Ознака: општина

vino sirenje

Почна фестивалот на вино и сирење во Охрид

Post Views: 3   Плоштадот „Крушевска република“ во Охрид синоќа беше преполн со посетители. На дваесет штандови луѓето имаа можност да ги вкусат разните видови сирења и преработки од млеко, да го дегустираат традиционалнолто бело, розе и црвено вино, а и да се заблажат од пчелните производи. Фестивалот на сирење и вино навистина е магнет за привлекување на туристи, велат граѓаните кои ги анкетиравме „Убаво е да се случува се почесто. Пробав пита со сирење и ѓомлезе. Можам да ја поздравам една ваква манифестација затоа што привлекува доста туристи сакаат да пробаат од овие наши јадења...

Continue reading

свр

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба за две лица од Секторот за комунални дејности

Post Views: 3 СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица Е.С.(59), раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш.(48) советник во Сектор за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.  Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало...

Continue reading

opstina ohrid

Општината со кредит од Светска банка ќе прави капитални проекти

Post Views: 0 Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред  одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра. –Целта на овај заем е финансирање на капитални  инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици  и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески. Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот...

Continue reading

sovet na mladi

Советот на млади при Општина Охрид го одбележа меѓународниот ден на младите

Post Views: 7 Советот на млади при Општина Охрид, денеска одржа свечена седница по повод 12-ти август, меѓународниот ден на младите. Пред младите од локалниот совет се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев според кого младите се носители на напредокот, науката, технологијата. Тој потенцираше дека младите треба да се слушаат почесто и да бидат погласни, зборувањето да не се сведува на постојано негодување и несогласување со донесени одлуки, туку со предлози, идеи и  зборување, не со сила, туку со аргументи, не со страв туку со храброст, со знаење. Јанев посочи дека младите мора...

Continue reading

LS

Јавна расправа

Post Views: 5 Општина Охрид ги поканува месните заедници, и сите заинтересирани правни и физички лица на јавна расправа која ќе се одржи утре, 12ти август, со почеток во 13 часот, во малата сала на општината. На јавната расправа  ќе се презентираат капитални инвестициски програми и тоа:– рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци– набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец– и аплицирање на Општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка. {loadposition conten...

Continue reading

parking Quba

СДСМ: „Локалната ги остави граѓаните без можност за бесплатен паркинг“

Post Views: 1 Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до локалната дека граѓаните ги оставила без можност за бесплатно паркирање. Тие ги посочија паркинг просторите кај полигонот за мали спортови и оној кај Центарот за обука на вода во непосредна близина на плажата Куба Либре. Јован Стојаноски од општинската организација на СДСМ ја обвини локалната самоуправа и охридската ВМРО-ДПМНЕ дека се однесува лицемерно. „Лицемерието се состои во тоа што додека СДСМ ја практикуваше власта во Охрид, постојано бевме критикувани дека наводно нема слободен простор на кој што граѓаните можат...

Continue reading

Smolarski vodopadi

На Смоларскиот водопад ќе се одржи првата Костенијада

Post Views: 56 Во функција на развојот на руралниот туризам и промоција на природните богатства на Беласица, општина Ново Село, в недела на просторот под Смоларскиот водопад ќе ја организира првата Костенијада, манифестација која заедно со етно-фестивалот „Новофест“ треба да придонесе за натамошна афирмација на материјалните и духовните вредности на овој регион. Иницијативата на градоначалникот на Ново Село со одушевување беше прифатена од граѓаните на Смолари, кои изразија целосна подготвеност да учествуваат во реализацијата на овој проект. Целта на манифестацијата е презентација...

Continue reading

ilinden

Македонија утре ги слави двата Илиндена

Post Views: 3 Илинден е празник кој ги обединува сите македонци каде и да се. Денес, еден ден претходно се собравме да го одбележиме најголемиот празник на Македонија и македонскиот народ. Со тоа даваме почит и се потсетуваме на нашите предци кои несебично своите животи ги втемелија во слободата на нашата нација, рече заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, на денешното одбележување на двата Илиндени. „Денес овде сите ние се присетуваме на двата илиндена кога нашиот народ после повеќе векови почна да се буди како културно, така и политички и почна да го крева својот...

Continue reading

ЕКО ФАП стана побогат за уште две противпожарни возила донација од Општина Охрид

Post Views: 13 Станува збор за две противпожарни возила марка ФАП 13 14 кои веќе извесно време се надвор од употреба на ТППЕ Охрид , но својот живот ќе го продолжат во противпожарното одделение во рамките на ЕКО ФАП каде во добро и лошо и понатака ќе служат на граѓаните. Целта е истите да бидат реставрирани , исправни и секогаш во функција на нашиот Охрид. Од ЕКО ФАП со благодарност до Општина Охрид и ТППЕ Охрид за поддршката и препознаенета добра идеја за формирање на доброволно противпожарно друштво за прв пат во нашиот град.

Continue reading

logo

2010 година плодна за стружани

Post Views: 3 Градоначалникот Мерко се пофали со 15% повисок буџет за идната година. Тој голем приоритет дава на урбаната сфера, бидејќи покрај домашните, голем интерес има и кај странските инвеститори за градба. А тука веќе е познато каде се инкасираат средствата. Буџетот на општина Струга за 2010 год тежок над 14 милиони евра. Во споредба со годинава тој е за 15 % повисок. Првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко вели, дека иако се соочуваат со последиците на економската криза, зголемувањето на буџетот за 2010 год се темели пред се на донесувањето на деталните урбанистички планови....

Continue reading

most na zelbite

Ќе се пишува монографија за Охрид

Post Views: 6 Ќе се пишува монографија за Охрид. Тоа ќе биде еден репрезентативен примерок за историјата на градов. Во книгата ќе бидат опфатени сите значајни настани, личности, културно-историски објекти, археолошки локалитети и природни убавини или со еден збор се она што му дава белег на градов. Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид, односно на Секторот за Туризам и локален економски развој. -Во моментов сме во фаза на избор на стручни лица  кои ќе работат на оваа монографија и веднаш штом ќе завршиме со тој избор пристапуваме кон процес на нејзина...

Continue reading

grb

Општина Охрид сеуште го користи грбот во кој е вметнато логото на УНЕСКО

Post Views: 9 Општина Охрид сеуште го користи грбот изработен во 1990 година а кој го содржи знакот за  светско културно наследство на УНЕСКО.  Локалните власти добија препорака од УНЕСКО за промена на грбот.   Според  правилата на оваа меѓународна организација,   симболите на УНЕСКО не смее да се употребуваат во  ознаки на други институции.  Охрид не е испостава на таа организација па да го користи знакот, вели хералд Јован Јоноски претседател на Македонското Хералдичко друштво. Кон крајот на минатата година од Локалната самоуправа имаше најави дека отпочната е иницијатива за промена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top