Ознака: решавање

За решавање на градските комунални проблеми охриѓани се обраќаат до сервисот за услуги во општината

Post Views: 6 Охриѓани за подобро комунално уреден град се обраќаат и до општинскиот сервис за услуги. Во изминатиов период барале решавање на проблеми од  урбанистичката сфера. Од секторот за урбанизам барале издавање на изводи од урбанистички планови, а од комуналниот сектор поставување на улично осветлување и замена на светилки, воспоставување на систенм на куќни броеви. Во обраќањата на граѓаните имало поплаки и  до комуналниот инспекторат, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „Најмногу барања има за постапување за подигање на градежен шут, пријави за незаконски дејствија...

Continue reading

kompjuter na voda

Компјутерот на вода

Post Views: 5 Во 1936, Владимир Лукјанов изградил воден компјутер кој бил најголемиот компјутер на светот кој се користел за решавање диференцијални равенки. Овој вид аналоген компјутер наречен „воден интегратор“ бил изграден во Советскиот сојуз во 1928. Нивоата на водата во повеќето простории претставувале запишани броеви. Брзината на течењето на водата помеѓу цефките ги претставувала математичките операции. Овие водни компјутери биле користени во СССР за големи пресметки пред усовршувањето на дигиталните компјутери. Русија го смета компјутерот на Лукјанов како споменик на науката...

Continue reading

bebinja

Државата против „Белата чума“

Post Views: 4 Предложени се конкретни мерки и препораки за решавање на проблемот со наталитетот во држвата. Стратегијата се заснова на три елементи, бројност, прираст и дистрибуција на население, природни и механички движења, како и семејство бројност и домаќинства. Ректорот Велимир Стојковски вели дека засега неможе да се откријат повеќе детали, крајниот збор за прифаќање на мерките сепак ќе го има Владата. Еден дел од старатегијата се однесува и на миграцијата село-град.Според последните податоци на заводот за статистика, од 2006 досега, за седум години има 33 ијлади ученици помалку...

Continue reading

Мини акумулации на речните корита за решавање на проблемот со наводнување

Post Views: 8 Охридските земјоделци предлагаат изградба на мини акумулации за складирање на водата во поголеми влажни периоди. Ова според нив во голема мера ќе придонесе во решавање на проблемот со наводнување на земјоделските површини во охридскиот регион. Земјоделецот Ванчо Стојаноски вели дека кога има влажни периоди вишокот на вода би се складирал во мини акумулациите, а би се користел во периоди на подолготрајни сушни периоди. „Уште подобро тие ако се надвор од речните корита, во секој регион од Македонија, во секое катче имаме такви одредени суводолици, необработливи површини...

Continue reading

velgosti

Црковниот одбор и месната заедница од Велгошти бараат решавање на проблемот со селските гробишта

Post Views: 49 Проширувањето на селските гробишта за велгоштани  има итен приоритет во  решавање на комуналните проблеми во населбата. Овој проблем веќе долго време ги мачи жителите бидејќи постоечките селски гробишта се веќе исполнети. Месната заедница и Црковниот одбор од Велгoшти наскоро ќе бараат средба со  градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Градски гробишта“ Зоран  Симоноски, вели за ТВМ Јоне Лиотоски член на селскиот Црковен одбор. „ Истите да ни излезат во пресрет овој сериозен  проблем да го решиме  во интерс на жителите  на Велгошти. Прво ќе бараме да...

Continue reading

misleshevo

Ќе добие ли Мислешево нови патишта?

Post Views: 20 Конечно ќе се санира сообраќајната инфраструктура во село Мислешево. После повеќе од пет години чекање, жителите на ова село ќе добијат подобра патна инфраструктура. Првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко, уверува дека работите ќе започнат во наредните два месеци. Ќе завршат ли маките на жителите од Мислешево? Ке го почуствуваат ли тие конечно оваа есен мирисот на новиот асфалт? Жителите од ова село, години наназат се справуваат со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците од ова село повеќе години се во катастрофална состојба,...

Continue reading

nasilstvo

Одбери љубов! Кажи не на насилството!

Post Views: 29 Насилство во охридското економско училиште. Група ученици од оваа установа денес беа сведоци на вербална расправија помеѓу нивни соученици. За среќа овој инцидент беше само симулација која пред учениците ја демонстрираа активистите од ЖЦ „Бисера“, Охрид. Препознавањето на проблемот на насилството врз жените, девојките и децата е прв чекор кон негово решавање, вели претседателот на Центарот, Наде Мартиноска. Таа нагласи дека денешната импровизирана сцена на кавга меѓу двајцата средношколци е непријатана глетка за сите, па затоа таквата појава треба да се препознае и...

Continue reading

emo

Седумдесеттина вработени во АД ЕМО решение за своите судбини денес побараа во локалната самоуправа

Post Views: 1 Маката денес натера седумдесеттина вработени во АД ЕМО од Охрид решение за своите судбини да побараат во локалната самоуправа од Охрид. Неисплатени плати, придонеси, извршни решенија и нерешен статус околу рестартирањето на фабриката. Ова е дел од проблемите за кои тие побараа помош од локалната. Претседателот на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија, Пеце Ристевски, вели дека кога ја побарале средбата со секретарот на општината, Димитар Спасески биле свесни дека локалната нема директна надлежност да им помогне, но потенцира дека како...

Continue reading

лого

Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра

Post Views: 1 Фамозниот наследен долг од околу 35 милиони евра за прв пат во историјата на градот е намален, открива првиот човек на општина Охрид, Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека со овој факт треба да биде запозната охридската јавност, со цел да знае дека оваа локална власт уште од самиот почеток на мандатот се залага за решавање на овој горлив проблем, околу наследениот долг од претходната гарнитура. „Она што збирно можам да го кажам во овој момент за вас како медиуми и за охридската јавност е дека долгот на општина Охрид после година и пол раководење со оваа Локална...

Continue reading

Како да станете попаметни?

Post Views: 6 Правејќи “ментални вежби” како решавање крстозбори, играње Sudoku или туширање со затворени очи може да ве направи 40% попаметни во рок од седум дена, се вели во едно истражување на BBC. Ова тестирање наречено “Станете попаметни во рок од една недела” се базира на верувањето на научниците дека правејќи едноставни промени во нашиот животен стил може многу да придонесе за тоа како вашиот мозок функционира. Тестирањето пронајде дека комбинација од техники фокусирани на здрава исхрана, физичка активност, спиење со музика и стимулирање на вашиот мозок...

Continue reading

poplava

Локалната ќе ја реконструира поплавената „Илија Смически“ во Лескоец

Post Views: 5 Локалната самоуправа ќе го решава горливиот проблем на жителите на улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Оваа улица веќе дваесет години целосно се поплавува при пообилни врнежи. За жал токму такви беа временските прилики изминативе неколку денови. Дел од жителите на оваа улица се обратија до нашата телевизија како би алармирале за проблемот. Ситуацијата беше токму онака како што ја опишаа а ја регистрира нашата камера. Одговор за проблемот кој го имаат жителите на „Илија Смически“, побаравме во локалната самоуправа. Од таму ни рекоа дека веќе неколку дена работат на решавање...

Continue reading

ucenici

Голем фонд на часови, а проблеми со интернет

Post Views: 5 Учениците од прво до четврто одделение се потешко се справуваат со преголемиот фонд на часови, преоптоварени се и не можат да го следат материјалот, реагираат нивните родители. Само за информација, во прво одделение деветолетка, фондот изнесува 21 час, во второ одделение 25 часа, додека во трето одделение 28 часа. Од Министерството за образование и наука, не го делат ова мислење. Министерот Спиро Ристески вели дека фондот на часови е сосема доволен и соодветен на возраста на учениците. „Програмите се изработуваат врз основа на стандарди кои ги изработува Бирото за развој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top