Ознака: овој

futsal

Футсал екипата од ОУ „Христо Узунов“ прва на регионалниот натпревар во Кичево

Post Views: 7 Футсал екипата од охридското основно училиште „Христо Узунов“ убедлив победник на регионалниот натпревар во Кичево. Со три последователни победи и фантастична гол разлика од 19 дадени и само 4 примени гола, екипата од нашето основно училиште заврши како првопласирана на овој регионален натпревар. Со тоа, тие автоматски изборија учество на републичкото натпреварување. На натпреварувањето, како најдобар стрелец беше прогласен Александар Ѓорѓиоски со постигнати 8 погодоци. Инаку регионалното натпреварување се одигра во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево. {loadposition...

Continue reading

Природни чистачи на црниот дроб

Post Views: 3 Црниот дроб ја чисти крвта од отрови, ги чува витамините и железото, ги разградува хормоните и го оддржува нивото на гликоза во крвта. Затоа ви претставуваме попис на намирници кои проверено ја чистат најголемата жлезда на човечкото тело од хемиски загадувачи како тешките лекови, алкохолот и масната храна. –Лук – Овој природен антибиотик е преполн со сулфур кој ја поттикнува работата на ензимите од црниот дроб и така му помага на телото да ги лачи отровите. Лукот исто така има алицин и селен кои се природни чистачи на црниот дроб. –Овошје богато со С-витамин...

Continue reading

ucenici

Заедно против деформитетите на рбетниот столб и на стапалата кај децата

Post Views: 3 Расте процентот на деформитети на рбетниот столб и на стапалата кај децата од предучилишна возраст. Причина за тоа најчесто е нивната слаба физичка активност и неправилно седење и одење ,  вели директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска. После петтата година веќе може да се констатира доколку има деформитет кај некое дете, додава таа. Поради тоа од почетокот на наредната година во оваа предучилишна установа ќе спроведат систематски прегледи за рано откривање на деформитетите на мускулно- скелетниот систем. Се превземаат чекори зеадно со Центарот за јавно...

Continue reading

sv.kliment

Со голем број настани се чествува патронот на градот

Post Views: 6 Точно напладне, претставници од локалната самоуправа, странски делегации, претставници од политичките партии и охриѓани, на градскиот плоштад се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски. Свој настап имаше и црковниот хор на Св. Богородица Перивлепта кои пред присутните гости и изведоа неколку црковни песни. Утрово , граѓаните се поклонија пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата на Плаошник каде имаше света литургија, а положија цвеќе и пред споменикот во основното училиште што го носи името на патронот. Во рамките на Светиклиментовите...

Continue reading

vestacka treva

Првите топки се растркалаа на новото фудбалско игралиште со вештачка трева

Post Views: 0 Првите топки се растркалаа на новото фудбалско игралиште со вештачка трева. Денес во рамките на свечената програма по повод големиот празник „Свети Климент Охридски“-Патрон на градот, официјално беше отворено најавуваното фудбалско игралиште. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реализацијата на овој проект ќе даде нов импулс во развојот на спортот во Охрид. „Се надевам дека овој терен на вештачка трева кој што е изграден по највисоките стандарди на УЕФА, коишто воедно се и донатори на вештачката трева, дека ќе биде одлична можност за сите оние фудбалски друштва...

Continue reading

Никола Бакрачески

Градоначалникот Бакрачески на сите православни верници им го честита празникот Св.Климент Охридски

Post Views: 8 По повод големиот празник посветен на закрилникот на Македонскиот народ и патрон на МПЦ ОА и градот Охрид, градоначалникот на Охрид, г.Никола Бакрачески до сите православни верници упати честитка во која се вели: „Почитувани сограѓани, овој голем ден за Охрид и целиот Македонски народ, не потсетува на благодетта која овој голем светец и просветител ни ја оставил , како потврда за нашето непресушно универзално дело од кое се напојувале и многу други народи надвор од Македонија. Духот на Свети Климент и денес бдее над Охрид и ни го осветлува патот кон иднината. Големото,...

Continue reading

zraci

Дневниот центар „Зраци“ ќе оди под општинска капа

Post Views: 1 Со завршувањето на проектот на UNDP, преку кој една година беа финансирани вработените во центарот, неизвесна беше и судбината на функционирањето на самата установа. Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со попреченост, неизвесна беше судбината на оваа важна установа во нашиов град како и судбината на двете ангажирани лица во неа. Со завршувањето на проектот на UNDP, преку кој се плаќаа надоместоците за вработените, се поставува прашањето кој сега ќе се грижи за оваа установа? Димитар Спасески, секретарот на Општина Охрид истакна дека  и градоначалникот...

Continue reading

Историски момент за автономните автомобили

Post Views: 6 Автомобилите без возач сѐ побрзо и поинтензивно влегуваат на патеките тестирајќи го она што на многумина беше потполно незамисливо, ѕверката на Ауди ја допре новата горна граница која го одзема здивот. Спој на врвната технологија и страст спрема брзините овозможуваат автомобилот без возач да оборува рекорди. Имено, на познатата патека во Хокенхајм за време на финалната фаза од DTM сезоната, инженерите на Ауди го претставија најбрзиот автомобил, без возач, во овој момент. Станува збор за екстремно моќен и брз автомобил од неверојатни 560 КЅ, а тоа е Ауди RS7 кој дефинитивно...

Continue reading

jaffa

Jaffa Ресана повлечена од продажба

Post Views: 10 Откако кексите „јафа“ на српската фабрика „Црвенка“ пред два дена биле повлечени од словенечките продавници поради „опасни состојки во амбалажата“, македонската Агенција за храна и ветеринарство вчера наложи тие да бидат повлечени и од продавниците во земјава.   Причината за повлекување на овој производ лежи во неисправната амбалажа, која може да биде опасна по здравјето. Картонската амбалажа, во која производителот Црвенка го пакува овој производи, содржи бензофенон и 4-метилбензофенон, кои може да навлезат во колачињата. Според словенечкиот здравствен инспекторат,...

Continue reading

koncert

По петти пат во Охрид, „Звуците на Египет“

Post Views: 2 Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ го отвори Фестивалот на музичкото и фолклорно творештво на Египќаните од Македонија „ Sound of Egypt“, што се одржува по петти пат. -Како град  на соживотот во кој се негуваат различните култури и вредности,овој фестивал зазема посебно место на културната и фестивалска мапа на Охрид. Почитувани, ова е Ваша ноќ. Вечерва преку музиката и танцот, ќе биде отсликан духот, енергичноста и љубезноста кои се одлика на етничката група на која вие припаѓате .  Со желба  овој фестивал,...

Continue reading

logo

Обид за убиство во Кичево

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А.(22) од Кичево. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово. Кривичното дело е извршено на 18-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Тука, во близина на џамијата во кичевската населба „Бела кула“ пријавениот се обидел од живот да го лиши СФ. (19) нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на грбот по што избегал од местото...

Continue reading

Новиот iMac “all in one” со фантастичен 5К “retina” екран

Post Views: 1 На вчерашното претставување на Apple дискретно се појави и новиот iMac компјутер со различни хардверски перфоманси, но со брилијантен “retina” екран. Станува збор за iMac компјутерот кој во конфигурацијата оди со 27 инчен екран кој ќе има резолуција од 5120 х 2800 пиксели, што во пракса значи неверојатни 17,7 милиони пиксели и резолуција од 5К, а тоа е зголемување од 4 пати во однос на класичниот 27 инчен iMac без retina екран. Секако, новиот iMac доаѓа со нов OS X Yosemite оперативен систем, кој Apple  го претстави вчера во комбинација со хардверските карактеристики...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top