Ознака: самоуправа

spasiteli

Центарот за безбедност на вода да се сфати сериозно

Post Views: 2 Општинската организација на Црвен крст и по седум години не најде слух и разбирање кај надлежните органи за да обезбедат локација за функционирање на Центарот за безбедност на вода. Огромната езерска површина на која во летниот период се разладуваат  бројни капачи и пловат бродови, кајчина и глисери   налага да постои еден ваков Центар кој би бил лоциран на самиот езерски брег. Во него би биле сместени спасители, чамци и опрема за брзо делување во ризични ситуации, истакнува Сашо Точков, претседател на  Црвен крст-Охрид. Црвен крст постојано добива опрема за опремување ...

Continue reading

bazen

100.000 евра за реконструкцијата на отворениот базен

Post Views: 9 Започна реконструкцијатат на отворениот  базен кој се наоѓа во рамките на ЈП Билјанини Извори. По десет години негрижа и негово пропаѓање Локалната самоуправа сега ќе го  рестартира. Од околниот простор и од базенот биле подигнати  неколку камиони отпад, а се очекува  пристигање на филтер станицата и негвото пушѕање во употреба до крајот на јуни најавува Гордана Јованоска, директор на ЈП кое ќе стопанисува со објектот.„Старата опрема се отстрани, дното има оштетувања заради долгогодишното некористење, потребно  е заварување  по што ќе отпочне монтирањето на филтер станицата...

Continue reading

Gimnazija

Единствената Монографија за Охридската гимназија чека за печатење

Post Views: 0 Историчарот, Проф.д-р Павле Митрески, една година ја чека ветената финансиска помош од Локалната самоуправа да биде испечатена Монографијата за Охридската гимназија. На подготовката на книгата која има 290 страници, Проф. д-р Митрески, вели дека макотрпно работел 4 години. Тој низ архивите прибирал огромна документација и фотографирал над 2000 документи. Професор Митрески  во Монографијата го опфатил  развојот на гимназиското образование во Охрид, почнувајќи од периодот на 19 и 20 век. Печатењето на Монографијата би чинело околу 60.000 денари. „Многу сум разочаран,...

Continue reading

Да престанат притисоците врз администрацијата од Локалната, велат жените на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 1 Веднаш да престанат со притисоците кои ги вршат врз администрацијата и службите на Локалната самоуправа. Од Унијата на жени највуваат организирање на краван оваа сабота, чие што одржување е во насока на јакнење на меѓуопштинската соработка помеѓу урбаната и руралната жена. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до О.О. на СДСМ и нивниот кандидат за пратеник Митре Вељаноски. Претседателнка на Унијата на жени од оваа партија од Охрид, Славица Јанкоска ја обвини О.О на СДСМ, за примена на сила и им порача веднаш да престанат со притисоците кои ги вршат врз администрацијата...

Continue reading

opshtina

„За ВМРО-ДПМНЕ и потпорните ѕидови се капитални инвестиции“

Post Views: 5 Во дописот до нашата нашата телевизиска куќа од Локалната самоуправа стои: Поради немањето аргументи за продолжување со нападите врз градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа, ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на денешната прес конференција и изградбата на потпорен ѕид во селото Коњско ја прогласи за капитална инвестиција на Владата на Никола Груевски. Згора на тоа, најверојатно од незнаење, селата Волино, Лактиње, Врбјани, Ботун и Годивје наместо во општина Дебрца ги смести во општина Охрид. Немојте да ги потценувате граѓаните на Охрид. Исто како што знаете вие,...

Continue reading

opshtina

„ВМРО-ДПМНЕ е виновна што не е почната изградбата на Здравствениот дом“

Post Views: 2 Локалната веднаш излезе со реакција во медиумите во врска со  пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, која ја пренесуваме во целост: „Изградбата на Здраствениот дом во Охрид е прашање од интерес на граѓаните ,а не дежурна тема на ОК на ВМРО- ДПМНЕ за полемика со локалната самоуправа.Недолични се обвинувањата дека виновник за доцнењето со изградбата на овој важен здраствен објект е локалната самоуправа зошто речиси 5 години  не е доставена потребната документација. Сметаме за потребно уште еднаш да и предочиме на загрижената охридска јавност дека со ваквите неосновани напади ОК...

Continue reading

zdravstven dom

Пропаѓа изградбата на современ здравствен дом

Post Views: 8 Доведен во неизвесност проектот за изградба на современ  здравствен дом  на кој охриѓани чекаат повеќе од 50 години. Секторот за урбанизам деновиве го одбил барањето за издавање решение за изградба на нов здравствен дом реагира раководителот, д-р Митко Дабески. По скоро три  години  подготовки на документацијата за добивање дозвола за градба  во решенито стои дека ЈЗУ  „Здравствен дом не доставил идеен проект, геодетски елаборат, доказ за сопственост, што не е точно негира  д-р Дабески. д-р Дабески со документи  го негира решението на Локалната самоуправа и ги презентира...

Continue reading

opshtina

Демант од Локалната на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 2 Експресна реакција на Локалната на обвинувањата изнесени на денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои: Дури и во најдиктаторските и апсолутистички системи е можно, ако некој те нападне, ако ништо друго, барем да можеш да се одбраниш. ВМРО- ДПМНЕ  преку нивниот Општински комитет постојано со соопштенија полни со неаргументирани напади и закани со кривични пријави, сака да ја замолчи локалната самоуправа. Очигледно  е дека со ваквите постапки од ВМРО- ДПМНЕ сакаат да ни стават до знаење дека кај нив е апсолутната власт и дека никој, не смее да им противречи. Господо...

Continue reading

shankovi

Градежниот инспекторат денес рушеше шанкови

Post Views: 1 Урбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и  Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски. Ниту ние, ниту портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски не успеавме да добиеме одговор дали станува збор за отстранување на дивопоставени шанкови, или пак се отстрануваат оние за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски кон локалната самоуправа. Останува да видиме дали утре надлежните ќе излезат со објаснување, дали отстранетите шанкови работеле на...

Continue reading

Petreski

Охрид и Марибор со здружени сили пред европските фондови

Post Views: 8 Охрид ќе црпи словенски искуства  при изработка на проекти за влечење пари од европските фондови. Деталите биле договорени на неодамнешната посета на градоначалникот Александар Петрески на Словенија поточно Марибор. Овој град кој има искористено најмногу европски пари најпрво ќе ни помогне во сверата на туризмот. Веќе следнава недела тим од Секторот за локален економски развој ќе патува за Марибор каде ќе ги направи првите контакти со нивниот сектор, за да потоа тие дојдат кај нас со цел да се изработи заеднички проект во оваа област. „Ќе се разговата за подготовката...

Continue reading

varosh

Збогум на „дивите“ чекачи

Post Views: 2 Пред почетокот на туристичката сезона Локалната самоуправа ќе поставува 5 информативни центри и 10 информативни пунктови во градот. Информативните центри  се планира да бидат лоцирани на влезот на Охрид,  во Пешатани, а преостанатите три  кај Косел, во центарот на градот и на Плаошник. Информативните центри ќе бидат типизирани објекти во кои ќе може да се добиe туристички материјал, сувенири и сите неопходни информации. Информативни пунктови ќе бидат поставени на фрекфентни места во градот, истакнува Симе Илиески, портпаролот на Локалната самоуправа. Сега сите понуди...

Continue reading

den na proletta

Пролеттна генералка

Post Views: 1 Во првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид.  Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина. Дечињата од основните училишта утрово беа припомош на вработените од ЈП Охридски Комуналец и помогаа при расчистување на дворовите на училиштата. Се расчистуваше и Охридското крајбрежје и тоа посебно во населбата Даљан. Акцијата се спроведе и покрај фактот што со овој дел не стопанисува локалната самоуправа, туку владата. Директорот на ЈП Сашо Алче вели денешната акција е симболична и дека преку неа праќаат порака до надлежните дека ова...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top