Свеченост по повод празникот

Денес одбележани два историски настани. 11 октомври денот на востанието на македонскиот народ и 30 годишнината од смртта на Петре Пирузе – Мајски.

 |  Билјана Николовска  | 
11 Oktomvri
11 октомври

svecenostНе смее да ги заборавиме хероите чии што животи се созидани во денешната слобода. Денес во општина Охрид се одржа свеченост по повод 11 октомври денот на востанието на македонскиот народ и 30 годишнината од смртта на Петре Пирузе – Мајски. Претседателот на Охридскиот Сојуз на борците од НОАВМ (1941-1945) и граѓаните продолжувачи на општините Охрид и Дебрца, Гоце Ѓоргиески се обрати до присутните со честитки по повод денот.
Потпретседателот на Општинската организација на борците од НОАВМ Никола Стефаноски, во рамките на одбележувањето на двата настани, рече дека неможе да се покријат фактите за македонските борци востаници. Стефаноски изјави дека време е Власта барем еднаш да се сети на спомен обележјата на паднатите борци кои во денешно време биле мета на искривената неморална свест на хулиганите.
За животот и делото на Петре Пирузе – Мајски, говореше Проф. Др. Павле Митрески. Митрески истакна дека чест е да се говори за Пирузе посебно во свечените пригоди. Тој рече дека проучувајќи го неговото револуционерно дело се сретнал со бројни документи и докази кои зборувале дека се работи за голем човек.
На дел од членовите на Сојузот на борците им беа врачени републички признанија и благодарници од страна на претседателот на Општинската организација на сојузот на борците г-динот Гоце Ѓоргиески. Свеченоста ја збогати и хорот при ОСУ “Св.Климент Охридски “, младата Миланка Новеска како и ученици од ОМУ „ Методи Патче “    
Делегациите на Локалната самоуправа, Советот на општина Охрид, Сојузот на борците и здруженијата на граѓани на 11 Октомври во 10 часот ќе положат свежо цвеќе на спомен обележјата од НОБ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top