Post Views: 0
Енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година, тема на денешната пресс конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека СДСМ недомаќински работела со што потрошила милионски суми за службени патувања во периодот од 2005-2013 година заклучно со месец март. Митровиќ таксативно ги наброја сумите за патни расходи во земјата и странство од најмалата, 752 632ден. во 2005год. и највисоката забележана во 2010год., 4 140 594 ден. Во овој период од раководењето на СДСМ со Локалната самоуправа според ВМРО потршени биле вртоглави суми...
Post Views: 9
Солунскиот епископ Антим, дури и велигденските празници ги користи да го подгрева грчкиот антимакедонизам.
На службата во Солун во, ноќта спроти Велигден, епископот ги убедуваше верниците дека Македонци не постојат.
Епископ Антим, наместо да испрати Велигденска христијанска порака за мир и разбирање, се произнесе со политички говор во кој побарал од верниците да ја поддржат грчката црвена линија во спорот околу името на Македонија.
Грчкиот поп, беше на истите ставови со заменик – министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас кој, исто така, не се...
Post Views: 1
Многу политичари од регионот можат да му позавидат на Словенецот, 51 годишниот Миро Церар, кој на последните парламентарни избори ја измети конкуренцијата, а партијата ја основал само пред шест недели.
Универзитетскиот професор и правник, е апсолутен победник на парламентарните избори и ќе го има последниот збор во составувањето на словенечката влада.
Церар е апсолутна ѕвезда на словенечката политика. Во рекорден рок ги освои бирачите – последен пат тоа му појде од рака на ветеранот Дрновшек пред 14 години.
“И јас сум изненаден, се чини дека сонувам. Но, свесен сум...
Post Views: 0
Најдоцна за две недели Владата ќе излезе со првичните предлози за ублажување на казнената политика за да се подобри бизнис-климата во земјата. Ова е заклучокот од вчерашната дебата на која власта ги седна на иста маса инспекторите и бизнисмените и ги соочи нивните аргументите.
Компаниите се пожалија на превисоките казни, од близу 22.000 евра за одредени прекршоци, посочувајќи ги проблемите што ги имаат со финансиските контроли, трудовата и пазарната инспекција, како и со царинската управа.
„Првиот коментар на бизнис-заедницата е дека определени казни се превисоки. Има...
Post Views: 0
Негувателките, воспитувачките и сиот персонал во градинките нема да плаќаат за добивање на лиценца за вршење на својата дејност. Најпрво беше најавено дека издавањето на лиценците ќе чини 450 денари, односно 6000 денари за обуката која директорите на градинките треба да ја посетуваат, но сега министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов уверува дека вработените во градинките не треба воопшто да се грижат ниту за трошоците, ниту пак за тежината на испитите кои треба да се полагаат. За целите на овој процес, Спасов вели дека била формирана и Комисија за лиценцирање...
Post Views: 5
Сервер Шашко, како поранешен советник во струшкиот совет зборува за искуствата, на тема колку жената е вклучена во политиката.
Проследете ги нејзините искуства во политиката.1.
Бидејќи вие бевме дел од минатиот состав во советот на општина Струга, со кои потешкотии се соочувавте во вашето работење, дали почувствувавте полова дисктиминација?
Според мене, советот работеше доследно. Ние од 27 членови бевме само 4 жени. Сметам дека и таа бројка е можеби и по некоја случајност, бидејќи обично се вели дека политиката е само за мажи со што јас воопшто не се согласувам....
Post Views: 5
Покуќнина за семејството Шемо од улица Бистрица, чиј дом изгоре минатата година. Тие се меѓу првите во Охрид, кои добија гарнитура за дневна соба , машина за перење, шпорет, телевизор, поточно комплетна покуќнина благодарение на акцијата „Се грижиме за топол дом“, од министерството за труд и социјлна политика. Покуќнината на семејството им ја предаде лично министерот за труд и социјална политика, Симе Спасов кој попладнево ги посети придружуван од секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, претседателката на совет Гордана Коњаноска и советници. Министерот Диме...
Post Views: 33
Канадската порно ѕвезда Nikki Benz најавила своја кандидатура за градоначалничка на Торонто.
Иако не се занимавала досега со политика, туку со филмови за возрасни, Nikki Benz смета дека работата може да ја работи подобро од досегашниот градоначалник Rob Ford, познат по бројни скандали, пишува Daily News.
“Можам да направам одлична работа со водење на градот. Ако тоа го може Rob Ford тогаш можам и јас”, рекла Benz.
Бирачите има намера да ги придобие залагајќи се за пониски даноци и со доведување на индустријата за филмови за возрасни во Торонто. “Тоа би било профитабилно...
Post Views: 1
Ако кандидат за градоначалник биде од ВМРО ДПМНЕ тогаш носител на советничката листа да биде од СДСМ. Вмровците ќе размислат за ова.
Струшката организација на СДСМ официјално нема да истакне кандидат за градоначалник од оваа партија, велат високи партиски извори за ТВМ. Тоа не значи дека се откажуваме од трката во овие избори, додаваат од СДСМ. Најавија дека за претстојните избори ќе се залагаат за граѓанска кампања. Тоа би била опција со која би донела победа во Струга. Наши извори велат дека од тами, пројавиле интерес да соработува со ВМРО ДПМНЕ но под услов. Советничката...
Post Views: 3
Организатор на забавата „Играта е детска работа“, беше Женскиот Лајонс клуб Деница кој веќе неколку месеци егзистира во Охрид. Претседателката на Деница, Јулијана Василеска вели дека се одлучиле да помогнат во доопремувањето на просториите во градинката затоа што дечињата имаат посебно место во нивното хуманитарно делување.
„Дечињата од градинка кои се толку припремени толку инспиративни самите ќе се потрудат да организираат една пригода која со наша помош и наша посетеност ќе допренесе да се соберат средства со што ќе се помогне во доопремување на занимлните во централната...
Post Views: 1
„За демократска Македонија“. Ова е паролата под која од синоќа делува коалицијата на ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство. „Различни по идеологија, платформата и друго, но единствени кога се работи за Македонија, е она што не спои“, истакна Андреј Жерновски, лидерот на либералите. Тој синоќа од Охрид му порача на Груевски, дека влегуваат во фронт со него и неговата фамилија и дека од овде отпочнува одбројувањето на деновите од неговиот последен мандат. Додаде, дека не се плашат и оти отворено се спротивставуваат на политиката која се води за минатото...
Post Views: 1
Каде оди мојот град? Ова е краткото прашање кое го поставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Одговорите кои ги понудија на денешната трибина беа далеку побројни и пообемни. Се дискутираше за културата, туризмот, функционирањето на локалната самоуправа, урбанизмот.
„На Охрид му требаат промени, кадровски, промени на менталниот склоп, му треба младина која сака да дава, а не да зема од градот.“ -вели Дејан Паноски-советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како клучен проблем во функционирањето на општината тој ги наведе јавните претпријатија.
„Стоиме на ставот дека јавните...