Ознака: овој

agencija za vrabotuvanje Ohrid

Охриѓани не се дел од проектот за вработување на постари лица

Post Views: 31 Општина Охрид не се огласи на владиниот проект за времено вработување на нискоквалификувани и постари лица од 50 години. Од локалната самоуправа велат дека не дека не сакале да им помогнат на своите сограѓани, туку дека апликацијата за проектот во локалната стигнала по електронски пат само два дена пред истекот на рокот за пријавување. Контактиравме и со директорот на ЈП Охридски Комуналец, затоа што лицата опфатени со прокетот требаше да бидат ангажирани за одржување на улици, јавни површини и паркови во општините, поточно ќе им беа од голема помош на вработените од...

Continue reading

suma

Пламна шумата над Кошишта

Post Views: 9   Се случи тоа од што се плашеа и на што предупредуваа кошиштани. Во саботата навечер околу 11 часот вивна ниската вегетација од десната страна на улицата Кирил и Методиј која води од Горна Порта до пумпната станица. Среќа во несреќa e што мештаните брзо забележале дека гори сувата трева па пожарот не зафатил големи размери. Димитрије Блажески, жител на оваа улица раскажува што се случувало во саботата. Тој вели дека 20тина луѓе кој по пижами кој по влечки истрчале да го гаснат пожарот. „Гасневме со кофи вода, со црева кој соо што најде“, вели Димитрије. „За среќа брзо...

Continue reading

motordzija

Успех на моторџиите од М.К. „КЈ АНТЕНИНЕ“

Post Views: 2 Прв настап и успех. Охридските моторџии од Мото клубот КЈ АНТЕНИТЕ, од Шампионатот на Македонија во ендуро „Ендуро Лазарополе 2012“,се вратија со два пехари. Иако клубот е регистриран на почетокот на овој месец, сепак неговите членови неорганизирано возеле многу одамна, користејќи ги терените на околните охридски планини. Дејан Петрески, претседателот на клубот, објасни како клубот го добил своето интересно име. „Идејава за клубов е оригинална, таму научивме сите да учиме крос што возиме и ендуро мотори, на тој дел кај антените, тоа е над Лакочереј и така дојде името...

Continue reading

Лакочереј

Лакочереј се приклучува на канализациона мрежа

Post Views: 2 Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа. „Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а паралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески. Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца...

Continue reading

lideri

Проект-печат на Иванов

Post Views: 3 Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како  би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади ледери...

Continue reading

декамерон

Mјузиклот „Декамерон “на Охридско лето

Post Views: 6  52 -то издание на Фестивалот „Охридско лето“  завршницата во драмскиот дел ќе ја има  премиeрно со мјузиклот „Декамерон“. 13 врвни македонски актери од  МНТ и од  Театарот за деца и младинци, глумат, пеат и танцуваат  во премиерниот проект под водство на бугарскиот режисер Боњо Лунгов. Познатиот режисер проговори за состојбите со овој жанр на нашите простори. Традиција за мјузикли нема, парите секогаш не се пречка ама режисерите тешко се одлучуваат да ги постават на репертоар.  Режисерот се осврна на проектот кој го работеше со актерите од двата македонски театри ....

Continue reading

лого

ВМРО ДПМНЕ: Владата направи потег во интерес на развојот на Охрид

Post Views: 6 Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид сметаат дека чинот на Владата за доделување на градежното земјиште на менаџирање на локалната самоуправа значи спроведување на децентрализацијата како процес. А тоа што овој процес се случува дури сега а не порано, според нив, е резултат на неодговорноста и неспособноста на локалната власт која со години го блокирала развојот на Охрид. „Охрид согласно законските норми ќе треба квалитетно отсега да управува со градежното земјиште и преку тоа да обезбеди квалитетен развој на Општината во иднина.Но довербата во оваа сегашна Локална самоуправа во...

Continue reading

ukica

Канализација се влева во езерото близу СВ. Софија

Post Views: 12 Фекалии пливаат по езерото, реагираат жителите на улицата „Коста Абраш“. Тие велат дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Тоа ни го потврдија и од ЈП „Нискоградба“ од каде објаснуваат дека некои од домаќинствата не сакаат да се приклучат на канализационата мрежа и на колекторскиот систем кој на овој потег се направи пред две години. Од таму објаснуваат дека неможат ништо да сторат бидејќи дел од цевката која треба да се приклучи на најблиската шахта треба да помине низ дворно место што е приватна сопственост. Дејан Паноски, преставникот...

Continue reading

film studenti

Студентите на ЕСРА со мултимедијален настап пред охриѓани

Post Views: 2 Културната понуда во Охрид, летово доби нова квалитативна инјекција. Студентите на универзитетот за аудио-визуелни уметности, заедно со своите ментори, подготвија посебна мултимедијална програма за деликатната аудио-визуелна перцепција на охриѓани. Деканот на факултетот за применета музика, м-р Дарко Мариновски вели дека не е лесно да се организира еден ваков настан, но дека мора да се размислува спонтано. „Тој настан е сеопфатен еден вид на мултимедијален настан кој што е поделен во четири категории, почнувајќи со промоции на книги и презентации на слики, продолжувајќи...

Continue reading

suma

Шумата над кошишта, темпирана бомба

Post Views: 0 Шумата која се наоѓа на потегот од Горна порта до амбулантата Воска, потенцијална опасност за жителите на Урбаната заедница Кошишта. Мештаните  велат дека особено во летниот период во секој момент би можело да дојде до пожар кој би имал катастрофални последици. Жилески Крсте, жител на оваа месност, инаку шумарски инжинер во пензија, вели дека шумата претставува темпирана бомба. Бидејќи голем дел од стеблата се суви и стари, а има и сува ниска вегетација условите за пожар и негово брзо ширење се идеални, предупредува Жилески. За овој проблем жителите од Кошишта алармирале...

Continue reading

carsija

Музиката во Охрид под контрола

Post Views: 3 Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. Тој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста. „Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е предвидена...

Continue reading

kamp za mak.jazik

Летен камп за деца-македонци од Балканот

Post Views: 1 Македонскиот јазик станува обединувачка алатка на сите македонци надвор од границите на нашата земја.  Ова е придобивката од првиот летен камп за децата македонци кои живеат во соседните земји.  Тие во земјите каде што живеат веќе добивале часови по македонски јазик, но  велат дека малку се запознале и со македонската историја и култура. „Па да кажам дека солидно ја познавам македонската историја. Сега ќе почнам и тука да учам во Република Македонија бидејќи почнувам средно училиште.“ „Го знам целиот јазик, целиот македонски јазик. Моите родители исто говорат македонски.“-рекоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top