Спојката помеѓу улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ повторно тесно грло

Од СВР Охрид велат дека делат писмени и усни предупредувања до прекршителите, а од Секторот за сообраќај при локалната пак, најавуваат решение со стапувањето во сила на летниот режим на сообраќај.

 |  Мишел Наумоски  | 
abras koli
абраш коли

Дел од улицата „Коста Абраш“ повторно преполна со паркирани автомобили. Оваа тесна уличка која ги поврзува улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, години наназад, особено во текот на летната туристичка сезона е практично непроодна од сите паркирани автомобили и од едната и од другата страна.

parkirani koliТаква слика нашата камера регистираше и денес.

Жителите од стар град кои токму тука треба да поминат со своите автомобили, постојано се соочуваат со проблемот на тесно грло. Тие бараат присуство на сообраќајната полиција која ќе воведе ред и ќе ги санкционира непрописно паркираните. Од Секторот за внатрешни работи пак велат дека во неколку наврати и во координација со службите од локалната самоуправа извршиле увид на оваа локација и забележале непочитување на сообраќаните правила од некои учесници во сообраќајот. Портпаролот, Стефан Димоски вели дека  овој проблем го решаваат со издавање писмени и усни предупредувања, но без изрекување на казни.

kosta abras tesno grloГи контактиравме и службите при Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа. Од таму признаваат дека во овој дел се соочуваат со проблеми со непрописно паркирани возила. Тие велат дека проблемот ќе се обидат да го решат со изготвувањето на сообраќајното решение за летниот режим на сообраќај и во координација со сообраќајната полиција. Не можеа со сигурност да кажат на каков начин ќе се реши овој проблем, односно дали таму ќе постават знак за забрането паркирање, кој во моментот го нема, или пак некое друго решение. Како со новиот летен режим на сообраќај надлежните од локалната ќе го решаваат проблемот останува да видиме.

Во меѓувреме апелот на граѓаните за поголемо присуство на сообраќајната полиција на овој потег треба да стигне до СВР. И можеби е време место превентивно да се почне со пишување казни, бидејќи по некое непишано правило кај прекршителите на сообраќајните прописи подобро делува кога ќе ги удрите по џебот отколку опомената.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top