Ознака: овој

Google претстави самовозaчки автомобил

Post Views: 1 Google овие денови направи голем чекор во развојот на самовозачките автомобили. Овој технолошки гигант почна сам да произведува свои прототипи на автомобили на иднината и на тој начин си отвори простор за потполна дизајнерска слобода и претставување на интересни концепти, како што е овој автомобил без управувач. Од Google напомнуваат дека трите прототипа кои моментално се користат како испитни модели првенствено се дизајнирани за посматрање и учење, а не за стил и удобност. Првиот фактор на кој се обрнува внимание е подобрување на сигурноста во сообраќајот и затоа ова...

Continue reading

Ohrid star del

ЛДП на локалната ќе и понуди проект за Стариот дел на Охрид

Post Views: 24 Охридските либералдемократи за 100 дена на градоначалникот му нудат предлог проект за Стариот дел на Охрид, за кој велат дека сериозно го подготвувале во изминативе две години. Претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески вели дека тие како опозициона партија  не го испочитувале молкот од 100 дена, сметајќи  дека подобро е да се рагира на проблемите тогаш кога ќе се случуваат, отколку да се остават и работите да излезат од контрола.  Блажески смета дека средувањето на Стариот дел е приоритетен проект на кој треба да работи локалната. „Го изработија луѓе професионалци во...

Continue reading

arhitektrura

Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Post Views: 3 Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн организирана од Факутетот за архитектира и дизајн при Американ Колеџ, Скопје. Во текот на една седмица, триесеттина студенти од овој факултет,  работеа на изработка на проекти на три локации во Охрид, на плоштадот кај Чинарот, кај поранешното училиште Свети Сава и на Долни Сарај. Владимир Георгиев, студент на трета година на скопскиот Американ колеџ, беше дел од летната школа за архитектура и дизајн. Георгиев е задоволен од можноста да  работи и учи од  врвни имиња од светот на архитектурата, а не го крие воодушевувањето...

Continue reading

пожар

Станарите од опожарената зграда на булеварот „Туристичка“ добија електрична енерија

Post Views: 2   На станарите од опожарената зграда бр.4 на булеварот „Туристичка“ конечно им светна. Тие вчера напладне добија електрична енерија. Поради пожарот кој пред единаесет дена ја зафати зградата од електричната инсталација станарите останаа без струја речиси една недела. Откога Градоначалникот Никола Бакрачески пред шест дена најави дека Локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзините можности за санација на штетите, работите тргнаа на подобро, велат станарите. Во акцијата за помош се вклучија и советниците, стручни служби и специјализирана фирма од Охрид. „По објавата...

Continue reading

Стадионот во Сао Паоло блокиран

Post Views: 6 Илјадници бездомници ја блокирале Коринтианс арената во Сао Паоло на која идната недела треба да се отвори Светското првенство во фудбал. Протестантите се неадоволни од високите трошоци за организација на Светското првенство и бараат владата наместо во стадиони да вложува во здравството, образованието и транспортот. Околу 10.000 лица од стадионот се упатиле кон улиците на Сао Паоло и ја блокирале една од главните улици од градот, а им се придружиле околу 500 пензионирани полицајци кои бараат поголеми пензии. Овој протест се случил, откако претседателката на Бразил Dilma...

Continue reading

Sahara Group

Градоначалникот Бакрачески денес се сретна со претставници од „Сахара Груп“

Post Views: 7 Претставници од индиската компанија „Сахара Груп“ на инвеститорот Субрата Рој, денес оствариле кратка средба со градоначалникот Никола Бакрачески. На оваа средба, градоначалникот ги информирал до каде се активностите околу изградбата на туристичкиот комплекс во Љубаништа. Претставниците на „Сахара Груп“ пак го информирале градоначалникот дека на 11ти и 12ти Јули во Охрид ќе престојува и претседателот на „Сахара Груп“, индискиот инвеститор, Субрата Рој. Во текот на овие два дена ќе се одржи и работна средба на која учество ќе земат самите инвеститори, претставници од...

Continue reading

jankuloska i bakraceski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Н.У „Фестивал Охридско лето“

Post Views: 9 Преку потпишување на меморандум, означен почетокот на интензивната соработка помеѓу помеѓу Општина Охрид и Националната установа „Фестивал охридско лето“.Никола Бакрачески Градоначалникот на Охрид, пред самиот чин на потпишување на меморандумот истакна дека оваа сорaботка е резултат на неколкумесечните средби со директорот и службите на „Охридско лето“ во кои се дефинираа начините на соработка и механизмите за имплементација на подготовките за што подобра  организација на фестивалот. „Како круна на овие состаноци и соработка доаѓа потпишувањето на овој меморандум од...

Continue reading

Ohrid

Со здружени сили до европски пари

Post Views: 0 Регионот Охрид, Струга и Поградец има заеднички климатски и еколошки карактеристики. Првите луѓе на овие општини  велат дека заедничка цел им е овој регион во иднина да го развијат преку интензивирање на меѓусебната заедничка соработка,   преку формирање на една заедничка стратегија  која ќе биде појдовна основа за развој на идните економски политики на овој регион. „Јас сум убеден дека кај градончалниците, но и кај институциите на локалните самоуправи на овие три града кои гравитираат околу Охридксо езеро постои доволна желба и мотив, но и енергија сите проекти кои...

Continue reading

prevoz

Времено замрзната исплатата на патните трошоци за наставниците од Охрид

Post Views: 3 На почетокот на минатата учебна година, претходната Локална самоуправа и регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК од Охрид потпишаа меморандум со кој, Општина Охрид ги презеде трошоците за превоз на наставниците. Но, пред самиот крај на оваа учебна година, времено се замрзна исплатата  на патните трошоци за  превоз на наставниците од Охрид и селата кои гравитираат кон нашата општина. Димитар Спасески, секретар на општина Охрид објасни дека една од причините за ваквиот потег на локалната, се резултатите од направената анализа...

Continue reading

Gjerdan

КУД „Ѓердан“ слави 45 години игри, песни, музика, историја

Post Views: 4 Генерации и генерации, сегашни и минати членови на културно уметничкото друштво „Ѓердан“, денес слават прекрасен јубилеј. Носителите на една култура, на македонски фолклор, на убава музика, на дружби, на радосни мигови и мигови на тага, со промоцијата на една убава монографија напишана од етнологот Оливера Мишева, го започнаа прославувањето на 45 годишното постоење на КУД „Ѓердан“. Неговиот претседател, Методија Бараковски-Менде, вели дека невозможно е накратко да се раскаже историјата на „Ѓердан“, дека за тоа би биле потребни денови и денови. За монографијата „45 години...

Continue reading

den na ezeroto

Охрид домаќин на манифестацијата „Ден на Езерото“

Post Views: 3 Со пригодна свеченост на Градскиот плоштад во Охрид и стартот на кружниот велосипедски маратон денеска беше одбележан 21 јуни – Денот на Охридското Езеро. На манифестацијата присутвуваа градоначалниците на трите града на охридското крајбрежје, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на Струга Зијадин Села и на албанскиот град Поградец – Артан Шкембиј. Градоначалниците едногласни дека постои голема желба , мотив и енергија од трите градови на Охридското езеро за реализирање на заедничките цели во однос на заштитата на езерото, кое нуди огромни можности и кое...

Continue reading

ezero

Охрид домаќин на „Ден на езерото“

Post Views: 11 Уметничка програма, забава, велосипедски караван околу крајбрежјето на Охридското Езеро, се само дел од содржините од заедничкото одбележување на Денот на Езерото, на трите соседни града Охрид, Струга и Поградец. Нашиот град годинава, домаќин на оваа манифестацијата. Промоција на целокупната туристичка понуда на охридското крајбрежје, е само дел од низата активности предвидени во рамките на одбележувањето на овој настан, изјави Ѓоко Апостоловски, раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој. Воедно Апостолоски најави што ќе се случува во текот на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top