Ознака: слават

Католиците утре го слават Христовото Воскресение

Post Views: 1   Католиците утре го слават најголемиот христијански празник Велигден. Според календарот на католичката црква денес е Велика Сабота, ден пред Христовото воскресение. Отец Оливер од охридската католичка црква истакна дека денес е крајот на 40 дневниот велигденски период, кој се состоел од пост и молитва се со цел дочек и прослава на Воскресението Христово. „Овој период имавме т. н вазмено тридневие кое се состоеше од Велики четврток, петок и денес го крунисуваме ова тродневие со воскресната света литургија која што ќе биде врвот на целиот тој период кој што имаше за...

Continue reading

teodor tiron

Православните верници денес го слават светиот маченик Теодор-„Тодорова сабота“

Post Views: 6 Православните христијани денес го слават големиот празник посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон меѓу народот познат како „Тодорова сабота“. Првата сабота од великиот пост во очи столбот на православието, Велигден, денот на христовото воскресение е посветена токму на маченикот Теодор односно чудото кое Бог одлучил преку него да го направи. Отец Димче Азески, од црквата Св.Богородица Каменско, раскажа за историските околности кои вели дека го потврдуваат настанот кој денес се празнува. Имено царот Јулијан Отстапникот сакајќи да ги спречи верниците да се причестат,...

Continue reading

Православните христијани денес го слават Св.Наум Охридски-Чудотворец

Post Views: 5 Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј. За животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат...

Continue reading

bozik

Православните христијани го слават Христовото раѓање

Post Views: 2 Христос се роди-Навистина се роди! Вака утринава се ширеше радосната вест за христовото раѓање во охридските православни храмови. Денес православието го слави најсветлиот ден, раѓањето на спасителот Исус Христос. Верниците побрзаа во храмовите најпрво да ја чујат светата архиерејска литургија, да се помолат за здравје, радост и бериќет. Ги запрашавме верниците како тие со своите семејства ќе го одбележат овој најсветол ден во православието. „Како и сите православни во Македонија, така и ние, радосно, весело, со фамилијата, со пријателите, со роднините, традиционално.“ „Како...

Continue reading

Денеска се слават светите маченици Козма и Дамјан

Post Views: 1 Светите Кузман и Дамјан биле лекари, бесребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Азија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцелување на разни болести и како што тој дар го добиле бесплатно и самите бесплатно ги лечеле луѓето, па затоа и луѓето им го дале името бесребреници. Едни од оние кои што се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува...

Continue reading

Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар – Петровден

Post Views: 8 Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости. Празникот е познат кај народот како Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера....

Continue reading

Власите насекаде во светот денес слават

Post Views: 1   Власите насекаде во светот, денес слават. 23-ти мај е Национален ден на Власите, кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пат ги признал Власите како посебен народ, со документ во кој им дава право да го користат својот мајчин јазик, да организираат школи на влашки јазик  да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик, како што изјави Драги Коровешкски претседател на здружението „Луниња“. „Многу често се поставува прашањето на што се должи во тој момент признавањето на власите. Најверојатно...

Continue reading

dzamija

Честит Рамазан Бајрам

Post Views: 6 Денес муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни празници во исламот. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.Денес, припадниците на муслиманската вероисповест го слават Рамазан Бајрам. Ова е празник кога богатите муслимани помагаат на сиромашните, кога во кругот на семејството меѓусебно си посветуваат внимание и благодет, во заеднички молитви, си ги простуваат грешките и се радуваат на убавината...

Continue reading

veligdenski hepening

Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 1 Во очи на големиот христијански празник Велигден во холот на ОУ „Христо Узунов“, традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се оджа Велигденски продажен хепенинг.  Штандовите односно училишните клупи шаренеа од убавите детски изработки, малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Насекаде во холот на училиштето беше разлеана детската насмевка, детскиот џагор, и сите беа горди на се она што заедно го сработиле. Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите, вели Тони Симоноски...

Continue reading

Охриѓани го слават својот чудотворец Св. Еразмо

Post Views: 4 Од Дебарско-Кичевската епархија упатуваат апел до сите верници кои ќе присуствуваат на богослужбата и кои ќе го посетат манастирот деновиве, да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Меѓу охридските чудотворци, свети Климент и свети Наум, почесно место му припаѓа на свети Еразмо. Свети Еразмо бил роден во Антиохија (Сирија). Точно кога бил роден не се знае, но живеел во времето на најсуровите противници на христијанството – царевите Диоклецијан (284-305) и Максимијан (286-305) т.е. пред официјалното признавање на христијанството од цар Константин (312). Како...

Continue reading

Божик

Православните охриѓани го слават Божиќ

Post Views: 1 Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги  посетија  верските храмови, запалија свеќи и со молитва  посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските. Отец  Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.   „Овој  празник е најголема  радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од ропството, ...

Continue reading

vino i rozi

Православните го слават Св. Трифун, католиците Св.Валентин

Post Views: 0 Православните верници денеска го прославуваат Св. Трифун – заштитникот на лозјата и овошките. Лозарите традиционално го одбележуваат овој празник, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино.На овој ден се попрскуваат лозјата со светена вода и се поткаструваат се уште незапупените гранчиња со што се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме. На овој ден, пак, католичките верници го слават Св. Валентин – Денот на вљубените, празник што станува се популарен и кај нас. Вљубените...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top