Ознака: самоуправа

inspektorat

Нова позиција за инспектор во Охрид

Post Views: 0 Охрид за прв пат ќе има свој даночен инспектор. Заврши огласот за пријава на кандидати за нов инспектор, во општинскиот инспекторат. Во тек е постапката за избор на челник на оваа позиција. Во Локалната самоуправа на Охрид, веќе ќе има кој да се грижи за наплатата на даноците на општината. Портпаролот на општина Охрид, Симон Илиевски, вели дека ова досега непотполнато место е согласно последната систематизација на Локалната самоуправа. Постапката за избор на даночен инспектор ја води Агенцијата за администрација. Оваа позиција во досегашниот мандат на градоначалникот...

Continue reading

prvacinja

Почна новата учебна година

Post Views: 3 Приредба за добредојде во О.У. „Григор Прличев“. На почетокот на школската година 1 ви септември, идните првачиња ги добија своите картички за идентитет, првите тетратки и учебници. Првиот школски ден претставува вистинска возбуда за првачињата додека пак за мајките и бабите, гордост. Првиот човек на О.У. „Глигор Прличев“, Сашо Ставрески вели дека првачињата мора да се дочекаат на највисоко ниво, бидејќи денес за нив се отвора посебна страна од нивниот живот. Годинава и ЈП „Охридски Комуналец“, на стартот на учебната година хортикултурно го уредува дворот на училиштето....

Continue reading

jazz inn

Џез Инн и натаму јаболко на раздорот

Post Views: 0 Двата мирни протести кои речиси симултано се случуваа минатиот Петок спроти Сабота не ги оставија рамнодушни ниту сопствениците на клубот, ниту протестантите. По првичните обвинувања од сопствениците на Џез Ин упатени кон Љупчо поп Стефанија, еден од учесниците во протестот, сега со реакција се јави и самиот поп Стефанија. Во неговиот допис се вели: „Сакам да напомнам дека јас не сум организатор на протестот, туку сум еден од загрозените граѓани кои реагираат преку протест за незаконитостите предизвикани со работата на кабарето и правото на сопствен живот на граѓаните...

Continue reading

sostanok

Локалната самоуправа одобри средства за триесеттина микро проекти

Post Views: 4 Голем број граѓански здруженија, културно уметнички друштва, месни заедници и поединци ќе добијат финансиска поддршка од Локалната самоуправа. Триесеттина проекти поминале на конкурс објавен од страна на општината за поддршка на микро проекти кои ќе обезбедат економски развој на градот. Меѓу одобрените проекти е и оној на здружението на ловци, со кој се предвидува размножувалиште на див зајак, а со кој треба да се развива ловниот туризам, истакна првиот човек на градот Александар Петрески. Во зависност од издржаноста и тежината на проектот, ќе им се одобрат  најмногу...

Continue reading

swimmer

Се расчистува теренот за затворениот базен

Post Views: 4 Зад трибината на отворениот базен, до спортската сала, локалната самоуправа ќе го гради рекреативниот спортски базен. Целта на локалната самоуправа е на едно место Охрид да добие комплетен спа центар, вели првиот човек на градот градоначалникот Александар Петрески. Тој додава дека н местото каде некогаш беше дискотеката лапидариус сега ќе има фитнес и сауна, а сетоа тоа ќе биде во топла врска со базенот.  „Одлуката ја донесовме за овој простор затоа што и агенцијата за млади и спорт ќе гради затворен пливачки базен. Овие градби ќе придонесат во Охрид да се развиваат...

Continue reading

zaobikolnica

Заборавената заобиколница

Post Views: 12 За само 900 метри пат се чека државата да одобри пари за да се асфалтира Источната трансверзала. По три изминати години сеуште не  дозавршена и пуштена  во сообраќај  заобиколницата или Источната трансверзала која води од патниот правец Битола – Св Наум. Каде се закочени работите одговор побаравме од  преставниците на Фондот за комунален развој при Локалната самоуправа и од Агенцијата за државни патишта. Зоран Шикалоски од Фонд за комунален развој  при Локалната самоуправа вели дека уште пред три години добиле ветувањa дека ќе биде завршена трансверзалата, но...

Continue reading

Mihailov

Одмор платен од граѓаните на Охрид!

Post Views: 9 Градоначалникот на Охрид се сонча на плажите во Турција, а охриѓани ги остави во мрак и сивило. Ова се само дел од забелешките на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, кои денес излегоа со прес конференција за состојбите во градов. Претседателот Атанаско Михаилов рече дека се соочуваме со еден невиден хаос во општинава и покрај убедувањата на градоначалникот Александар Петрески дека оваа сезона ќе биде добро организирана. Тој додава дека очекувано е од една Локална самоуправа, чии што интерес е само урбанистичкот дивеење, да посегне и в крај да го уништи и онака слабиот туризам. Михаилов...

Continue reading

komarec

Второ прскање против комарци во Охрид

Post Views: 15 Локалната самоуправа, второто запрашување против комарци ќе го организира и изведе во четврток на 21- ви или во петок на 22- ри јули, во зависност од временските прилики.Запрашувањето ќе започне во 5 часот наутро.Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите, во четврток или петок наутро, да не ги пуштаат пчелите од кошниците.Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. {loadposition content9}

Continue reading

zemjishte

Локалната допрва ќе бара да управува со градежното земјиште

Post Views: 4 Охридската  јавност, деновиве е изненадена  од информациите дека до Министерството за транспорт и врски само неколку општини од земјава побарале да  менџираат со градежното земјиште од 1 јули. Општина Охрид не се споменува меѓу нив. Зошто доцнат со барањето за овој процес одговор побаравме од  портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески.  Прашавме на што се должи ваквата ситуација и дали станува збор за затајување на службите. Илиески ги отфрла  ваквите сомнежи. „Нема затаено никој. Претходно бевме подготвени, клучно беше за Локалната самоуправа најпрво да се...

Continue reading

sednica

Градоначалникот VS советниците

Post Views: 7 Советниците на денешната 36 –та седница упатија бројни прашања до градоначалникот Александар Петрески. Советниците ја започнаа седницата со прашања од руралните средини. Најбројни беа прашањата поврзани од  областа на инфраструктурата, но имаше интерес и кога ќе се продолжи со формирање на урбаните заедници. „Изборот на заедниците ќе биде веднаш штом добие завршница кривичната пријава за лицата кои ме напада во Локалната самоуправа, а случајот не е ни почнат, зошто не знам“, рече градоначалникот. Советникот од Вмро Дпмне, Љубен Буџакоски се интересираше кога Лескоец,...

Continue reading

dup

Задоцнети реакции на ВМРО ДПМНЕ за втора урбана

Post Views: 4 Наводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против. „Разговаравме сосема отворено и она што е најважно увидовме дека локалната самоуправа треба при донесувањето на макар и вакви урбанизтички планови многу повеќе да се консултура со засегнатите страни многу повеќе да е транспарентна...

Continue reading

tacso

ТАКСО проектот ги зближува граѓанските организации и локалните самоуправи

Post Views: 3 Техничката поддршка за граѓанските организации овојпат гради мостови помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа. На дводневната конференција, која започна денес, ќе се дискутираат неколку теми кои се од витално значење за правилно функционирање и на граѓанските организации и на локалните самоуправи. ТАКСО проектот се спроведува веќе 2 години, а со него се опфатени повеќе теми како, односи со јавноста за граѓански организации, како да се аплицира за европските фондови, соработка со владините институции и учество во донесувањето на одлуки. На оваа конференција...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top