Футсал екипата од ОУ „Христо Узунов“ прва на регионалниот натпревар во Кичево

На турнирот во Кичево, младите фудбалери од ова наше основно училиште завршија на првата позиција.

 |  Мишел Наумоски  | 
futsal
футсал

futsal HristoФутсал екипата од охридското основно училиште „Христо Узунов“ убедлив победник на регионалниот натпревар во Кичево. Со три последователни победи и фантастична гол разлика од 19 дадени и само 4 примени гола, екипата од нашето основно училиште заврши како првопласирана на овој регионален натпревар. Со тоа, тие автоматски изборија учество на републичкото натпреварување. На натпреварувањето, како најдобар стрелец беше прогласен Александар Ѓорѓиоски со постигнати 8 погодоци. Инаку регионалното натпреварување се одигра во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top