Ознака: пријави

ujp

Охриѓани годинава двојно поажурни во поднесувањето на годишните даночни пријави

Post Views: 1 Даночните обврзници од градов, годинава посериозно си ја сфатиле обврската за поднесување на годишните даночни пријави. Досега во подрачните канцеларии на Управата за јавни приходи во Охрид биле доставени 972 даночни пријави, додека во Дебрца, 45. Само за споредба во истиов период лани, биле доставени двојно помалку годишни даночни пријави, и тоа само 450. Инаку станува збор за вкупно некаде околу 5400 даночни обврзници кои оствариле некаков приход во изминатата година по некој од основите наведени во годишната даночна пријава.  Од регионалната канцеларија на УЈП во...

Continue reading

Охриѓани добитници на наградата „ Трајно уништување на рибниот фонд од Охридското Езеро“

Post Views: 2 Граѓаните на Охрид добија награда за „Трајно уништување на рибниот фонд од  Охридското Езеро.“ Комисијата на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ одлучи охриѓани да ја добијат оваа награда на конкурсот  за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014. На конкурост пристигнале 49 пријави за кандидати од трети лица. Меѓу пријавените се  научни установи од областа на рибарство, концесионери за стопански риболов, концесионер за рекреативен риболов, поранешен директор на рибарско стопанство,...

Continue reading

ribari

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро

Post Views: 4 Засилени мерки за сузбивање на рибокрадството во Охридското Езеро. Од денес за прв пат во историјата на рибарството ќе се прават заеднички контроли во Охридското Езеро и од албански и од македонска страна, со цел да се искорене рибокрадството. Тоа е во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, а на терен ќе делуваат граничните полиции, како и инспекторатот од  Албанија и Македонија. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека со оперативните зафати што ќе ги преземат во периодов што следи рибокрадците од двете страни ќе ги...

Continue reading

logo

Кривични пријави за малолетните хулигани

Post Views: 9 Малолетните средношколци со иницијали О.Г.,  В.С. и  К.Б.  заработија кривични пријави за  иницирање на тепачка во Струга, а во која беа вклучени повеќе лица. Поради основано сомнение дека сториле  кривично дело „Насилство“, полициската станица Струга против нив поднесе кривични пријави. Станува збор за тројца средношколци во втора година од  “Ибрахим Темо“ , а родени 1992 и 1993 година од Велешта. Заработија три кривични пријави за насилство. Тие на 27 март веднаш по завршувањето на часовите , со поголема  група на нивни сооученици ги следеле трите лица со кои имале...

Continue reading

14 кривични пријави за правни и физички лица кои стопанисувале со плажите и не плаќале закуп

Post Views: 2 Општина Охрид поднесе 14 кривични пријави за узурпација на земјиште во сопственост на државата  до правни и физички лица кои што обавувале стопанска дејноста на плажите на крајбрежјето . „Во тек се вештачења и пресметка на износ кој би требало да го платат по основ на закуп со оглед на тоа дека на лице место обавувале дејност и се стекнале со одреден износ кој до ден денес не е исплатен.“ – изјави Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. За оние физички и правни лица за кои општината располага со податоци дека обавувале стопанска дејност на плажите и противправно...

Continue reading

prostitucija

Проституција и дрога откриени во стан во Охрид

Post Views: 0 Полициските службеници , успеала да открие и опојна дрога марихуана сокриена во машина за перење во станот во кој била организирана проституција. СВР-Охрид против три од приведените лица ќе поднесе и соодветни кривични пријави. Фатена група која организирала проституција во приватен стан во Охрид. Во синоќешната акција спроведена од страна на СВР-Охрид биле приведени шест лица. Во текот на денешниот ден од СВР најавија и преземање на дополнителни активности со кои ќе се заокружи акцијата и ќе биде прекинато  дејствувањето на групата.  Против тројца од шестмината приведени,...

Continue reading

ujp

Плаќање данок преку интернет

Post Views: 1 Даночните пријави од 01 јануари 2013 та ќе се поднесуваат по електронски пат. Тоа значи примена на новиот систем, е-Даноци кој овозможува да користите современ, ефикасен и безбеден начин на комуникација со УЈП и истовремено да заштедите време и да ги намалите трошоците на финансиското работење,  информира Реина Стефаноска, шеф на службата во даночно одделение во Охрид. Таа додава дека ДДВ обврзниците имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси пропишани со Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат точно преку системот е-Даноци. „Заради...

Continue reading

deca

Младината се едуцира како да препознае и да пријави семејно насилство

Post Views: 5 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Младината се едуцира како да препознае и како да пријави семејно насилство. Средношколците од економското училиште денес од преставници на невладиниот сектор и од преставници на СВР Охрид слушнаа како да се однесуваат доколку се сведоци на семејно насилство. Тие велат дека делумно знаат, но никогаш не  ена одмет да се дознае нешто повеќе. Податоците со кои располага СВР покажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на лицата кои пријавуваат семејно насилство. Од таму велат- не дека во минатото семејно насилство имаше помалку туку...

Continue reading

sostanok Svr

Со здружени сили до зголемен степенот на безбедност во езерото

Post Views: 5 Ќе дадеме максимум за да имаме безбедна туристичка сезона и нема да дозволиме годинава да имаме било каква дамка во поглед на безбедноста која ќе го наруши имиџот на градот“, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски на состанокот инициран од СВР насловен како „Превентивни мерки за поголема безбедност на вода и заштита од кражби“ . Инаку денешниот состанок е уште еден обид да се зголеми степенот на безбедност во езерото, но и во Охрид. Состанок имаше превентивен карактер и на него присуствуваа сите чинители кои имаат директна инволвираност во безбедноста на вода....

Continue reading

Ohridsko ezero

Пријави за загадувачите на езерото

Post Views: 10 Фрчат пријави против  загадувачите на езерото. Со несовесните  загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и  Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера  имал полни раце работа. Напишал 38 записници и  издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата. Државниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина.  Тие  најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со  прегорено масло...

Continue reading

mini

Ставрески и Јанкулоска ja посетија Дебрца

Post Views: 5 Министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска дојдоа во општина Дебрца. Владините министри се сретнаа со вознемиреното население од Белчишта и Велмеј, кои пред два дена ги погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени по рихтер со епицентар во Илинска планина. Земјотресот предизвика материјална штета врз објектите, а ги исплаши и жителите од овој дел на Дебрца. Министерот за Финансии Зоран Ставрески оствaри средба и со градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. На средбата со населението Ставрески вети владина помош за оштетните домови од земјотресот за жителите...

Continue reading

manjak

Егзибиционист во Охрид

Post Views: 1 Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192. „Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај своите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top