Ознака: податоците

ribari

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро

Post Views: 4 Засилени мерки за сузбивање на рибокрадството во Охридското Езеро. Од денес за прв пат во историјата на рибарството ќе се прават заеднички контроли во Охридското Езеро и од албански и од македонска страна, со цел да се искорене рибокрадството. Тоа е во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, а на терен ќе делуваат граничните полиции, како и инспекторатот од  Албанија и Македонија. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека со оперативните зафати што ќе ги преземат во периодов што следи рибокрадците од двете страни ќе ги...

Continue reading

gosti

Со податоците за посетеноста на Охрид и понатаму ќе се нагаѓа

Post Views: 2 Во моментов охридските туристички работници немаат методологија за  одредување точна бројка на гости кои престојуваат на крајбрежјето. Податоците за бројот на посетители подолго време се кажуваат  според слободна проценка. Ваквиот недостаток најчесто е пропратен со паушални информации за бројот на гостите и бројот на остварени ноќевања, а  може да се реши со мрежен софтвер кој го има Тлер ,а покрај  Локалната самоуправа  ќе бидат вклучени  Управата за приходи и СВР Охрид, велат од секторот на   ТЛЕР. За имплементација на  овој софтвер, се чека зелено светло од МВР веќе...

Continue reading

Голема кражба на лични податоци

Post Views: 4 Компанијата eBay, која дава онлајн услуги за аукциско купување и продавање, соопштила дека во нападот на хакери се украдени информации за клиенти, вклучувајќи ја и електронската пошта, датуми на раѓање и адреси. eBay ги повикал корисниците да ја сменат својата лозинка по нападот на базата на податоци која исто така содржи лозинки, адреси и броеви на телефони. Исто така соопштиле дека не се пронајдени докази за неодобрен пристап во податоците на кредитни картички. Портпаролката на eBay, Кери Рамирез, изјавила дека засега не се знае колку клиенти се погодени со тој напад. “Веруваме...

Continue reading

е-dnevnik

Електронскиот дневник се коси со Законот за заштита на личните податоци

Post Views: 2 Ова е ставот на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Дирекцијата во неколку свои инспекциски надзори дошла до сознание дека Електронскиот дневник бара поголем обем на лични податоци од потребното. Целта на воведувањето на Е-дневникот беше постигнување на поголема комуникација помеѓу наставниците и родителите. Електронскиот дневник е една од најинтересните новини кои Министерството за образование ги воведе во нашиот образовен систем. Но уште од самиот почеток овој амбициозен проект се соочи со серија проблеми, пред се од техничка природа. Сепак најголемиот проблем...

Continue reading

elektronski dnevnici

Електронските дневници создадоа збрка

Post Views: 2 Електронскиот систем за управување со образованието или електронските дневници почнаа да им создаваат главоболки на училиштата. Реагираат родители чии деца учат во  ОУ „Григор Прличев“ на тоа што одделенските наставници, покрај податоците за учениците, ги побарале и личните податоци на родителите, за  проект кој го спроведува Министерството за образование и наука. Родителите сметаат дека со податоците како што се единствениот матичен број, крвната група, етничка припадност, религија,  во голема мера се нарушува законот за заштита на личните податоци. Старателите на...

Continue reading

vakcinacija

Денеска започна вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 2 Во Медицинскиот центар во Охрид денеска почнува вакцинацијата на населението против сезонски грип. Според податоците од Заводот за здравствена заштита од Охрид, засега се обезбедени 2.500 вакцини. Медицинските лица препорачуваат вакцинација за периодот на сезонски настинки и грипови,  за заштита на популацијата од појави на епидемии од пошироки размери. Во рамките на акцијата минатата година се вакцинирале повеќе од 2.000 охриѓани, информира Центарот за јавно здравје од Охрид. Директорот на Центарот, Атанаско Михаилов, истакна дека изминатите три години во Охрид не...

Continue reading

sobi

Остварени помал број ноќевања и на странци и на домашни гости

Post Views: 1 Статистичките податоци од општинскиот комунален инспекторат и официјално го потврдија годинешното потфрлување на туристичката сезона Лето 2010. Оствaрените 290.000 ноќевања во оваа сезона покажуваат намалувања на реализираните ноќевања на постеителите и во хотелите и во приватното сместување. Споредбата на податоците од  изминатите две години покажува тенденција  на опаѓање на туристичката посетеност на Охрид . Загрижува фактото што во последните три години податоците покажуваат дека Охрид ги губи туристите. Така, во 2008  година посетителите во Охрид  реалирале 373.000...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top