Живко Митрески избран за претседател на ССМ

ССМ во Охрид денеска го одржаа на 18-от Конгрес. Досегашниот вршител на должноста претседател, Живко Митрески, е избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ. За него гласаа сите 99 присутни кандидати од вкупно 120 колку што го сочинуваат синдикатот.

 |  Татјана Маленкова  | 
ssm kongres
ССМ конгрес

ssm kongresССМ во Охрид денеска го одржаа на 18-от Конгрес. Досегашниот вршител на должноста претседател, Живко Митрески, е избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ. За него гласаа сите 99 присутни кандидати од вкупно 120 колку што го сочинуваат синдикатот.

Во своето обраќање на конгресот, претседателот на ССМ, Живко Митревски истакна дека пред синдикатот е период на консолидација, надминување на внатрешните проблеми  и подобрување на стандардот на  работниците, кој во период на економска криза е на ниско ниво.

„Самото присуство на поголем број на најрелевантни претставници на европската конфедерација на синдикати како и голем број на други братски синдикати вклучително и социјалните партнери зборува дека за релативно краток период сојузот си ја врати довербата и во рамки на државни рамки на Р Македонија но и довербата на европската и светската кофедерација на синдикати. Приоритетот во нашето делување е промена во начинот на работа. Нашата идеја е со формирањето на економско социјалниот совет е превентивно да делуваме, нашата идеја е во Р Македонија да имплементираме принципи со соодлучување каде работниците при формирањето на советите ќе влегуваат во свера на одлучување при управувањето. Влегуваме во реформи во формирање на нови дополнителни фодови, нови видови на социјални осигурувања досега нетипични. Имаме намера да воведуваме дополнителни социјални осигурувања за време на невработеност како и дополнително здравствено осигуруавање. Новини сакаме да воведеме и во делот на отворање нови фондови со средства за протести и штрајкови како и доплонително социјална изградба на нашите работници“, истакна Митревски.

Спротивно на овие тврдења Забелешки на изборот на Митревски искажа Драге Јовановски, чија кандидатура за претседател на синдикатот не беше прифатена поради неисполнување на статутарни одредби. Јованоски на кого не му беше дозволен влез на конгресот истакна дека има пропуст во постапката за избор на претседател на ССМ, за што тој вложил приговор кој делегатите на конгресот не го разгледаа.

Јовановски тврди дека се обидел да влези во хотелот и да присуствува на конгресот но бил спречен од обезбедувањето.

Инаку на  конгресот во Охрид присуствуваа претставнцици на 16 гранкови синдикати на ССМ, како и голем број гости од земјата и странство.Конгресот е највисок орган на ССМ и се одржува еднаш на 5 години.Одлука за одржување на Конгрес донесува Советот на ССМ најмалку 2 месеца пред неговото одржување и предлага дневен ред.Конгресот го сочинуваат делегати избрани од синдикатите и делегати по функција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top