Tag: пиење

ЗАБРАНА ЗА ПИЕЊЕ ВОДА ВО НЕКОЛКУ ОХРИДСКИ СЕЛА

Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Пештани и плажа „Оревче“, МЗ с. Елшани и МЗ с. Велестово, водата се забранува за пиење. Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид.

Continue reading

ВО КОСЕЛ ЗАБРАНЕТА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

Се информираат жителите на село Косел дека со Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство , поради загаденост се забранува водата за пиење. Агенцијата ја задолжува Месната Заедница од с. Косел да обезбеди хлорирање на водата од 0,2 до 0,5 мг./л. Се информираат жителите на село Косел дека со Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство , поради загаденост се забранува водата за пиење. Агенцијата ја задолжува Месната Заедница од с. Косел да обезбеди хлорирање на водата од 0,2 до 0,5 мг./л. До обезбедување на безбедна вода за пиење истата да се преврива 30-40 минути.

Continue reading

Бактериолошки неисправна водата за пиење во три села во Дебрца

Од Центарот за јавно здравје се забранува за пиење и користење водата од селските водоводи во селата Климештани, Требеништа и Мешеишта. Јавното комунално  претпријатие Дебрца кое стопанисува со водоводот во Требеништа ја хлорирало  водата, а не се надлежни за другите два  селски водоводи бидејќи со нив стопанисуваат месните заедници.  Бактериолошки неисправна вода за пиење има во три села во Дебрца, покажуваат последните анализи од Центарот за јавно здравје -Охрид. Од таму препорачуваат забрана за употреба на водата за пиење од водоводите во селата Климештани, Требеништа и Мешеишта. Игор Крцоски,...

Continue reading

Микробиолошки е исправна водата за пиење од струшкиот водовод

Земени се примероци и од охридската водоводна линија од која се снабдуваат жителите од Велгошти и кај Автобуската станица. Водата на тој потег е заматена и не е за употреба, микробиолошки ќе се испитува утре, информират од ЦЈЗ.  Микробиолошки е исправна и не е загадена со бактерии водата за пиење од струшкиот градски водовод, покажаа денешните резултати од анализите на земените примероци вода . Во информацијата од охридскиот центар за јавно здравје стои дека стружани може да ја користат водата како здравствено исправна за пиење, во домаќинствата за одржување на лична хигиена,хигиена на раце,...

Continue reading

Советниците не се за поскапување на водата за пиење

Советниците од опозицијата побараа да не се усвојува решението за зголемување на цената на водата за пиење. Градоначалникот според законските обврски мора оваа точка да ја стави пред советниците кои ќе одлучат дали ќе дадат или не согласност за промена на цената. Лично смета дека за цената на водата за пиење не треба да решава Регулаторна Комисија туку градските советници. Советничката Гордана Коњановска од името на опозицијата во Градскиот совет очекува советниците да не дадат согласност за зголемување на цената на водата за пиење. „Ова ЈП е пример за превработеност и едвај успева да наплати...

Continue reading

Водата во неколку охридски села, небезбедна за пиење

Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Свиништа, МЗ с. Опеница, МЗ с. Косел и МЗ с. Куратица и водоснабдителниот објект-извор во сопственост на МЗ. с. Речица се забранува за пиење. Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста...

Continue reading

Жителите од месноста Надвис во Велгошти кои два месеци беа оставени без вода за пиење бараат трајно решение на проблемот

Овој проблем се повторува со години наназад но, ова лето им било најтешко. Во време на пандемија биле принудени да штедат вода која ја собирале во доцните ноќни часови. Од ЈП Водовод информираат дека во моментов жителите имаат вода за пиење во посочениот дел. Бараат решение за санкционирање на постојаните злоупотреби од несовесните жители кои ги оставаат соседите без вода за пиење. Јулијана Милеска, Велика Ѓонеска и Нада Љаткоска од месноста Надвис, од Велгошти се соочувале со живот без вода од водоводната мрежа два месеци. Тие се дел од 60-тина семејства со околу 240 луѓе кои имаа секнати славини...

Continue reading

Согласно решението на Регулаторната Комисија мора да има поскапување на водата за пиење до крајот на годинава

оа се уредува согласно Закон и Правилник за начин и постапка за утврдување на тарифа на водна услуга. Повлекувањето на предлог одлуката на вчерашната седница е само одложување.    Мало зголемување, корекција на цената на водата се пиење, ќе стартува со решение на Регулаторната Комисија од 2021 година, кажа градоначалникот Константин Георгиески на последната седницана совет. Тој притоа ја повлече од дневен ред точката за утврдување на цена за водата за пиење со која требаше да се зголеми фиксниот надоместок од 72 денари на 100 денари за физички лица и од 100 на 150 ден за правните лица. Градоначаланикот...

Continue reading

Зголемена потрошувачката на вода за пиење во градскиот водовод

 ОД ЈП „Водовод“ апелираат рационално да се користи водата за да има доволно за сите граѓани. Најчесто се соочуваат со злопупотреби на водата од градскиот водоводен систем за полевање на бавчи и  полнење на базени. Потрошувачката на вода за пиење од градскиот водовод е зголемена. Тоа е резултат на зголемениот број на гости во градот, но и на расипничкото трошење на водата со полевање на бавчи и полнење на базени. Во текот на летната сезона се случува жителите од повисоките делови од градот, висококатниците и приградските населби да имаат намален притисок на вода за пиење од водоводниот систем,...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top