Post Views: 8
Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити? Кој е кредиторот, што е договор за потрошувачки кредит, на што најчесто треба да внимаваат граѓаните, кој е рокот за откажување на кредитот и кои се надлежни институции кога конкретен потрошувач би се нашол со конкретен проблем и на кои може да се обрат? Одговорите на овие прашања граѓаните од сега ќе можат да ги пронајдат во брошурата издадена од Организацијата на потрошувачи на Македонија, а подржана од министерството за економија. Од ОПМ велат дека брошурата е изработена според претставки на кои...
Post Views: 2
Локалната самоуправа на Охрид, денес се огласи во врска со реакциите на неколку охридски семејства кои живеат во објекти кои не одговараат на стандардите на современо урбано градско живеење. Имено, според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, имаат потполно разбирање за тешката состојба во која се наоѓаат неколку социјални семејства. Тој додава дека за жал, нивните можности за помош во тој поглед биле лимитирани од причина што законските прописи не оставале многу простор за работа.
„Во најголем број случаи овие...
Post Views: 7
Да се биде просветен работник и да се пренесува знаење на група дечиња само по себе е благороден чин, благородна професија.
Но ако се вратиме во далечната 1964 година, во малечкото планинско место Папрадник, во дебарско, тогаш учителствувањето можеме да го сметаме и за храброст и посветеност на оваа професија. Ваквиот потфат е реалност и дел од најинтимните сеќавања на дванаесет млади девојќи кои во 1964та година, го напуштаат родниот Охрид и заминуваат во ова малечко место како професорки. Нивните огромни залагања, труд, посветеност и истрајност, биле толку големи,...
Post Views: 6
Во моментот кога ОН предупредуваат на климатските промени како една од најголемите закани, а најголемите светски економии ги ставаат во фокусот на своите политики, колку е Балканот подготвен да се соочи со реалноста на промените во природата.
Научниците предупредуваат дека влијанието на климатските промени е видлив, а глобалното затоплување носи последици како што се глад, болести, сиромаштво и војни. Со зголемувањето на температурите (се проценува раст на температурата на планетата да изнесува од 0,3 до 4,8 степени), Европа ја очекуваат суши, топлотни бранови, поплави,...
Post Views: 2
Долгонајавуваните сувенирници од вчера и официјално отворени. Нивното поставување е во рамки на програмата на Владата на Република Македонија за поставување на унифицирани туристички монтажни објекти. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска изрази задоволство што и во Охрид се отвораат вакви сувенирници.
Од вкупно трите предвидени локации, вчера беа отворени две, додека третата ќе биде отворена во наредниот период.
„Имаме можност да отвориме две, едната сувенирница беша кај чинарот, а другата е овде во центарот на Охрид. Мислам дека самото место е одлично...
Post Views: 0
Американската војска веќе со години користи беспилотни летала за напади на воени цели и им овозможува, без ризик за животот на своите војници, успешно да ги изведуваат операциите на непријателските подрачја. На слична идеја дошле во компанијата Desert Wolf каде направиле Skunk Riot Control Copter – посебно беспилотно летало чија цел ќе е смирување на големи протести, односно снимање, означување и растерување на протестанти.
Ова летало е опремено со камери, звучници и силни рефлектори, така што може да ги снима и да ги осветлува протестантите и да им упатува пораки преку...
Post Views: 2
Инфо-пунктовите поставени за подобро информирање на туристите веќе подолго време не функционираат.
Овие инфо-пунктови со екрани на допир, првично беа поставени уште во 2011та година, и тоа на пет локации. Еден пункт беше поставен на градскиот плоштад, еден пред општината, еден кај новата автобуска, и по еден кај стариот чинар и на влезот од градот пред инфо-центарот. За жал во моментот, ниту еден од нив не е во функција. Сегашниот раководител на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски вели дека нивните служби во моментот прават анализи во каква состојба биле наследени инфо-пунктовите,...
Post Views: 1
Балканот, Македонија, а особено нашиот Охрид располагаат со огромно мозаично културно наследство кое мора да биде сочувано. Конзервацијата и реставрацијата на мозаици е специфична уметност која бара сериозен пристап како не би се изгубило ова огромно наследство. За жал сеуште е мал бројот на конзерватори и реставратори кои би работеле на заштита и враќање на стариот сјај на овие мозаици, но малата бројка на конзерватори според академскиот сликар и конзерватор, Никола Упевче не е проблем со кој се соочува само нашата земја, туку и целиот регион.
Овој проблем, Упевче...
Post Views: 3
Несекојдневно уметничко дело на плажата во извидничкиот камп. Деновиве охриѓани, и туристите кои се сместени во кампот, можат да уживаат и да се восхитуваат на една невообичаена глетка.
Безброј камења, во различни големини и форми, наредени еден врз друг балансираат на брегот од езерото. Кога нашиот објектив ја улови оваа несекојдневна слика, најпрво помисливме дека овие скулптури се направени со лепење на камењата или дека се тие зацврстени на некој начин. Но на лице место се уверивме дека не е така, камењата едноставно се поставени еден врз друг, врзани единствено...
Post Views: 7
Спортски и фитнес тренери, физиотерапеути, регистрирани медицински сестри, и масери. Училишни психолози, професори по музика, негователки во градинки и логопеди. Лични финансиски планери, возачи и приватни детективи. Ова се професиите кои до 2020 година ќе бидат најмногу барани на берзата на трудот, пишува Forbes.
Се очекува дека овие професии ќе вработат и до 20% повеќе луѓе во САД, до 2020 година. Што е заедничко во сите овие професии?
Заедничка линија им е емпатијата, односно способноста за соживување во емоционалната состојба на друго лице и разбирање на неговата...
Post Views: 1
Денес, божественото парче земја, високо таму во Скребатно со својата убавина на едно место обедини луѓе од најразлични краеви. Од домашно, локално население, до туристи од земјава, но и од странство. Денес, Скребатно беше домаќин на манифестацијата Охридска софра 2013. Како дел од неа, 26 натпреварувачи, мајстори во правење на ѓомлезе, или тури-потпечи како што е инаку познато ги покажаа своите вештини во подготовката на ова традиционално охридско јадење.
„Нема тајна. Внимание на печењето, да не се изгори, мрсење на време и тоа. Нема никаква тајна. Вода, сол, брашно,...
Post Views: 2
Автомобилите на тротоар, пешаците на улица. Ваква е сликата на голем број од охридските улици особено во летниот период кога и фреквенцијата на возила е далеку поголема. Колони на возила паркирани на места кои што не се предвидени за тоа, а уште полошо, места кои се наменети за движење само на пешаците. Тие пак се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Револтирани се од ваквата состојба, но најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме, сметаат дека причината за блокираните тротоари пренатрупани со автомобили, лежи во немањето доволно паркинзи.
„Пречат, секако...