Ознака: самоуправа

касарна

Општина Охрид сеуште не добила дел од касарната

Post Views: 0 Во охридската касарна нема конкретни зафати, а просторот од ден на ден  пропаѓа. Иако пред една година од локалната самоуправа, од секторт за урбанизам, беше  презентирано  урбанистичко  планско решение каде што беа највувани изградба на станбено- деловен комплекс, црква, спортски терени , пробивање на улица, досега на терен не е започната конкретна реализација. ТВМ се  обиде да дознае во која фаза е  владиниот проект со кој  касарната треба да се пренамени со нови содржини во насока на поголем економски развој на општината.  Од Министерството за одбрана со писмен допис...

Continue reading

proakva

Локалната самоуправа исправена пред избор од две зла помалото

Post Views: 2   Општина Охрид  бара начин како да ги подобри условите за давање под концесија на Проаква кои претходната локална власт ги прецизирала во пред договорот со шпанскиот конзорциум Аквалија. Ова денес го потврди охридскиот градоначалник кој пред два дена на седница на Совет  како одговор  на советничко прашање ги обелодени, како што кажа штетните услови од пред договорот, со кој  ќе бидат оштетни локланата самоуправа,  охриѓани, стужани и   јавните претпријатија .  Во пред договорот 4 точки се крајно  штетни, напоменува Бакрачески. Во делот на правата на Аквалија  стои...

Continue reading

sirena

Малото пристаниште наспроти Палас продолжува да пропаѓа

Post Views: 5 Локалната самоуправа не најде решение за малото пристаниште пред хотел Палас. Иако пред една година од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа имаше најава дека ќе го средуваат потегот на овај дел од крајбрежјето,  тоа не се реализира. ТВМ оваа тема ја  отвори на 7 јуни 2013 година и посочи на фактот дека пристаништето се распаѓа од ден на  ден пред очите на надлежните, а за тоа никој не реагира.Од локалната кажаа  дека за крајбрежјето е валиден  деталниот урбанистички план  донесен на 22 мај 2001 год.Според планот на тој простор стои истата маркица – пристаниште. ...

Continue reading

kavaeva

Ќе се уреди вечното почивалиште на Д-р Елена Kаваева

Post Views: 6 Охрид се одолжува на д-р Елена Каваева. Нејзиното вечно почивалиште доби старател, односно Локалната самоуправа на општина Охрид. Истовремено ЈП „Градски Гробишта“ со средства од нивниот буџет, веќе отпочна со средување на нејзиното гробно место, како што изјави првиот човек на ЈП Зоран Симоноски. „Ние пред неколку дена добивме барање за постапување од Локалната самоуправа односно од градоначалникот Бакрачески, по кое што барање ќе постапиме тоа барање е поткрепено со одлука за преземање на старатрелството на вечното почивалиште на Др Елена Каваева. Старателството врз...

Continue reading

мост

Во Охрид отстранети 23 времени објекти

Post Views: 1 Локалната самоуправа продолжува да ги отстранува времените објекти. Како што дознаваме досега се отстранети 23 киосци. Инаку, уште на 10 јули сопствениците на  107-  времени објекти добија решенија за клуч на врата и отстранување на поставените објекти. Локалната  самоуправа ваквиот потег го правдаше со нивно неплаќање  на давачките кон општината и руинираниот изглед, но попушти пред барањето на сопствениците и им дозволи објектите да работат до завршување на летната сезона. Тогаш сопствениците на  времените објекти кажуваа  дека тие не се виновни за состојбите туку...

Continue reading

школо

Основците од Коњско се вратија во училишните клупи

Post Views: 1 Падот на наталитетот создава проблеми во наставниот процес во приградските училишта. Денес основците од подрачното училиште Св.Наум Охридски во Коњско се вратија на настава по вчерашниот бојкот. Родителите  вчера оствариле средба со директорот на училиштето, Илија Стојаноски од кого побарале нивните деца во 1, 2 и 3 одделение да не учат во комбинирани паралелки. Во подрачното училиште во Коњско учат вкупно  35 ученици  од 1 до 5 одделение. Заедно наставата од 1- во  до 3-то одделение во една училница ја следат 19 деца со еден наставник. Додека 4 и 5 одделение ги води...

Continue reading

gerijatrija

Изградба на нов кат на геријатрија за спас од лошите услови за пациентите

Post Views: 1 Проширување на геријатриското одделение за подобрување на условите за престој на пациентите. Ова е желбата и планот на раководството на Општата болница од Охрид во чии рамки функционира ова одделение. Директорот на Општата болница, д-р Љубен Арнаудов вели дека тие имаат изработено план со цел да се реши повеќегодишниот проблем, а кој вклучува изградба на уште еден кат над постоечката зграда. Според д-р Арнаудов, архитектонските капацитети на зградата даваат можности за вакво решение. Целта според него, е да се изградат современи соби во кои ќе има по два кревети, односно...

Continue reading

maraton

Се договараат последните детали околу 28от Охридски пливачки маратон

Post Views: 5 Се договараат последните детали пред почетокот на 28от Охридски пливачки маратон. Организаторите од Пливачката федерација на Македонија, во процесот на подготовка на годинешното издание на оваа наша значајна спортска манифестација добива и логистичка, но и финансиска поддршка од Локалната самоуправа од Охрид. Секретарот на општината, Димитар Спасески не информираше дека е формирано Координативно тело кое постојано работи со цел годинава да имаме добро организиран маратон. Координативното тело во чиј состав влегуваат сите јавни претпријатија од градов како и Сојузот на...

Continue reading

vino

Викенд на вино и сирење во Охрид

Post Views: 7 Викенд на вино и сирење во Охрид. После петгодишна пауза дегустаторско-продажната манифестација „Вино и сирење“ повторно ќе се одржи. Овојпат таа ќе има регионален карактер, па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија, како и од Корча, Албанија. Производите ќе бидат поставени на дваесеттина штандови распоредени околу фонтаната кај чинарот. –Она што е иновативно за ова издание  на фестивалот „Вино и сирење“ е што ќе има еден многу добро осмислен вид на презентација преку посебно дизајнирани штандови на кои ќе бидат изложени...

Continue reading

policija

Полициски службеници и граѓани, синоќа патролираа низ Охрид

Post Views: 1 Полициски службеници и граѓани синоќа  патролираа низ Охрид. Заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од секторот за образование во локалната самоуправа, претставници од урбаните заедници, од училишните одбори, од советот на родители, наставници, репрезенти од  советодавните групи на граѓани и други заинтересирани институции, синоќа посетија повеќе угостителски објекти и места каде во изминатиов период се случиле кривични дела и прекршоци. Овие заеднички патроли се дел од проектот „Соседска патрола“ кој го спроведува МВР. –Сите што беа поканети на синоќешната...

Continue reading

sveti Kliment

Свежо цвеќе за патронот и заштитник на градот Свети Климент Охридски

Post Views: 7 Денес на градскиот плоштад Охрид, претставници од локалната самоуправа, претставници од Советот на општина Охрид, како и директорите на основното и средното училиште кое го носи името на светецот, се поклонија пред споменикот на Свети Климент. Делегациите положија свежо цвеќе пред заштитникот и патрон на градот, Свети Климент Охридски. Ова е само дел од настаните со кои годинава се одбележува големиот празник Свети Климент летен. Вечерва е вториот ден од Меѓународниот фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“ кој оваа година е подржан и финансиски помогнат од...

Continue reading

sahti

Пази, отворена шахта

Post Views: 0 Отворени шахти без заштитни капаци се уште има низ повеќе улици во Охрид. Дел од нив, односно отворените шахти во близина на Бејбунар, како и на потегот помеѓу двата кружни тека кај населбата Бараки, подолг период служат како контејнери. Жителите не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но позади камерата кажаа дека дупката на потегот кај Бараки, 5 години стои отворена и досега никој не презел ништо, иако во Фондот за комунален развој патишта и сообраќај уредно укажале за овој проблем. Тие бараат одговорните да го решат проблемот, пред некој да настрада. Од Локалната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top