Ознака: овие

komarec

Комарците доаѓаат

Post Views: 5 Наскоро треба да започне овогодинешното прскање против комарци. Од Локалната самоуправа од Охрид велат дека се подготвени. Симон Илиевски, портпаролот на Општината вели дека како и секоја година и годинава се подготвени за запрашувањето против овие инскети. Бидејќи Охрид е туристички центар кој летово очекува илјадници туристи, не сакаме, комарците да ја расипаат сликата и уживањето во летото во градот. „ Деновиве треба да се распише тендерот за избор на фирма која ќе го врши запрашувањето против комарци. Се работи според тендерската документација за специјализирана...

Continue reading

pedijatri

Со размена на искуства до подобри резултати во педијатријата

Post Views: 1 Целиакија, ларингит, бронхолит, даунов синдром, ова беа дел од темите на кои денес се разговараше на педијатриските стручни средби на медицинските сестри кои се одржаа во хотел Мизо во Охрид. На овие средби учествуваа 110 медицински сестри од државава. Целта на овие средби кои се одржуват години наназад е размена на искуства помеѓу персоналот во педијатриските одделенија ширум Македонија. Гордана Јонческа Маџоска, медицинска сестра во педиатриското одделение при општата болница во Охрид вели дека работата со деца е многу специфична. Од една страна е големо задоволство...

Continue reading

horisti

Охриѓани доминираа на регионалните хорски смотри

Post Views: 0 И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“. Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево. Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид. Двата прво пласирани...

Continue reading

kalendar

Талентирани деца има и во Охрид

Post Views: 3 Десарт, Дјелза и Деа Елмази се три исклучително талентирани второоделенци, чиј што најголеми интереси се музиката, ликовната уметност и математиката. Сите тројца литературно говорат и три јазици. Своите големи интелектуални способности несебично ги користат за да им помогнат на своите другарчиња од училишните клупи. Нивната мајка Шпреса Скоро Елмази, вели дека нејзините деца се надполнуваат меѓу себе кога станува збор за нивните таленти, но одговорноста  да се биде родител, да им се помага на три волку талентирани деца е огормна. „ Тие сами навистина и повеќе од мене...

Continue reading

plazi koncesii

Само пет охридски плажи добија концесионери

Post Views: 8 Само третина од охридските плажи добија свои концесионери. Многуте препукувања и несогласувања помеѓу досегашните концесионери и Министерството за транспорт и врски денес добија епилог. Наместо 15, само 5 плажи добија свои концесионери на  електронското наддавање кое го организираше Министерствотото за транспорт и врски. Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео-Извори и Канео-Потпеш добија свои најповолни понудувачи. Физичкото лице Венко Мостров, потоа правните лица Фаланга Алфа Тим, ТД Бела Виста, Диокан ДООЕЛ Охрид и физичкото лице Томе Тримчев соодветно се концесионерите...

Continue reading

pcelari

Зголемени субвенции за одгледувачите на пчели

Post Views: 10 Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед. „Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

jajca

Велигденските јајца солени

Post Views: 5 Охриѓани за еден шаблон јајца  од својот буџет треба да издвојат од 230 до 280 ден. Се стравува дека како што наближува Велигден цената ќе се искачи и до 300 ден. Граѓаните се видно изреволтирани поради превисоките цени на јајцата во очи празникот. Продавачите на јајца велат дека има реални причини зошто цените се повисоки од лани. Регионт на Балканот го потресува таканаречена кајгана криза.Тоа е поради екстремно ниските температури кои ги имавме оваа зима и поради ригорозните прописи во ЕУ кои забрануваат одгледување на кокошки-несилки во жичени кафези, бидејќи тоа...

Continue reading

plaza

Распишан конкурсот за давање на oхридските плажи под концесија

Post Views: 3 За помалку од еден месец ќе се знаат новите газди на Охридските плажи. Министерството за транспорт и врски го распиша јавниот конкурс за давање под краткотраен закуп земјиште сопственост на Република Македонија, наменето за плажи на охридското крајбрежје. Условите наведени во него се крајно неповолни и арогантни, речиси за сите поранешни, а и потенцијални концесионери, вели Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер на плажа. „ Условите за конкурирање за секоја плажа се крајно неприфатливи, пред се од финансиска гледна точка . А не знам и од кои причини и голем број од плажите...

Continue reading

logo opstina

Не знаеме, не можеме или не сакаме

Post Views: 1 71 милион денари повеќе од една година чекаат во Министерството за Транспорт и врски Општина Охрид да се сети и да ги подигне. Овие средства се грант кој го издвоила Владата за Охрид, за изградба на систем за водоснабдување и одведување на отпадни води. За подигање на овие пари Општина Охрид не мора да изготви проект туку треба само да донесе одлука на совет и да прецизира за што точно ќе бидат искористени. Што е многу важно истите се неповратни. Локалната исто така може да дојде и до пари преку претпристапна помош во вид на грантови од Европската унија. Општините од...

Continue reading

fzom

Како да се дојде до лекарско боледување?

Post Views: 0 Ако сте за пократко, без грижи, и според новиот правилник за издавање на боледувања брзо ќе добиете боледување. Пациентите лесно и на поедноставен начин ќе доаѓаат до своето боледувања ама до седум дена. До овие седум дена потребен им е само матичниот лекар. Над седум дена, односно до и над 15, до 30 или 60 дена малку потешко-велат матичните лекари. Новиот правилник ќе стапи на сила од 1ви Април, а во себе содржи цела низа критериуми кои мора да бидат исполнети за да се дојде до очајно потребното боледување. „Потребни се комплет стандардни лабораториски испитувања комплетна...

Continue reading

komitet

Прес конференција во два дела

Post Views: 2 О.К на Вмро-Дпмне поттикнат од вчерашната маратонска седница на Советот на оштина Охрид, повторно се обиде да добие одговор од мнозинството во Советот предводено од СДСМ заедно со  Градоначалникот Петрески, на како што велат, клучните прашања од интерес за граѓаните на Охрид. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски запраша како е можно околу 36 плус 35 милиони денари од Буџетот на Општината да се исплатат за ставки комунални услуги,греење,поправки и одржување, а не се одговори на тоа зошто бесцелно се троши буџетот кога улиците Питу Гули, Радојца...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top