Инфо пултовите во Охрид често се расипуваат

Инфо пултовите во градов често се расипуваат. Од секторот за ТЛЕР велат дека редовно ги сервисираат, но и тоа, дека вршат анализи, со цел да ја откријат вистинската причина, поради честите дефекти.

 |  Николоска Биљана  | 
info pult
инфо пулт

info pultСамо 5 инфо пултови се функционални од вкупно 10 колку што има набавено Општина Охрид. Два се целосно вон употреба, еден на влезот од градот кај туристичкото биро и еден кај автобуската станица. Нов инфо пулт ќе се постави кај Долна порта а за уште два се размислува за најсоодветна локација. Во моментов домашните и странските туристи  можат на дигитален начин и од улица да го изберат објектот каде што ќе се сместат, да ги видат содржините на градот, како и да погледнат кои културно историски споменици можат да ги посетат преку Инфо пултовите пред општинскта зграда, пред градскиот плоштад, кај стариот чинар,  пред кафе барот Објектив и пред влезот на црквата Св. Софија. За нецели 3 години откако се набавени и поставени инфо пултовите се почесто расипани отколку функционални.На ваквата појава неодамна укажа и советничката Верица Хајба.

info pult„Недозволливо е да се фалиме со еден инфо пулт дека го оддржуваме го поставуваме а пред самата општина да ни дава погрешни информации и да не работи. Ова е едно укажување да си проверат службите што имаат пред самата општина“ – вели Хајба.

Ѓоко Апостолов од секторот за ТЛЕР, нагласува дека сосема на место била забелешката на советничката Хајба. Тој признава дека станува збор за хардверска грешка која настанува при прекин на електрична енергија. Апостолов признава дека инфо пултовите често се расипуваат и дека стручните лица од Локалната Самоуправа секојдневно работат на отстранување на таквите проблеми.

„Јас не сум стручњак за информатичка технлогија меѓутоа и лаик може да забележи дека многу често се расипуваат односно остануваат во дефекти, која е причината дали тоа се должи на софтверскиот, хардверскиот дел не можам да кажам ние тоа го анализираме и факт е дека многу често се расипуваат дали во однос на техничката исправност на самиот тач скрин, значи во харвердскиот дел, дали софтверскиот дел е иницијатор да доведе до некое ресетирање на системот потоа да не може да се подигне самиот систем вршимеgoko анализи не можам во моментов да ви кажам меѓутоа можам да кажам дека се случува многу често да стојат вон функција што сметам дека за квалитетен хардвер и софтвер е недопусливо да имаме такви чести прекини“ – нагласува Апостолов.

Апостолов категоричен дека сервисирањето на инфо пултовите не претставува голем товар на општина Охрид, а оправданоста за тоа ја гледа во тоа што истите мора да бидат во функција поради потребите на туристите и објавувањето на информациите од знаменитостите на градот и понудите на угостителите. Апостолов информира дека ажурирањето на податоците се врши редовно исклучиво од страна на стручни лица во општина Охрид. Исто така тој нагласи дека сите заинтересирани лица кои се регистрирани и уредно пријавени како станоиздавачи можат во секое време со потполнување на образец да се обратат во секторот, со цел јавно да биде презентирана нивната понуда на тач скриновите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top