Post Views: 3
Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои често пати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Пред летната сезона Телевизија ТВМ, за овој проблем, го контактираше Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа. Од таму не информираа дека проблемот ќе се обидат да го решат со воведувањето на летниот режим на сообраќај и дополнителна патна сигнализација. За воља на вистината, со...
Post Views: 3
СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица Е.С.(59), раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш.(48) советник во Сектор за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало...
Post Views: 6
Ќе се пишува монографија за Охрид. Тоа ќе биде еден репрезентативен примерок за историјата на градов. Во книгата ќе бидат опфатени сите значајни настани, личности, културно-историски објекти, археолошки локалитети и природни убавини или со еден збор се она што му дава белег на градов. Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид, односно на Секторот за Туризам и локален економски развој.
-Во моментов сме во фаза на избор на стручни лица кои ќе работат на оваа монографија и веднаш штом ќе завршиме со тој избор пристапуваме кон процес на нејзина...
Post Views: 3
Само 5 инфо пултови се функционални од вкупно 10 колку што има набавено Општина Охрид. Два се целосно вон употреба, еден на влезот од градот кај туристичкото биро и еден кај автобуската станица. Нов инфо пулт ќе се постави кај Долна порта а за уште два се размислува за најсоодветна локација. Во моментов домашните и странските туристи можат на дигитален начин и од улица да го изберат објектот каде што ќе се сместат, да ги видат содржините на градот, како и да погледнат кои културно историски споменици можат да ги посетат преку Инфо пултовите пред општинскта зграда, пред...
Post Views: 6
Изградбата на современата пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк, доцни. Иако од страна на Локалната беше најавено дека веднаш по парламентарните избори кои се одржаа во месец април ќе биде распишан тендер на кој ќе се бара најдобриот изведувач за овој градежен зафат, постапката не е ни започната. Од проектираната должина на патеката од 1390 метри, само мал дел или поточно 200 метри треба да се уредат со средства од ИПА фондовите а останатите со средства од Локалната. Од секторот ТЛЕР објаснуваат дека работите закочиле кај европските...
Post Views: 17
Деновиве, екипи на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид во координација со екипи на јавните претпријатија “Охридски комуналец“ и “Нискоградба“ со помош на стручни лица и механизација го воведуваат летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид.
Со жардинјери се ограничува просторот на улицата “Кеј Маршал Тито“ којa во оваа летна туристичка сезона ќе биде вистинско шеталиште. Се поставува и соодветна вертикална сигнализација која укажува на летниот режим на сообраќај и одредбите кои произлегуваат од него а се обврзани да ги почитуваат...
Post Views: 5
Општина Охрид и Секторот за туризам и локален економски развој, издадоа флаер со корисни информации за туристите во врска со нивниот престој во Охрид.
Флаерот содржи информации за правата и обврските на туристите како и информации за нивен побезбеден престој. Флаерот е испечатен на два јазика, македонски и англиски.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Второ, „Бело лето“ во Охрид. Оваа манифестација која е во организација на локалната самоуправа од Охрид и секторот за туризам и локален економски развој ќе трае три дена во кои угостителските објекти во градов ќе имаат продолжено работно време и попуст на услугите кои ги нудат. Минатата година, од секторот за тлер се пофалија на голем одзив за учество во манифестацијата од околу 90ина угостителски објекти, но годинава не кажаа конкретна бројка ниту пак колку се задоволни од одзибжвот на угостителскиот еснаф . Манифестацијата „Бело лето“ годинава се одржува по втор пат,...
Post Views: 0
Како еден турист да стигне до Билјанини извори? Ова не е наградно прашање туку прашање кое си го поставуваат туристите, но и охриѓани кои често го посетуваат ова место кое е едно од обележјата на градот. Нема патокази, нема ниту некоја табла која ќе асоцира дека натаму води патот до изворите каде Билјана го белела своето платно.
–Јас многу често доаѓам овде и секогаш доаѓајќи си размислувам како еден турист би стигнал до Билјанините извори. Срамота е за градот за едно вака значајно место да нема никакво обележје, вели една наша сограѓанка.
–Ова е уште еден...
Post Views: 1
Дел од улицата „Коста Абраш“ повторно преполна со паркирани автомобили. Оваа тесна уличка која ги поврзува улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, години наназад, особено во текот на летната туристичка сезона е практично непроодна од сите паркирани автомобили и од едната и од другата страна.
Таква слика нашата камера регистираше и денес.
Жителите од стар град кои токму тука треба да поминат со своите автомобили, постојано се соочуваат со проблемот на тесно грло. Тие бараат присуство на сообраќајната полиција која ќе воведе ред и ќе ги санкционира непрописно паркираните....
Post Views: 1
Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.
Во меркатa 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште,...
Post Views: 1
Набрзо ќе почне изградбата на новиот модерен туристички инфо центар, најавува Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР. Проектот бил добиен од ИПА програмата со Р. Грција. Апостолов вели дека заедно со Локалната самоуправа од Охрид ќе направат напори и веќе постоечкиот инфо центар на влезот од градот да го стават во функција.
„Паралелно се работи и на ставање во функција и на туристичкиот инфо центар на влезот во Охрид за кој што е предвиден и посебен сообраќаен пристап бидејќи сметаме дека сегашната локација на влезот односно пристапот не соодветствува на локацијата на тој...