт

Post Views: 0 Професорите предлагаат во училиштата зголемување  на бројот на часовите по спорт како спас против деформитетите кај школските деца. Бројот на регистрирани деформитети од проектот спроведен минатата училишна година има поразителни  резултати. Од 504 испитани ученици од сите училишта биле откриени 302 деца со различни деформитети. Професорите по физичко и здравствено воспитание проблемот го лоцираат пред се во начинот на живеење. За да се подобри здравствената слика на школските деца професорите предлагаат родителите повеќе да ги потикнуваат децата на спортување. Проф....

Continue reading

borci

Повеќе настани одбележани во еден ден

Post Views: 3 Одбележан 6 ти септември, денот на формирањето на шестата бригада. Борците и поддржувачите на делата на НОБ од охридско-струшкиот и регионот на Дебрца, денес во простории Сојузот на борците во Охрид се собраа за потсетат на неколку значајни денови од историјата на Македонија, со посебен осврт на формирањето на шестата бригада. Никола Стефаноски потпретседателот на Сојузот на борците, потсети дека не треба да се забораваат и секогаш треба да се одбележуваат настаните каде се втемелени бројни жртви. „Ние со посебен пиетет се однесуваме во одбележување на овие настани пред...

Continue reading

mobing

Мобери внимавајте

Post Views: 6 Пет до седум илјади евра казна за моберите. Ова го предвидува предлог-законот за заштита од мобинг кој го подготви Сојузот на синдикати на Македонија.Овој предлог закон во наредниот период ќе биде предаден на економско-социјалниот совет и до Владата на Македонија за да биде ставен во процедура. Потребата од едена ваков закон се јави затоа што се поголем е бројот на работниците врз кои се врши мобинг. Според податоците добиени од последната анкета спроведена од Сојузот на синдикати на Македонија 40 отсто од испитаните работници во Македонија, се незадоволни од она што...

Continue reading

dijabet karavan

Караванот „За здравје се потребни двајца“ пристигна во Охрид

Post Views: 1 Караванот за бесплатни совети и мерење на шекер во крвта во Охрид. Под мотото „За здравје се потребни двајца“, оваа акција организирана од страна на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Министерството за здравство, предизвика огромен интерес, не само кај пациентите со дијабетис туку и кај останатите граѓани. Идејата на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, е да се преземе една  поопсежна акција,  со која што не само ќе се мери шеќер, туку ќе се изврши целосен преглед на дијабетичарите, вели Прим Д-р Др. Аврам Ванкоски -Претседател на Сојузот...

Continue reading

izvidnici

Најдобрите извидници од Македонија, во Охрид

Post Views: 31 Најдобрите извидници ги покажаа своите знаења и вештини. Во периодот од 08 до 11.10. 2011, Сојузот на извидници на Македонија во Охрид, го одржа својот седумнаесетти Републички извиднички ориентационен натпревар (Р.И.О.Н.).Победници беа сите, но најдобри се само неколку. Тие задоволството од признанието за постигнатите вештини и знаења, тешко можеа да го сокријат. „Во генерален пласман го освоивме првото место, и ова ни е трета година како го оссвојуваме пехарот, и се надевам дека и наредните години ќе го освојуваме, за да остане засекогаш во нашиот одред, изјави најдобрата...

Continue reading

tribina

Посебен суд за работнички спорови

Post Views: 0 Како до мирно решавање на работните спорови? Целта на денешната трибина на Сојузот на синдикатите на Македонија беше да одговори токму на ова прашање. Заштитата на работничките права и брзото и ефикасно решавање на работните спорови сеуште не го нашле своето место во Македонија, но во иднина треба да се обрне што поголемо внимание во таа насока-вели судијата Богоја Стрезоски.Посебни одделенија за решавање на работните спорови-вака функционираат работите во македонското судство. Иако одделенијата добро функционираат, експертите советуваат формирање на посебни судови...

Continue reading

rubin zemon

Египќаните на протест

Post Views: 6 Апсолутна дискриминација. Египќаните не отстапуваат од своето барање, нивна застапеност во пописната комисија за престојниот пописен процес, кој треба да се случи април годинава. Рубин Земон, претседателот на Сојузот на балканските Египќани рече дека египќаните секогаш биле лојални граѓани на Р. Македонија и го дале својот конструктивен придонес во градењето на македонското општество. Земон кажа што досега презеле кај високите државни институции за да се согледаат нивните барања. Сојузот на балканските Египќани, Здружението на египќани на Македонија и Здружението за...

Continue reading

donacija

Нова соработка помеѓу Лајонс клубот-Охрид и Сојузот на лица со оштетен вид

Post Views: 1 Продолжува успешната соработка помеѓу Лајонсите и Сојузот на лица со оштетен вид. Минатата година беа реновирани просториите на седиштето на овој сојуз, а оваа година нова донација. Со досега собраните средства се набавени апарати за домаќинство, кои им беа поделени на членовите на ова здружение. Покрај оваа донација, во тек е изработка на звучна компјутерска програма, која во голема мера ќе им ја олесни комуникацијата на овие лица и ќе придонесе во нивна поголема социјализација. Вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“, голем хуманитарен концерт, чии средства...

Continue reading

ssm kongres

Живко Митрески избран за претседател на ССМ

Post Views: 7 ССМ во Охрид денеска го одржаа на 18-от Конгрес. Досегашниот вршител на должноста претседател, Живко Митрески, е избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ. За него гласаа сите 99 присутни кандидати од вкупно 120 колку што го сочинуваат синдикатот. Во своето обраќање на конгресот, претседателот на ССМ, Живко Митревски истакна дека пред синдикатот е период на консолидација, надминување на внатрешните проблеми  и подобрување на стандардот на  работниците, кој во период на економска криза е на ниско ниво. „Самото присуство на поголем број на...

Continue reading

borci

Регионална средба на борците

Post Views: 0 Во организација на Сојузот на борците на Охрид, денес се одржа регионална средба на Општинските одбори на Струга, Охрид, Кичево, Дебар и Македонски Брод. Претседателот на охридскиот сојуз Гоце Ѓеоргиески потенцира дека средбите од ваков карактер се мошне значајни, поради фактот што делата на НОБ никогаш не треба да се минимизираат. Тој додаде дека НОБ е најзначајниот период во историјата на Македонија. Претседателот на Сојузот на борците на централно ниво Генерал Тодор Атанасоски, потенцира дека мисијата на организацијата на борците од НОБ е јасна и во рамките на тоа...

Continue reading

11 Oktomvri

Свеченост по повод празникот

Post Views: 0 Не смее да ги заборавиме хероите чии што животи се созидани во денешната слобода. Денес во општина Охрид се одржа свеченост по повод 11 октомври денот на востанието на македонскиот народ и 30 годишнината од смртта на Петре Пирузе – Мајски. Претседателот на Охридскиот Сојуз на борците од НОАВМ (1941-1945) и граѓаните продолжувачи на општините Охрид и Дебрца, Гоце Ѓоргиески се обрати до присутните со честитки по повод денот.Потпретседателот на Општинската организација на борците од НОАВМ Никола Стефаноски, во рамките на одбележувањето на двата настани, рече дека неможе...

Continue reading

den na mirot

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Post Views: 9 Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top