Како еден турист да стигне до Билјанини извори

Туристите незнаат како да стигнат до Билјанините извори. Нема патокази нема ниту информативна табла, а Локалната по се изгледа нема ниту намера за брзо време да постави.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vlez biljahnini
влез билјанини

Како еден турист да стигне до Билјанини извори? Ова не е наградно прашање туку прашање кое си го поставуваат туристите, но и охриѓани кои често го посетуваат ова место кое е едно од обележјата на градот. Нема патокази, нема ниту некоја табла која ќе асоцира дека натаму води патот до изворите каде Билјана го белела своето платно.влез билјанини

Јас многу често доаѓам овде и секогаш доаѓајќи си размислувам како еден турист би стигнал до Билјанините извори. Срамота е за градот за едно вака значајно место да нема никакво обележје, вели една наша сограѓанка.

Ова е уште еден доказ за нашата негрижа за значајните места во градов, вели друга охриѓанка.

Па не е голема инвестиција за еден град да постави информативни табли. Јас не разбирам како сакаат да развиваме туризам, се чуди еден наш сограѓанин.biljanini izvori

Покрај тоа што влезот кој води према изворите не е обележан тој е запуштен и обраснат со трева. Навистина една глетка која воопшто не е репрезентативна. Граѓаните кои коментираа зад нашата камера рекоа дека откога туристите ќе се изнамачат да ги најдат изворите и кога ќе стигнат до нив просто не им се верува дека дошле на вистинското место па повеќе пати препрашуваат дали навистина тоа се Билјанините извори. И додека другите туристички градови во светот измислуиваат приказни за да привлечат гости ние не правиме ништо приказната за Билјана да ја слушне и види светот затоа што е скриена од очите на јавноста. Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека во минатото се превземале некакви иницијативи за поставување на патокази и информативни табли на значајни локалитети во градов, но сите решенија се носеле ат хок и набрзина без при тоа да се води сметка за визуелниот изглед на истите.

Ни престои еден процес на визуелизација и стандардизација на таквите табли бидејќи сметаме дека во Охрид не може да биде поставен било каков знак или информативна табла и тие треба да бидат поставени по некој план и логика, рече Горан Миоцкоски, виш соработник во секторот за ТЛЕР.горан мицкоски

Мицкоски вели дека имале успешна соработка со Центарот за развој на југозападниот  плански регион кој преку бирото за регионален  развој и  нивните годишни проекти исфинансирал  изработка на еден вид на информативни табли кои преку Секторот за комунален развој биле поставени на неколку места. Тој проект продолжува, потенцира Мицкоски. Но, од ТЛЕР ништо конкретно не кажаа за обележувањето на  Билјанините извори. По се изгледа туристите и понатаму ќе мора сами да се снаоѓаат за да стигнат до ова атрактивно место, а ќе го видат само најупорните кои нема да го жалат своето скапоцено слободно време за да се распрашуваат како да стигнат до таму.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top