Ознака: општина

sednica

29та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 5 Охридските Јавни претпријатија се покажаа максимално стабилни според извештаите за нивното работење, изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Додаде дека тоа се должи на залагањето на Локалната самоуправа да им дава работа на ЈП а не на приватни фирми. Спасески посебно се осврна кон локалната социјална политика и предлог мерките со кои планирано е во значаен дел од наплатата да им се олесне на луѓето кои се под социјален ризик. „Општина Охрид по донесувањето на оваа одлука ќе објави оглас, на кој што оглас по точно утврдени критериуми ќе можат да аплицираат...

Continue reading

poddrska na sovet

Дислоцирано одделението за поддршка на Совет

Post Views: 4 Опаѓа квалитетот на функционирањето на Советот на општина Охрид, реагира советникот од ВМРО – НП Јоне Станкоски. Тој нагласува дека не треба да се заборави дека Советот е нормативен орган и согласно Законот за Локалната Самоуправа, тој е највисоко тело во една општина. Станкоски посебно е револтиран од дислокацијата на одделението за поддршка на Советот. „Последно нешто кое што се случи кое што уште повеќе значи деградирање на институцијата Совет, Советничките канцеларии односно одделението за поддршка на Совет кое што беше сместено веднаш до големата сала за седници...

Continue reading

logo

Хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

Post Views: 1 Во рамките на своите програмски определби и цели, Црвен крст Охрид и Општина Охрид заеднички ќе реализираат низа активности со хуманитарен предзнак и широко општествено значење. Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид  „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ на која младите своите спортски вештини и способности ги презентираат преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини, оваа година ќе биде збогатена и со крводарителска акција  под покровителство на Општина Охрид, на која се очекува драгоцената течност да ја даруваат...

Continue reading

opstina ohrid

Закажана 29-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Утре, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи 29-та седница на советот на општина Охрид. На 29-то издание на седницата на Советот,  советниците ќе се најдат извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, годишните извештаи и предлог програми за работа на образовните установи, предлог одлуката за измена на распоред на средствата во Буџетот на општина ЕЛС Општина Охрид 2014 година, за субвенционирање на трошоци за комунални услуги како и низа предлог одлуки од областа на урбанизмот. {loadposition content9}

Continue reading

sdsm Ohrid

Бакрачески си поигрува со оние вработени во општинската зграда во Косел, обвинуваат од ОО на СДСМ

Post Views: 7 Од  СДСМ обвинуваат дека дел од вработените во општина Охрид незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од таму велат дека ветувањaтa дадени пред неколку месеци од страна на градоначалникот дека целата општинска администрација ќе се ротира и по неколку месеци ќе работи во Косел се само празни ветувања. Општинската организација на СДСМ денес одржа прес конференција во врска со вработените во општина Охрид кои според нив незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село...

Continue reading

лого

Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра

Post Views: 1 Фамозниот наследен долг од околу 35 милиони евра за прв пат во историјата на градот е намален, открива првиот човек на општина Охрид, Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека со овој факт треба да биде запозната охридската јавност, со цел да знае дека оваа локална власт уште од самиот почеток на мандатот се залага за решавање на овој горлив проблем, околу наследениот долг од претходната гарнитура. „Она што збирно можам да го кажам во овој момент за вас како медиуми и за охридската јавност е дека долгот на општина Охрид после година и пол раководење со оваа Локална...

Continue reading

kanal

Дождовите доаѓаат, а каналите и речните корита плачат за чистење

Post Views: 3 Од вчера и официјално започна есента, а со тоа доаѓаат и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба. Според она што лани нашите екипи го сработија каналите не се во...

Continue reading

opstina ohrid

Краен рок за талентираните ученици да аплицираат за стипендии

Post Views: 1 Денеска истекува последниот рок за аплицирање на конкурсот кој го објави општина Охрид за доделување стипендии на талентирани ученици од охридските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година. Според планираното ќе бидат доделени 15 стипендии за талентираните ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта и 20 стипендии за талентирани ученици  од II, III и IV година во средните училишта на подрачјето на општина Охрид. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната година. Исто така денес истекува...

Continue reading

општина охрид

Реакција на Локалната на прес конференцијата на СДСМ

Post Views: 2 Како што се покажа , констатацијата на Градоначалникот дека СДСМ нема да настапи со аргументи на говорницата и дека во деновите по неа, ќе организира прес конференции повторно за жал се покажа како точна и денес како и секогаш од како ќе доживеат фијаско на седниците имаме прес конференција на оваа партија, а вчера на седницата имавме наведнати глави и молк.Во интерес на јавноста и вистината уште еднаш чувствуваме за потребно да ги објасниме поволните услови на овој заем кој исклучиво го добива општина која направила извесен напредок во однос на финансиското работење...

Continue reading

лого

Свикана седница на Совет на Општина Охрид

Post Views: 1 Денес во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општината.Советниците ќе расправаат само по една точка на дневниот ред, а тоа се советничките прашања. {loadposition content9}

Continue reading

kabast otpad

Во сабота ќе се подига кабаст отпад во У.З. „Биљанини извори“

Post Views: 6 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 20.09.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 8,,Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено...

Continue reading

nasilstvo

Општина Охрид ниту учествувала во изработката ниту го нарачала спотот за кампањата „Кажи НЕ на насилството“

Post Views: 6 Општина Охрид ни крива ни должна го извлече најдебелиот крај во приказната околку спотот изработен во рамките на кампањата „Кажи не на насилството.“ Ова контроверзно видео предизвика навистина жестоки реакции во јавноста, особено на социјалните мрежи поради начинот на кој во видеото беше пренесена пораката за ненасилство. Коментарите на социјалните мрежи се движеа од тоа дека спотот е полн со стереотипи поврзани со имиџот на насилниците до тоа дека општината со пари на граѓаните финансирала таков спот кој стигматизира. Лавината реакции на сметка на општина Охрид по социјалните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top