Ознака: поголема

Дали штедењето во евра е сигурно?

Post Views: 9 Еврото не престанува да слабее во однос на американскиот долар. Како што пишува во соопштението на IMC агенцијата, на глобалниот девизен пазар (Forex), еврото во однос на американскиот долар од почетокот на годината ослабе за додатни 3% и го продолжи трендот на слабеење од претходната година. Падот на еврото не треба да изненадува. Аналитичарите на AdmiralMarkets тоа го најавуваа повеќе од една година но и понатаму сметаат дека тој тренд ќе продолжи долгорочно да трае. Поедноставно кажано, економската ситуација во САД е многу подобра отколку во Европа па е сосем логично...

Continue reading

bucava

„Бука“ во три угостителски објекти во Охрид, поголема од дозволената

Post Views: 3 Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид изминативе денови ги изврши самостојно но и во содејство со надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа. Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди.Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти...

Continue reading

skuter

Заврши ограничувањето за пловидба

Post Views: 1 Ограничувањето на пловидбата на скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, заврши во саботата. Таа се однесуваше само на скутери со моќност поголема од 45 киловати, во периодот од 20 јули до 20 август, во временскиот период од 11 до 18 часот. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Саморегулацијата во медиумите за поголема професионалност и етички стандарди во новинарството

Post Views: 0 Тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид. Членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата, ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за Етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки. Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Жалбената комисија на СЕММ, како и ефектот на медијацијата што е една од главните алатки што ги применува...

Continue reading

skuteri

Забрана за скутери на македонските езера

Post Views: 1 Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август. Одлуката е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на...

Continue reading

Сликата која има моќ наскоро во јавност

Post Views: 3 Во Втората светска војна сликата во најголема тајност е пренесена од Торино во Рим бидејќи не сакале да падне во рацете на Хитлер, стравувајќи, спрема верувањата,  дека ќе му даде уште поголема моќ, пишува BBC. Каква и да била причината за нејзинот преместување, нејзината вредност ја потврдува фактот дека од целата колекција на сликите на Леонардо да Винчи кои се чуваат во Кралската библиотека во Торино, токму таа е преместена. Еден од најпознатите автопортрети на светот наскоро ќе биде достапен за јавноста. Станува збор за сликата на Леонардо да Винчи која е стара 500...

Continue reading

hotel

Подобра организација и вмрежување на туристичките работници за подобри резултати во 2015та

Post Views: 4 Континуитет во работата, подобрување на резултатите постигнати во 2014та година, модернизирање на објектите, но и надеж за поголема промоција на туристичките понуди на охридските хотелски капацитети. Ова се дел од желбите и очекувањата на охридските хотелиери, кои велат дека 2014та година е веќе минато и дека во оваа новата треба да се надградуваат постигнатите резултати во неа. „Ако се посветиме, ако субвенциите продолжат да им се доделуваат на странски партнери кои што се сериозно заинтересирани за Охрид и таа пропагандна машинерија малку да се излезе надвор, да не...

Continue reading

azil

Во Македонија годинава регистрирани околу 1100 азиланти

Post Views: 7 Македонските институции бараат начин како да се справат со мигрантите и барателите на азил во  земјата. Тоа е повод за организирање на конфереција на  судии од Управен суд и Виш управен суд кои постапуваат по предмети од областа на азилот и миграциите, како и за судиите и јавните обвинители кои постапуваат во предметите на организиран криминал од областа на криумчарење мигранти, Секторот за гранични работи и миграции во МВР. Судијата Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, укажува на актуелната ситуацијата на прилив на бегалци...

Continue reading

patokaz

Патоказите во Охрид повторно мета на вандалите

Post Views: 0 Несовесни поединци и натаму продолжуваат да ги кршат информативните патоказите низ градов. Викендов пристигнаа фотографии од граѓанин на Охрид кој  ги регистрирал уништените патокази кај Гимазијата Св Климент Охридски и на улицата Јане Сандански. Локалната самоуправа постојано апелира до граѓаните да водат поголема грижа за  јавните добра и  доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата. {loadposition content9}

Continue reading

domakinka

Кои се “најочајните“ домаќинки во Европа?

Post Views: 0 Италијанските домаќинки се “најочајни“ во Европа, со стапка на незадоволство многу поголема од француските и германските колешки, според најновите истражувања на здружението “Жените и квалитетот на животот“. Стапката на незадоволство на италијанските домаќинки изнесува 76 отсто оваа пролет, во пораст за 2, 5 отсто во една година, според студијата која како пример го наведува порастот на животните трошоци и низата владини мерки за штедење кои ја кратат помошта на семејствата. Во подрачјето на незадоволство, Италијанките се пред шпанските домаќинки, од кои 63 отсто се...

Continue reading

pozar

Пожар над селото Опеница

Post Views: 12 Над охридското село Опеница рано изутринава се запали тревна и нискостеблеста вегетација. Поради ветрот огнот брзо се ширел и за кратко време зафатил поголема површина. На лице место излегоа екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид и стручните служби при ЈП „Македонски шуми“ кои поради непристапноста на теренот пристапија кон гаснење на пожарот со рачни распрскувачи на вода. Пријавено е дека има пожар некаде околу 9 часот и 30 минути при што брзо интервенирале шумочуварските служби заедно со територијалната противпожарна единица од Охрид. Пожарот е ставен...

Continue reading

socijalni sredbi

Слаб одзив во Пештани на „Отворени социјални денови“

Post Views: 2 Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид. „Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот,  но...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top