Post Views: 0
Успеси, успеси и само успеси. Уште еден гастрономско-туристичко успех на средношколците од Ванчо Питошески. Овој пат ја освоија Словенија на Гатус 2012, или гастрономско-туристичките средби во Ново Место. Учениците се натпреварувале во три дисциплини, и тоа послужување на маса, готварство и презентација на својот град како туристичка дестинација. Најатрактивна од овие дисциплини секако онаа каде што се подготвува храна. Целта: Да се зготви најдобро јадење во котле. Намирниците исти, условите исти. Рокот за подготвување 2 до 2 и пол часа, а нашите охриѓани импресивни.
„Јас...
Post Views: 0
Наместо река – фекалии, а наместо чист воздух – смрдеа. Со oваа слика ќе се соочите на влезот од Долно Лакочереј. Оваа слика во овој период од годината е посебно изразен, затоа што водата од реката е сопрена, поради наводнување, а коритото e празно. Причина за оваа еколошка катастрофа е тоа што овој дел од Охрид нема канализационен систем, па семејствата се оставени да се снаоѓаат сами на себе.
„ Во име на МЗ Лакочереј и жител Долно Лакочереј кажувам дека имаме проблем со отпадните води и со канализација. Од општината немаме никава подршка. Ни ветуваат, а од тоа нема...
Post Views: 11
Дали средните стручни училишта во градов полека, ама сигурно замираат. Факт е дека секоја година во овие образовни центри се запишуваат се помалку ученици. Во средното стручно училиште Ванчо Питошески во прва година има само три паралелки, а лани имало четири. Паралелките се формирани и со помалку од 25 ученици. Директорот Секула Баткоски вели дека причини за ваквиот надолен тренд има повеќе, но како број еден го потенцираше намалениот наталитет не само во градов, туку воопшто во државава, бидејќи во ова училиште доаѓале да учат деца и од другите градови. „Друга причина...
Post Views: 5
Наместо децата во него да почувствуваат топло катче за работа, тие во него се здобиваат со вируси, бактерии и други зарази. Наместо под – изгниени штици, наместо таван – дупки, нема вода во тоалетот, влага во цементот… се само дел од непријатностите со кои секојдневно се соочуваат 24 те деца кои се образуваат во оваа установа.
Родителите на децата крајно револтирани од игнорантскиот однос на надлежните, денеска се состанаа, но и заканија, доколку не се превземи ништо и доколу не се подобрат условите за работа, велат дека ќе протестираат.
„Поубо...
Post Views: 3
Одбележан 6 ти септември, денот на формирањето на шестата бригада. Борците и поддржувачите на делата на НОБ од охридско-струшкиот и регионот на Дебрца, денес во простории Сојузот на борците во Охрид се собраа за потсетат на неколку значајни денови од историјата на Македонија, со посебен осврт на формирањето на шестата бригада. Никола Стефаноски потпретседателот на Сојузот на борците, потсети дека не треба да се забораваат и секогаш треба да се одбележуваат настаните каде се втемелени бројни жртви.
„Ние со посебен пиетет се однесуваме во одбележување на овие настани пред...
Post Views: 9
Жители на улица Сатеска во населбата Далјан се пожалија дека во нивна непосредна близина се гради, наводно, бесправна градба. Лицето кое овие зафати ги започнало во Саботата, им тврдело дека поседува документи за парцелата на која го гради објектот кој најверојатно треба да биде гаража, но истите не ги приложил. Сомневајќи се во овие тврдења, тие веднаш се јавиле во општинскиот инспекторат, меѓутоа велат дека од таму досега никој не дошол да направи увид.
„Ни рекоа дека понеделник ќе се дојде на увид меѓутоа и вчера не дојде никој. Ние и вчера бевме таму, во градежниот...
Post Views: 6
Во последниве неколку години, во нашата земја згаснале околу дваесет основни училишта. Ова e показател дека од година во година драстично се намалува бројот на учениците. Секако најзагрозени се училиштата од руралните средини. Експертите велат дека оваа појава пак, од друга страна може да доведе до иселување на младата популација и целосно замирање на животот во овие општини. Министерот за образование, Панче Кралев истакна дека Министерството за образование и наука, не е она кое одлучува дали одредено училиште ќе се затвори, додава дека тоа е одлука која ја носи општината....
Post Views: 6
Летото е на заминување, но стомачните вируси карактеристични за ова годишно време токму сега го достигнуваат пикот . Статистиката покажува дека тие се најзастапени токму во месец Август. Најчестите симптоми на ова заболување се грчеви во стомакот, 5 до 6 водени столици во текот на денот, гадење, нагон за повраќање, а многу често овие вируси знаат да бидат пропратени и со висока температура. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на јуни па до денес има 40 пријави за заболени од стомачен вирус. Но ова не е реалната бројка, велат од таму. Објаснуваат дека...
Post Views: 2
Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа.
„Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а паралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески.
Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца...
Post Views: 7
Изминатиов викенд охридската младина полагаше тежок тест. Нивното вечерно излегување не помина како што се надеваа. Партибрејкери беа нивните родители и полицијата. Мешаните патроли на лице место можеа да видат како и каде најчесто се забавуваат младите. Родителите не беа воодушевени од она што го видоа. Велат, целта на патролата не е да ги заплашиме младите, туку да посочиме каде би требало младите да го насочуваат своето внимание и како да го поминуваат слободното време.
„Се надевам дека ваквите зачетоци на вакви акции по извесно време преку соработка на сите, и на...
Post Views: 1
Долго очекуваното дуо виолончела – Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер од Хрватска, вечерва на програмата на „Охридско лето“. Овие поранешни ривали, врвни класични уметници кои на своите инструменти виолончелата, нижеа огромни успеси, светската слава ја стекнаа со нивната виртуозна изведба на композицијата „Smooth criminal“ на Мајкл Џексон, која поставена на музичкиот интернет портал „Ју-тјуб“ за неколку дена стана светска сензација. Тие во Охрид пристигнаа без некои посебни барања. Лука Сулиќ за нивниот прв настап во Македонија како дуо, најави вистинско музичко доживување.
„Ние...
Post Views: 6
Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење. Граѓаните може спокојно да ја гасат жедта на овие јавни чешми. Но, според Законот за води, водата која не е хлорирана не смее да се користи за широка употреба за пиење. Затоа овие чешми може да се користат само како алтернативен извор иако се бактериолошки и хемиски исправни, напоменува д-р Атанско Михаилов, директор на Центарот јавно здравје. Заради безбедност на граѓаните службите на Центарот вршат постојана контрола, информира д-р Михаилов.„Секој месец, земаме примероци...