Post Views: 4
На дневен ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат извештаите за реализација на програмите за равој на туризам, локален економски развој, изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и друго. Градските советници ќе треба да ја одобрат одлуката за распределба на добивката од работењето на МЈП Проаква Струга, а треба да се усвои и финансискиот извештај на јавното претпријатие.
Пред крајот на овој месец ќе се одржи најновото дваесет и седмо по ред издание на седницата на Советот...
Post Views: 5
„Забелешките што се наведени во Извештајот на УНЕСКО, кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, ја покажуваат фактичката состојба на Охридскиот регион. Оваа состојба беше детектирана уште во мониторинг мисијата на УНЕСКО која беше направена во април 2017 година“.
„Општина Охрид, во текот на изминатите две години ги зеде во предвид сите препораки во однос на ова прашање и во рамки на своите законски надлежности сериозно се посвети на исполнување на барањата на УНЕСКО“. Важно е да се напомене...
Post Views: 13
По налог на Општина Дебарца, Јавното Комунално Претпријатие „Дебрца“ започна со акција за расчистување на дивите депонии во село Волино.
Надлежните упатуваат апел до жителите од овој регион, да не фрлаат отпад на локацијата која е расчистена , посочувајќи дека во споротивно ќе бидат приморани да преземат мерки за санкции на несовесните граѓани.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Проблем со посебниот линиски превоз во Струга. Околу 150 средношколци од СОУ „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ деновиве од свој џеб плаќаат превоз од училиште до дома и обратно на релација Охрид – Струга. Родителите се револтирани, бараат одговор од директорите да појаснат на што се должи ваквата состојба, а дел од нив како што кажаа за ТВМ веќе размислувале своите деца да ги префрлат во охридските средношколски центри. Директорот Никола Затуроски, смирува и во име на двата средношколски центри тврди дека до понеделник проблемот ќе биде надминат.
„Вие знаете дека се спроведува...
Post Views: 0
Спoред договорот склучен меѓу општина Дебарца и Здружение на граѓани Проактива во проектот„Енергетска-ефикасна општина“ беа планирани повеќе активности кои успешно се реализираа во предвидениот рок.
Поставени се енергетски-ефиксани прозорци и врати, ламинантни подови и обновена е фасадата на училишната зграда. Оваа инвестиција е со цел учениците да добијат современи услови во образовниот процес. Финансирањето е со 50% од буџетот на општина Дебарца.
{loadposition content9}
Post Views: 8
За некои од корисниците, овие објекти во најголем дел претставуваат единствен извор на егзистенција. Неодамна Советот на Општина Струга донесе одлука за отстранување на урбаната опрема и времените објекти со цел ставање ред при нивното поставување, но и нивно унифицирање. Корисниците велат дека ако се реализира оваа одлука над 500 лица ќе останат без егзистенција. Советот на Општина Струга не ги информира досегашните корисниците дали тие ќе имаат предност при доделување на идните локации и дали воопшто ќе бидат обештетени оние корисници кои досега од свој џеб платиле...
Post Views: 2
Се одбележа 9 мај Денот на Европа на пригоден начин во општина Охрид. Нашата желба и надеж е дека во спроведување на реформите вродуваат со плод и дека РС Македонија наскоро ќе биде рамноправен член на европското семејство, рече градоначалникот Константин Георгиески во обраќањето пред присутните. Охрид како крстосница на цивилизациите и столб на кој е изградена Европската унија е место од каде испраќаме повик за зачувување и негување на општите човекови и хуманистички принципи, рече Георгиески.
„ Ние сме се чувствувале и се чувствуваме како дел од Европа каде што природно...
Post Views: 0
Делегација на општина Охрид, предводена од Емин Селман и Сашо Котели беше на одбележувањето на Патрониот празник- Денот на детето на турската општината Сафранболу.
Во рамки на посетата беше остварена работна посета со градоначалничката на општината, Елиф Косе и со Кајмакамот кој е одговорен во делот на образование, туризам и култура на национално ниво. На средбата се разменуваа искуства во овие области, а се разгледуваа и можностите за реализирање на заеднички проекти.
Градот Сафранболу во Р. Турција е под заштита на УНЕСКО.
Post Views: 2
Градноначалникот Трајкоски го посети с.Требеништа каде се во тек градежните работи за изградба на повеќенаменската балон сала.
Од увидот на лице место каде интезивно се работи на изработка на челична конструкција, на која во понатамошниот тек на изградба ќе се пристапи кон поставување на тенда и осветлување, како прва фаза од проектот и ќе биде во функција за жителите од општина Дебарца.
Средствата за изградба на оваа повеќенаменска сала се издвоени од буџетот на општина Дебарца.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Според официјалните резултати објавени од Државната изборна комисија, со освоени 16.523 гласови, односно 54,36% од избирачите, д-р Константи Георгиески, како кандидат на СДСМ и коалицијата и официјално е новиот градоначалник на Охрид.
Георгиески на вчера одржаниот втор круг од предвремените избори за градоначалник, ја добил поддршката од 16.523 граѓани на Охрид или 54,6 отсто од гласовите на граѓаните, односно 3.855 гласа повеќе од неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски за кого гласале 12.668 лица или 41,68 отсто од граѓаните што вчера излегле...
Post Views: 1
Во последната недела од изборната кампања за вонредните локални избори, оваа среда 17 април, ексклузивно на ТВМ ТелевизијА, дебатна емисија со четворица од кандидатите за градоначалник на Охрид.
Др. Константин Георгиески – СДСМ и коалицијаДр. Митре Милошевски -ВМРО-ДПМНЕ и коалицијаМихаил Трендафилов Нанче – ГДУ-дипл. инжСтевче Стевоски – Демократи -дипл.криминалист
17:00 часот, екслузивно на ТВМ ТелевизијА, слушнете ги нивните визии за Охрид и можните решенија на проблемите кои ги мачат охриѓани.
Post Views: 10
Општина Дебарца деновиве започна со асвалтирање во шест населни места.
Оровник, с.Горенци, с.Требеништа, с.Ботун,с.Ново Село, с.Белчишта со овие градежни зафати се подобрува патната инфраструктура во општина Дебарца сретства се издвоени од буџетот на општина Дебарца со овие активности ќе бидат изградени околу 3.500 м2 улици.
Денес обиколка при изведување на градежните зафати изврши Градоначалникот на Општина дебарца Игор Трајкоски и увиде како тече текот на асвалтирањето. Фирма изведувач на градежните активности е Гранит.
{loadposition content9}