29та седница на Советот на Општина Охрид

29та седница на Советот на Општина Охрид. На дневен ред се најдоа извештаите за работењето на Јавните Претпријатија, финансиското работење на основните и средни училишта во градов и нивните програми за работа, предлог мерки за субвенционирање на социјалните случаи за комуналните услуги и предмети од областа на легализацијата.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

spaseskiОхридските Јавни претпријатија се покажаа максимално стабилни според извештаите за нивното работење, изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Додаде дека тоа се должи на залагањето на Локалната самоуправа да им дава работа на ЈП а не на приватни фирми. Спасески посебно се осврна кон локалната социјална политика и предлог мерките со кои планирано е во значаен дел од наплатата да им се олесне на луѓето кои се под социјален ризик.

„Општина Охрид по донесувањето на оваа одлука ќе објави оглас, на кој што оглас по точно утврдени критериуми ќе можат да аплицираат сите оние наши сограѓани кои што имаат социјален статус предвиден во рамки на условите. Потоа ќе следи потпишување на договор со тие лица и општина Охрид ќе ги субвенционира нивните комунални трошоци во висина од 600 денари и тоа кон ЈП Комуналец, Проаква, Нискоградба, и за прв пат ќе субвенционираме трошоци за гробарина“ – нагласува Спасески.

sednicaСпасески нагласи дека полека се стабилизираат и образовните институции.
Координаторот на СДСМ пак, Јован Стојаноски го изрази ставот на опозицијата, односно дека тие нема да ги поддржат точките на дневен ред кои се однесуваат на извештаите за работењето на Јавните Претпријатија, финансиското работење на основните и средни училишта од причина што не добивале комплетни податоци.

„Веќе 10 дена ние упорно ги бараме одредени податоци со кои што можеме на некој начин заокружено да дадеме слика за работењето на ЈП и на опоштинските буџетски корисници а тоа се основните и средни училишта, и ево веќе 10 дена на барањата да ни бидат доставени К2 и К3 обрасците за работењето на општината за задолжувањето на ЈП  и м1 и м2 обрасците кои што се потпишани од страна на Локалната Самоуправа за задолжувањето и неисплатените обврски од страна на општинските средни и основни училишта сеуште тие податоци ги немаме“ – тврди Стојаноски.

Стојаноски исто така забележува што во континуитет 3-4 седници наназад, не ги добиваат навремено материјалите посебно за урбанистичките прашања, односно ги добиваат во очи на седницата, и со тоа не се запазува рокот советниците материјалите по точките на дневен ред да ги разгледуваат 7 дена пред почеток на седницата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top