Post Views: 1
Земјата се соочува со голем проблем со вселенскиот отпад. Овој проблем ќе се влошува како што расте бројот на компании и влади што лансираат сателити, летала, па дури и туристи во вселената.
Голем дел од она што го испраќаме во вселената на крајот гори во атмосферата, но дел останува во орбитата. Џејк Ебот, професор на Универзитетот на Јута, предвидува дека ситуацијата може толку да се влоши, што Земјата би можела да наликува на Сатурн во иднина.
– Земјата наскоро би можела да има свои прстени. Но тие ќе бидат направени од отпад – изјавил тој за локален...
Post Views: 0
Лондон наскоро ќе му плаќа на British Airways за згрижување на својот отпад. British Airways од комуналниот отпад ќе произведува млазно гориво за своите авиони.
Компанијата најавила дека наскоро со помош на фирмата Solena Fuels ќе почне со производство на обновливо млазно гориво од комунален отпад.
Овој вид на гориво е поефтино од конвенционалното млазно гориво, а ќе помогне да се намали отпадот на депониите за ѓубре.
Отпадот кој е сортиран за рециклирање ќе се претвора во млазно гориво со помош на две технолошки методи, а од British Airways јавуваат дека производството...
Post Views: 8
Пред граѓаните беше промовиран документарниот филм „Собирај, селектирај и рециклирај-научи за ПЕТ во општина Охрид“.
Охриѓани полека се одвикнуваат да фрлаат пластични отпадоци кај што ќе стигнат. Проектот за рециклирање на ПЕТ амбалажата, во овој град е воведен пред половина година. Охрид е меѓу првите градови во државата каде е воведен овој начин на селектирање отпад. Во градот се поставени контејнери и кеси специјално наменети за фрлање пластичен отпад. Проект позитивно се одразува врз заштита на животната средина и ја подигна свеста кај граѓаните, сметаат еколозите.Марија ...
Post Views: 5
Утре во Општинска сала во охрид со почеток во 10 часот ќе се одржи Јавна расправа за „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад за Југозападен плански регион: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Цел на јавната расправа ќе биде конструктивна дискусија за влијанијата на Интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето...
Post Views: 0
Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во неколку региони од државава.
Имено, на последна седница беше усвоена информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион и ги задолжи Министерството за финансии во соработка Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни...
Post Views: 4
Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Димо Хаџи Димов“, „ Париска комуна“, „ Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ – само непарни броеви и „Момчило Јорданоски“ – само парни броеви.
Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„ Механизација“ на ул.„ АСНОМ“. При подигнувањето...
Post Views: 4
Синоќа во Охрид на неколку локации беа запалени пластични контејнерни за депонирање на комунален отпад. На социјалната мрежа Фејсбук се огласи охридскиот градочачалник Константин Георгиевски со осуда за овој вандалски чин.
„Најостро го осудувам палењето на контејнери на неколку локации кое се случило вчера вечер. Уништувањето и вандализмот мора силно да се санкционираат и затоа ги повикувам надлежните да ги откријат вандалите. Ваквиот чин е неразбирлив за мене,а штета трпат сите граѓани на Охрид“ напиша Георгиевски.
Тој пати голема благодарност до противпожарната служба...
Post Views: 0
Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Се работи за набавка на специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни.
Со набавката на специјализираното возило за собирање на комунален отпад, ЈКП „Дебрца“ ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на населението на Дебрца во смисла на навремена достапност до нив, достапност до сите места каде што претходно имаше...
Post Views: 7
Македонија е во античко време, но не само во архитектурата, туку и во третирањето на отпадот. Исклучителни негативни податоци покажуваат дека во земјава владее ниско ниво на свест за селекција на отпадот од компаниите и граѓаните.
Она што што ќе се собере како отпад, наместо во фабрики за негова преработка, завршува на депонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во нашата земја лани биле собрани 610.227 тони отпад, од кои дури 99,4% биле отстранети на депонија. Во 2016 година сме создале 796.585 тони отпад, или 376 килограми по глава на жител годишно.
Во...
Post Views: 0
За нецела година во нашиот регион треба да се воведе систем за интегрирано управување со отпад. Како што за ТВМ открива Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион, прикрај била подготовката на потребна техничка планска документација за воведување на овој современ систем кој би требало да се практицира согласно Европските нормативи. Документите треба да се готови до 2017 година, па после тоа треба да се бараат средства за имплементација на овој значаен проект, додава таа. Лозаноска информира дека проектот покрај Југозападниот плански регион ги вклучува и скопскиот,...
Post Views: 9
Во координација со локалната самоуправа Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведе акција за чистење на просторот помеѓу кампот Љубаништа и реката Черава, простор кој изминативе два месеци беше злоупотребен од дивите кампери. Срамот наречен диво кампување од Черава до плажа Тасе, го чистеа и членовите на „Еко Фап“ и локални жители.
ЕКО- ФАП заедно со персоналот на ресторан Острово и останати доброволци се откажаа од долго пиење на еспресо во некое охридско кафуле и уживаа во придонесот за почист езерски брег на најубавиот дел на крајбрежјето! – вели Горан Устијаноски...
Post Views: 1
Има зголемени количина на отпад од вообичаено на охридските плажи и во градот, информираат од ЈП Охридски комуналец, по зголемената посетеност со домашни туристи овој викенд на крајбрежјето и градот. Стевчо Маслов од ЈП, вели се соочуваме со девијантни појави и некултурни граѓани кои го депонираат отпадот каде што не му е местото и се создава грда слика за градот како туристички центар.
„Во овој период дневните количини на отпад кои ги собира ЈП се околу 300 метри кубни комунален отпад, околу 20 метри кубни хартија., Неделено празниме пластика и собираме колку 50 м3...