Еве како во иднина ќе се смируваат протести

Можат да снимаат, означуваат и растеруваат протестанти

 |  инфодеск  | 

Американската војска веќе со години користи беспилотни летала за напади на воени цели и им овозможува, без ризик за животот на своите војници, успешно да ги изведуваат операциите на непријателските подрачја. На слична идеја дошле во компанијата Desert Wolf каде направиле Skunk Riot Control Copter – посебно беспилотно летало чија цел ќе е смирување на големи протести, односно снимање, означување и растерување на протестанти.

Ова летало е опремено со камери, звучници и силни рефлектори, така што може да ги снима и да ги осветлува протестантите и да им упатува пораки преку звучниците. Но, освен тоа леталото содржи и четири цевки од кои може да се пука на протестантите.

За среќа од овие цевки не може да се пука како од класично оружје туку тие исфрлаат кугли со маркери, како што се користат во paintball, за да ги означат протестантите а исто така можат да исфрлаат и пластични куршуми кои се способни и лесно да ги повредат протестантите.

Исто така, од овие цевки мое да се исфрли и солзавец, така што Skunk Riot Control Copter навистина може да биде силно оружје во борбите со протестантите бидејќи во исто време снима и онеспособува со солзавец и пластични куршуми.

Со ова летало ќе управуваат две лица – едното лице ќе управува со самото летало, додека другото лице ќе го контролира оружјето, а интересно е дека за цело тоа време додека леталото е во акција и тие ќе бидат надгледувани со камера за да не претераат со агресивноста спрема протестантите.

Испораката на првите вакви летала ќе почне овој месец, а ќе бидат наменети за рударите во Јужна Африка, каде во последиот период има големи штрајкови и протести кои често завршуваат со насилство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top