Ознака: расправа

logo

Јавна расправа за изградба на интерконективен надземен вод и 400KW трафостаница во Охрид

Post Views: 12 Во просториите на општините Охрид и Дебрца на 7-ми мај годинава ќе се одржи Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот “Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2-македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид “. Јавните расправи по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2 -Македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид “ ќе се одржат на: во Општина Дебрца ќе започне во 11 часот, а во Охрид во 14 часот. „Инвеститорот АД МЕПСО,Скопје...

Continue reading

EP

Европскиот парламент во среда за Македонија

Post Views: 2 Европскиот парламент на пленарна седница во среда на 10 февруари ќе расправа за напредокот на Македонија, Хрватска и на Турција кон членството во Европската унија. Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент неодамна ги усвои амандманите на предлог-резолуцијата за Македонија, со која ја повикува Европската унија во март да одреди датум за почеток на претпристапни преговори со Македонија. Во предлог -резолуцијата се повикува и на удвојување на напорите за изнаоѓање на заедничко решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција. Документот е предложен од словенечкиот...

Continue reading

sobranie

Пратениците денес расправаат за предлог-буџетот за 2010 година

Post Views: 2 Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 86. седница, треба да ја почне расправата по Предлог-буџетот за 2010 година. Според Предлогот, приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран а 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари. Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто. Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација....

Continue reading

sednica

Интерпелација, урбана опрема и паркинзи

Post Views: 2 Интерпелација на претседателот на Советот, новата програма за поставување урбана опрема, како и продолжување на работното време на угостителските објекти за време на претстојната туристичка сезона, се само некои од точките на кои ќе се расправа на наредната седница на Советот на општината, закажана за овој четврток. Неодамна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција информираа дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација за работата на Претседателот на Советот на Општина Охрид  Душко Јаковчески, како чин за демократска оценка за вистината за раководењето...

Continue reading

sednica sovet

Врзете ги појасите, не чека интересна седница на Совет

Post Views: 1 Годишните сметки на јавните претпријатија под лупата на советниците. Утрешната четириесет и петта седница воглавно ќе мине во знакот на финансиите. Дваесет и пет точки се најдоа на дневниот ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид. Ќе се расправа околу годишните сметки и финансиските извештаи на охридските основни и средни училишта, кои по навика знаат брзо да бидат усвоени. Она што привлекува особено внимание, се годишните сметки и финансиските извештаи на охридските јавни претпријатија и тоа „Охридски Комуналец“, „Градски пазар“, „Погребални услуги“, „Градски...

Continue reading

Ljupco Avramoski

Нова градба крај езеро

Post Views: 21 Финишира постапката за изградба на нов објект покрај езерото. На само 53 метри од крајбрежјето на Охридското Езеро, на дел од туристичкиот комплекс Св. Стефан, планирано е изградба на објект за времено сместување А-4. Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализација на овој план се наложило потреба за спроведување на Стратегиска оцена, велат од Локалната. Денес на јавна расправа беше разгледана нацрт верзијата од планот и Извештајот за стратегиската оцена. Љупчо...

Continue reading

lipi

Супер радио во акција – Стави потпис – спаси дрво

Post Views: 8 Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид  поставен e пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани и за неа жолчно се дебатира. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот. – Она што е основното барање на оваа граѓанска иницијатива, односно пред...

Continue reading

tabana

Уште се чека на „Табана„ и „Ривиера“

Post Views: 0 ДУП -те, за опфатите „Табана„ и „Ривиера“ никако да стигнат пред охридските советници. Сопствениците на дел од земјиштето кое треба да се реши со  донесување на Дуповите, прашуваат, зошто толку време е потребно истите да поминат на Совет? Во дописот кој стигна до нашата ТВ куќа, стои дека сопствениците дополнително се загрижени дека со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, постапката дополнително ќе се забави. Од Министерството за Транспорт и Врски не информираа дека согласно Законот за просторно...

Continue reading

taxi

Се зголеми цената на taxi превозот

Post Views: 3 Охридските таксисти денес се изборија за зголемување на цената за превоз на патници. После бурната расправа, нивната Предлог одлука  за изменување на одлуката за авто такси превоз на патници помина пред советниците. Така, отсега, цената за такси превоз ќе изнесува 50 денари старт, со прв изминат километар, а секој нареден километар ќе го наплаќаат по 30 денари.  {loadposition content9}

Continue reading

opshtina

Извештај за стратегиска оцена

Post Views: 4 Јавен увид и расправа за извештај за стратегиска оцена. Влијанието на животната средина при изведба на планска документација е незначително, а во однос на социо економскиот аспект, истата за овој реон е позитивна. Оваа проценка доаѓа од извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина, кој денеска беше на јавен увид и расправа, во општина Охрид. Интересот на жителите на Видобишта, за каде се однесува овој извештај, беше минимален. Јасмина Момироска Трајкоска, виш соработник за животна средина при локалната самоуправа во Охрид, рече дека општината се...

Continue reading

javna rasprava

Ќе се реконструираат дрворедите на градските улици

Post Views: 2 Дрворедите во Охрид ќе се преуредуваат. После педесет години ова е прва иницијатива на Локалната самоуправа од Охрид, да пристапи кон решавање на една рак рана. За таа цел, денес, во општината, се одржа јавна расправа помеѓу претставниците на Локалната самоуправа, во присуство на експерти од охридските еколошки друштва. Пристап кон реконструкција на постоечките дрвореди во централното градско јадро е општата констатција на сите учесници. На ова поле, неопходен е  зафат кој во најскоро време треба да се преземе. Советникот за сообраќај Зоран Шикалоски, задоволен од текот...

Continue reading

logo

Распределба на народните пари по приоритет….или ?

Post Views: 0 Граѓаните, како и  преставници од владиниот и невладиниот сектор, синоќа  предлагаа каде да бидат насочени парите од Фискалната  стратегија и развојните програми на  буџетот за 2010 година. Даваа предлози и сугестии како да има  успешен развој на општината со  планиран буџет тежок  околу 620 милиони денари или 10 милиони евра. На расправата никаде ги немаше преставниците од Агенцијата за подршка и развој на туризмот, од Хотам и  Атам, од здружението на угостители. Најбројни на јавната расправа,сепак,  беа претседателите на месните заедници. Од таму, пак,  се пожалија ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top