Ознака: овој

blato vlez

Водните живеалишта-богатство кое мора да се сочува

Post Views: 6 Живиот и разновиден биолошки свет постои дури и на места за кои не сме свесни. Она што загрижува е што недостигот на свеста, неинформираноста или во крајни случаи и намерното загадување, овој разновиден биодиверзитет го деградира и уништува. Денес е светскиот ден за заштита на водните живеалишта, живеалишта како нашето Охридско езеро, како реките кои се сливаат во него, како мочуриштата, како Студенчишкото и Белчишкото блато кои се природни филтри за Охридското езеро. Невладини организации, екологисти и експерти од областа на биологијата и екологијата, денес потсетија ...

Continue reading

zabrana za pusenje

Законот за забрана на пушењето на јавни места не се почитува

Post Views: 4 Охриѓани се жалат дека во голем број од угостителските објекти во градов не се почитува Законот за забрана за пушење. Тие велат дека сопствениците, а и гостите како да подзаборавија на ова законско решение кое беше донесено пред две години од страна на Министерството за економија. Од подрачната единица на државниот пазарен инспекторат пак тврдат дека се прават редовни контроли за тоа колку се почитува или не овој закон. Од таму додаваат дека само во последниот квартал направени се 400 контроли и 500 надзори по угостителските објекти. Изречени се глоби во износ од 38...

Continue reading

gradezni aktivnosti informaticki univerzitet

Информатичкиот универзитет се проширува

Post Views: 4 Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите  со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага.   „Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред се...

Continue reading

Stavreski - Roj

Субрата Рој кажа дел од плановите за Љубаништа

Post Views: 3 Ова езеро е толку големо и убаво, но најважно е што луѓето овде се многу топли. За мене е најважна комбинацијата на убави места и пријатен народ“, рече денеска индискиот бизнисмен Субрата Рој пред новинарите.  Тој додаде дека во Охрид се чувствува како да пронашол нешто одамна изгубено, по што станал емоционално близок со луѓето во овој град.  Рој беше категоричен дека луѓето од Сахра груп не прават мали планови, туку напротив се што прават е во големи размери. Токму поради тоа рече индискиот милјардер за Љубаништа имаат направено една огромна програма , која ќе биде...

Continue reading

kazan corba Ginis

Рибна чорба за Гинис

Post Views: 3 Охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба, со која најверојатно го соборија Гинисовиот рекорд поставен од американски колеџ, за најголема количина рибна чорба. Сето ова се случуваше вчeра под будното око на преставниците на Гинис, на празникот Св. Јован кога традиционално се одбележува Денот на рибарите. „Еве можам да кажам дека Гинисовиот рекорд е соборен, затоа што тој досега изнесуваше 3 тони и 25 литри рибна чорба, а ние правиме 3 тони и триста. Се е снимено и заверено на нотар. Направивме се според инструкциите на Гинис“, вели Љупчо Арнаудов, преставник на здружението...

Continue reading

jagula

Искршена скулптурата јагула на плажата Куба Либре

Post Views: 2 Искршена скулптурата јагула поставена на плажата Куба Либре. Оваа скулптура долга 172 метри поставена на овој простор од мај 2011 година е туристичката атракција за градот. Сега глетката оддава тажна слика на еден вандалски чин со кој се покажува негрижата на поединци  кон општественото добро. Ваквите вандалски однесувања се се повеќе зачестена општествена појава. На овој потег пред нешто повеќе од еден месец на шетачката патека кон Горица настрада и „Паркот на пријателството“. Тогаш беа искршени поставените мермерни  плочи со имињата на збратимените градови со Охрид....

Continue reading

ulicno osvetluvanje

Дел од „Марко Нестороски“ подолго време во мрак-се жалат жителите

Post Views: 44 На дел  од улицата „Марко Нестороски“ подолг период не функционира уличното осветлување. Во близина на улицата се наоѓа и основното училиште „Христо Узунов“ каде гравитираат голем број на млади и деца. Еден жител на оваа улица ни се пожали дека во вечерните часови, на овој дел од „Марко Нестороски“ ништо не се гледа. Велат дека дефектот одамна бил пријавен. „Околу два и пол до три месеци месеци. Интервениравме до општина Охрид, до раководителот Сашо Велјаноски. Бевме известени дека наводно корпата била расипана. Денес, утре, секој ден така. Неделно се јавуваме по еднаш,...

Continue reading

avtopat

Кинескиот кредит за автопатот до Охрид влегува во собрание

Post Views: 5 Започнува постапката околу кинескиот кредит за изградба на автопатското решение од Кичево до Охрид и патниот правец од Охрид до Свети Наум. Овој кредит кој македонската и кинеската влада го потпишаа уште во месец Ноември минатата година, наскоро ќе добие и собраниски легитимитет. Владата на Република Македонија, на 9ти овој месец до Собранието го испрати предлог-законот за ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина. „Денес ексклузивно го овјавувам...

Continue reading

dzubre

Охридски Комуналец во акција

Post Views: 7 Охридски Комуналец во акција. Екипите на ова Јавно Претпријатие по втор пат, веќе два дена во услови на  дожд, излегоа на терен  за ги чистат отпадоците расфрлани странично од коловозната лента на влезот на Охрид од петљата па се до Подмоље, како и од Биљанини извори до Св Наум. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека тоа го прават за да ја тргнат лошата слика на расфрлан смет на патниот правец кој води до Охрид, бидејќи очигледно дека тоа не му смета на претпријатието под чија што надлежност е овој патен правец. „И минатата година во месец јули откога увидовме...

Continue reading

preku ezeroto

„Преку езерото“, проект за унапредување на интеркултурниот дијалог

Post Views: 2 Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект. „Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени...

Continue reading

Плаошник

Културното наследство на Охрид ќе биде презентирано преку дигитални медиуми

Post Views: 1 Домашната и светската јавност ќе имаат можност преку современа дигитална технологија и на сосема поинаков начин да го доживеат огромното културно наследство на Охрид. За прв пат ќе биде преставена 3Д графичка реконструкција на ранохристијанската базилика на Плаошник.  На 18 и 19 јануари проектот ќе биде промовиран на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам, чиј домаќин е Охрид, а на кој ќе учествуваат голем број земји. Рубин Земон, еден од иницијаторите на меѓународната конференција,  ја нагласува идејата за ревалоризација на културното...

Continue reading

Vodici

Богата програма за Водици 2013 година

Post Views: 14 Се ситнат деновите до еден од најголемите православни христијански празници-Богојавление-Водици. Охрид ги прави последните подготовки околу самата организација како би им понудил на сите верници, туристи и посетители незаборавно доживување. Димитри Пендоски, од организациониот одбор на здружението „Богојавление“ вели дека тие нивните подготовки за оваа манифестација ги прават во текот на целата година. Пендоски изрази благодарност до кумот за водици 2012та, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот придонес во оваа значајна манифестација, а со своите активности започна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top