Ознака: овој

firom

Македонија и како домаќин е ФИРОМ

Post Views: 4 Конференцијата против трговија со луѓе-место на уште еден дипломатски скандал. На оваа конференција учествуваа претставници од земјите од регионот меѓу кои се најдоа Србија, Албанија, Грција и Косово. Додека одговараше на прашања кои се однесуваа на трговијата со луѓе, Фериде Рушити, претставничката на Рехабилитациониот центар за траума од Косово набројувајќи ги земјите од регионот со кои соработувале на овој проект, кон нашата земја се обрати со привремената референца ФИРОМ. Ова наиде на реакции кај присутните новинари, но не и кај останатите. Рушити се извини за...

Continue reading

И лебот ќе стане луксуз за граѓаните

Post Views: 0 Векна леб, луксуз за најголемиот број граѓани во Македонија. По се изгледа со најавените нови поскапувања и овој основен прехрамбен продукт за многумина ќе стане недостижен. Граѓаните секојдневно се соочуваат со серија поскапувања, но најавата за зголемување на цената на лебот предизвика најжестоки реакции. Во ситуација кога платите остануваат закопани во место со години наназад, обичниот човек одвај врзува крај со крај. Кога на ова ќе се додадат и сметките за струја, вода, комунално, преживувањето на месецот за обичниот човек станува невозможна мисија. Локалните производители...

Continue reading

Недостиг на спортски објекти во Охрид

Post Views: 0 И оној мал број на деца кои го сакаат спортот, немаат каде да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Спортот во нашиов град е ставен на маргините на опстојувањето. Во време кога нашата младина најголем дел од своето време го минува пред компјутер, ние се соочуваме со недостиг на спортски објекти. Дури и оние деца кои го сакаат спортот, поради тој недостиг, не можат да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Од моментот...

Continue reading

Osnoven sud Ohrid

Судењето на Шапкар одложено, по трет пат

Post Views: 17 Никако да се спојат коцките од мозаикот за разрешница на случајот со глисерската незгода. Повеќе од јасно е дека овој судски спор премногу се одолговлекува. После првиот претрес за глисерската незгода, која се случи на 22.08.2009 во водите на Охридското езеро,  во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, следуваат три одлагања на главниот претрес и сите поради неприсуство на некој од главните носители на овој настан. Овој пат неприсуството на Емил Балабан, адвокатот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше главна причина поради која се одложи рочиштето. Судијата...

Continue reading

puknatini

Kој ќе ги санира новите пукнатини на улицата Јане Сандански

Post Views: 9 Нови пукнатини и вдлабнатини на тротоарот и коловозот на улицата Јане Сандански. Дел од овој коловоз пред извесно време беше затворен заради безбедноста на учесниците во сообраќајот. На тој дел асфалтот е распукан, а на тротоарите се појавија вдлабнатини. Согласно договорот кој го има потпишано изведувачот на градежните работи, доколку се утврди дека е причина за овие проблеми се градежните зафати должен е да ги санира, вели Зоран Шикалоски советник за патишта во локалната самоуправа. Шикалоски признава дека вакви пукнатини има не само на овој дел туку по целата улица....

Continue reading

uzurpirani trotoari

Злоупотреба на тротоарите

Post Views: 5 Злоупотреба на тротоарите во градов има. Безбедносните зони за пешаци, посебно во делот на крајбрежната линија, узурпирани некаде во целост а некаде само на дел од нив. Охриѓани сметаат оти сопствениците на дел од угостителските објекти во овој дел од градот, си го гледаат само сопствениот интерес, не водејќи сметка за безбедноста на движењето на пешаците.Одобренија за поставување урбана опрема издаваат од Секторот за Урбанизам. Тихомир Дурнев, од тој сектор, вели дека секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој...

Continue reading

predavanje

Семинар или „факс“?

Post Views: 2 Од колкава помош за младите е неформалното образование? Сведоци сме дека честопати одредени лица кои имаат подолго искуство на одредена проблематика, имаат многу погoлеми вештини за одредено работно место, отколку лице кое штотуку дипломирало. Во последно време дури и одредени земји членки на ЕУ го признаваат бенефитот од овој вид на стекнување со знаења и вештини, па дури се направени обиди и  да го официјализираат, вели Исмаилоска Нола од НВО – Младински креативен центар – Велес. Од едната страна го имаме формалното образование стекнато во образовните институции кои...

Continue reading

Zeleznicka

Се санираат отворените шахти на „Железничка“

Post Views: 0 По поплаките на граѓаните до нашата телевизија за оставените отворени шахти на магистралниот пат „Железничка“, надлежните на терен го санираат проблемот. Од ЈП „Нискоградба, велат дека има уште неколку шахти кои се оставени необезбедени, иако тие не се надлежни за санирање на шахтите, туку  одговориле на повикот од изведувачот „Илинден“. Хусеин Ќато, раководител на секторот за одржување и изградба на канализација при ЈП Нискоградба, вели дека доцнењето на санацијата се должи на временските услови. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет на барањата на граѓаните,...

Continue reading

raskopana ulica

Раскопан патот во населеното место Велгошти

Post Views: 1 На поплаките од жителите дека овој дел од патот се раскопува по втор пат, Цветкоски вели дека тоа е така затоа што најпрво се поставувала канализација, па нова водоводна линија и дури сега се поставува атмосферска канализација. Не  е возможно сите активности да се изведуваат истовремено, додава директорот на ЈП„Нискоградба“. Темпото со кое се одвиваат сите започнати активности е според зацртаниот план. Се надевам дека до Велигден ќе се завршени сите активности.Владо Цветкоски директор на ЈП„Нискоградба“ објаснува дека активностите за ставање на атмосферска канализација...

Continue reading

piter bruk

Прогласен добитникот на светската награда за хуманизам

Post Views: 5 Веќе пет години по ред традиционално се доделува светската награда за хуманизам. Овогодинешниот добитник Питер Брук синоќа беше прогласен во куќата на Уранија. Од страна на седумчлено интернационално жири одлучено е наградата да ја добие овој светски познат англо-француски режисер. Со своето долгогодишно работење, како на европската, така и на светската сцена, овој театарски и филмски режисер е заслужен за ова престижно признание, вели Зоран Велјаноски, секретар на Охридската Академија на хуманизмот. Поради отсуството на Питер Брук, во негово име наградата ја прими францускиот...

Continue reading

ilinden

Одложен судскиот процес за бродот „Илинден“

Post Views: 3 Денеска во Основниот суд во Охрид, одложен судскиот спор за потонувањето на бродот „Илинден“. По втор пат, на главниот претрес, иако, претходно бил уредно поканет, не се појави второ обвинетиот Бранко Баиќ, претставникот на осигурителната компанија „Лојд“, кој живее во Белград. Обвинителот Зоран Митрески, даде предлог до судијката Милка Танеска, која го води овој претрес, на второ обвинетиот Баиќ да му се суди во отсуство. Поради оваа причина, Танеска го одложи денешното рочиште за 28 февруари, како би имало време Баиќ да биде известен за предлог решението Судскиот...

Continue reading

Vasilica

Се празнува Православна Нова Година

Post Views: 1 Православна Нова година или уште позната и како Василица се празнува на 14 јануари. Православните верници на овој датум го слават споменот на Свети Василиј Велики. Според преданијата Василиј сакајќи да им го олесни животот на христијаните  им разделил погачи во кои имало паричка за да можат да  купат храна и да ја дочекаат Православна Нова година. Се верува дека од овој гест на Василиј произлегува и обичајот до ден денес на овој ден да се прави пита со паричка. Се верува дека тој што ќе ја најде паричката, во текот на целата година ќе го прати здравје, среќа и успех....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top