Ознака: поголема

grobista Ohrid

Се намали цената за гробните парцели на полето 5

Post Views: 2 Советниците дадоа зелено светло за намалување на цената за гробното поле 5, кое се протега помеѓу ресторанот и градската капела. Гробните места за кои досега се плаќаше 83900 денари, од сега ќе се плаќа 73 000 и 46 000 денари. Директорот на ЈП Коле Петкуќески како причина за оваа одлука на ЈП ја  наведува тоа што повеќе нема слободни гроби места, но и лошата економска  состојба. Спротивно на ова советникот од ВМРО ДПМНЕ Џемал Рахман вели дека објаснувањето за оваа одлука недржи, затоа што како што кажа Гробарината не се намалува, а се поголема е ставката од одржување,...

Continue reading

sv. kliment Ohridski

ООУ Св. Климент Охридски го одбележа денот на детето

Post Views: 21 Првата недела во месец октомври во целиот свет се одбележува детската недела.  ООУ Св. Климент Охридски не само што посветува огромно внимание на  наставата на децата, туку и преку низа активности го одбележа 5 ти октомври – светскиот ден на детето и учителот.     Учениците од Св. Клиемент Охридски добро ги знаат своите права и обврски. На Генералното собрание на обединетите нации беше донесена универзална декларација за детските права. Токму поради тоа, на 5 ти октомври, во ООУ Св. Климент Охридски  вообичаено ги примаат првачињата во детската организација. Тие...

Continue reading

stanovi

Охриѓани се поретко купуваат големи станови

Post Views: 12 Состојбата на пазaрот со недвижности во Охрид е загрижувачка. Драстично опаѓа продажбата на станови и куќи. Продажбата на недвижнсти  споредена со изминатите години е доста полоша, кажуваат агентите на недвижнсоти. Александар Трајковски од агенцијата за недвижности  „Енхелеја“ наведува повеќе причини за таквата состојба, но акцентот го става, сепак, на две кои се рефлектираат во  нивната дејност.   „ Куповната моќ на  граѓаните е осетно намаленa. Taргет групите кои можe да купат стан во Охрид се македонци кои живета во странство, печалбари или луѓе кои живеат во Скопје...

Continue reading

spasiteli

Психофизички подготвени -спасителите на вода

Post Views: 9 Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација  се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу  ситуцаии, но за среќа  ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини  кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски. Во моментов Стојаноски и Станкоски...

Continue reading

знак

За мирна старост поголема полициска заштита

Post Views: 1 Поголема полициска заштита за спокојна старост сакаат пензионерите од Дебрца. Пензионерите од руралните средини, покрај немањето на амбуланти и аптеки, се почесто се жалат дека се жртви на кражби и на семејно насилство. За да се чујаат потребите и проблемите на пензионерите Здруженито на пензионери од Охрид и Дебрца практикува директни средби со членовите во 30 -те месни ограноци, нагласува претседетелот Ѓорги Трпчески. Се почесто пензионерите отворено ги кажуваат своите маки на овие средби. Тие не се чувствуваат безбедни затоа што нема полициска станица во Дебрца и...

Continue reading

sednica na sobranie na komora na zanaetcii

Прва седница на регионалната занаетчиска комора

Post Views: 9 Новото раководство  на Регионалната занаетчиска комора во иднина ќе се залага за поголема организираност и активност со цел унапредување и развој на занаетчиството во општина Охрид, ова беше кажано на синоќешниот прв состанок на новиот состав на регионалната занаетчиска комора. Поголемиот дел од седницата помина во разгледување на работата на Комората во изминативе 4 – 5 години, при што беше констатирано дека минатото раковоство направило многу пропусти во работењето на комората, изминатите години. Претседателот на комората Богоески на состанокот ги извести членовите...

Continue reading

sileks

Од утре помал ДДВ за хотелиерите

Post Views: 6 Стапува на сила даночното олеснување за хотелиерите. Тие од сега наместо 18 ќе плаќаат 5 % данок на додадена вредност. Оваа владина мерка со која ќе стимулира развојот на туризмот, е огромно олеснување за нас“, вели менаџерот на хотелот Силекс Тодор Чочороски. „ Од голема помош ќе биде за нас бидејќи ќе овозможи едноставно ние како креатори на ценовната политика, малку од малку да имаме поголема слобода во креирањето на цените, бидејќи сметам дека 18% предизвикуваше само едно партнерство со државата. Ние хотелите работевме, но рамноправно со државата. Сега ќе има поголема...

Continue reading

skuter

Скутерите ќе одмораат до 18 часот

Post Views: 0 Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро. Оваа одлука е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната...

Continue reading

sednica na Sovet

Седница на советот како увертира на предвремените избори

Post Views: 5 Бурно издание на Седницата на советот на Општна Охрид. Оваа нејзина трисет и трета епизода, помина во знакот на извештаите за сработеното во комуналната сфера, барањата на такси превозниците и утврдувањето на локацијата за одржување на предизборните промотивни активности на партиите. Она за што нејзиниот дневен ред наизглед ветуваше мирно издание, прерасна во една турбулентна седница. Така уште со првата точка со која беше надополнат дневниот ред, а се однесуваше на Локацијата за одржување на политичките митинзи, почнаа политичките препукување помеѓу советниците. Ништо...

Continue reading

rabotilnica

Религија и медиуми на заедничка маса

Post Views: 0 Религијата како комплексна тематика беше повод за денешната работилница на која медиумите и верските заедници седнаа и дебатираа на заедничка маса. Претставниците на верските заедници излегоа со слични ставови. Тие сметаат дека често во медиумите се прават грешки во известувањето и дека многу често генерално се зборува за одредени работи. „Иако мислиме дека се познаваме, ние не се познаваме. Тоа значи дека и новинарите многу работи не ги познаваат. Имаат одредени општи познавања кога ќе се навлезе во теологијата на македонската православна црква или католичката црква...

Continue reading

Македонија е лидер во регионот во спроведување на проекти на МОС

Post Views: 1 Претставници на шест општини Струга со Вевчани, Осломеј со Кичево и Старо Нагоричане со Куманово, дискутираа за можностите кои им ги нуди меѓуопштинската соработка. „ Овие шест општини во текот на следната недела ќе потпишат договори за спроведување на проекти кои ги изработија сами и кои се фокусирани на подобрување на меѓуопштинскиот дијалог, меѓу заедниците меѓу двете општини со друга тематика. Конкретно во Струга се работи на проект за подобрување на економскиот развој и туристичката понуда. Ќе се работи на разубавување на одредени локлации проект кој е во партнерство...

Continue reading

kuraicki karneval

По 13ти пат- Кураички карневал за Василица

Post Views: 6 Од здружението потенцираат дека благодарение на соработката со локалната самоуправа овој карневал преминува во сериозна манифестација. Оваа година поканети се новинари од соседните земји, со цел поголема промоција на ваквите манифестации, додава Симоноски.Добредојдени се сите. Ние како организатори нудиме бесплатно вино и ракија, како и традиционалната храна вареница. Присутните ќе ги забавува групата Маестрал и Татјана Лазаревска. Овој настан заслужува да го носи името карневал и се надеваме дека ќе прерасне во долгогодишна традиција, велат од здружението. {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top