Post Views: 6
Селата Сирула и Вапила ќе се поврзат со асфалтен пат. Тој речиси целосно е тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела.Проектот опфаќа реконструкција во должина од 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри.Рокот на изведба на работите ќе биде два месеци. Овој проект и проектот за асфалтирање на улиците во село Косел се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини. Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.Надвор од овој проект ќе биде интервенирано и на санирање на ударните...
Post Views: 7
Младински Совет Охрид во текот на месец февруари реализира 13 работилници на тема “Разрешување на конфликти” на кои учество зедоа 280 ученици од сите основни училишта во Охрид, Велгошти, Пештани и Лескоец.
Целта на овие работилници беше стекнување знаења и вештини за конструктивно разрешување конфликти преку согледување на потребите и интересите на двете страни кои се наоѓаат во конфликт.
Учениците, терминот конфликт најчесто го дефинираат како кавга, расправија, спротивставување, војна, а најчести причини за јавување на конфликт се: слаба комункација, недоразбирања,...
Post Views: 0
Пред неколку месеци Охрид доби унифицирани туристички сувенирници од кои едната е лоцирана кај стариот чинар ,другата на градското пристаниште а се очекува наскоро да биде отворена и третата продавница наспроти градската пошта.
Министерката за култура Канческа-Милеска при отоворањето потенцира дека овие сувенирници имаат огромна важност за сите посетители и туристи бидејќи тука ќе можат да си купат автентичен сувенир кој го отсликува нашето богато културно наследство и сето она што го поседува нашата држава.
Покрај економскиот бенефит овие сувенирници ќе допринесат и...
Post Views: 5
Денеска отпочна асфалтирањето на уличките во Косел. Тоа е реализација на еден од двата проекти со кои Локалната самоуправа, на оглас од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, аплицираше кон крајот на месец мај минатата година. Првиот човек на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески се пофали дека програмите се покажале како издржани и точно поради тоа и двете биле прифатени од Агенцијата.
„Ова асвфалтирање ќе заземе 8 краци во село Косел со вкупна должина од 1000 метри на површина на 3000 метри квадрати. Рок на изведување на работите е еден...
Post Views: 2
Локалната самоуправа сама да ја изврши промената на стандардното улично осветлување во градов наместо тоа да се прави по пат на јавно-приватно партнерство. Ова беше предлогот со кој денес на прес конференција излезе претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски. Според него, нелогично е профитот од наплатата на јавното осветлување наместо во општината, да оди кај приватен партнер.
„Ние мислиме дека барем во ова нивно објаснување дека ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за 50 проценти со овие нови сијалици, кои трошат помалку енергија,...
Post Views: 5
Дефект на кујнски аспиратор предизвика пожар во стан во зградата на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“, лоциран над просториите на фирмата „АМЦ компјутери“.Од охридската територијална противпожарна единица информираат дека пожарот избил претпладнево во кујна. Огнот започнал од кај инсталацијата на кујнскиот аспиратор. Пожарникарите навреме интервенирале и спречиле поголема материјлана катастрофа.
„ Успеавме веднаш да го изгаснеме, при што не е причинета поголема материјална штета“, информираат од дежурната противпожарна служба.Од територијалната противпожарна...
Post Views: 0
На жителите од зградите кај болничкиот комплекс веќе им е преку глава од празни ветувања. Десет години чекаат за да добијат основни услови за живот. За да стигнат до нивните домови мора да поминуваат низ општата болница.
Станарите од овие згради се жалат дека покрај тоа што газат во кал до колена и навечер дома си одат со батериска ламба, не се приклучени и на канализациона мрежа. Револтирано велат дека живеат како да се во 19ти а не во 21ви век.Од Локалната знаат за состојбата во која се наоѓаат овие наши сограѓани. Објаснуваат дека најголема причина што досега не...
Post Views: 2
„Наидовме на разбирање од директорот на Агенцијата за патишта, веднаш се реагираше. Денес дојде, на лице место, да направи увид на состојбата на овие проблеми кои што ги наведоа жителите на овие населени места и се надеваме дека ќе најдеме заедничко изводливо решение, ќе ги уредиме влезовите, ќе се среди дел од осветлувањето од тунелот до Метропол и она што е најважно, денес побарав од директорот на Агенцијата за патишта, да се преземе уредувањето и осветлувањето на влезот во Охрид.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Резултатите од најновото тестирање на општинската администрација уште една можност за прибирање политички поени. Најпрво од Општинската организација на СДСМ реагираа дека резултатите се нереални бидејќи од 26 кандидати само осум го положија тестирањето или само 30% .
Како е можно во цела држава досега овие тестирања да ги полагаат над 90% од кандидатите, а кај на с процентот да е толку низок. Овие луѓе шест месеци работеле во својата област под менторство најчесто на нивните раководители. Менторот е тој кој што треба да ви ги даде прашањеата и да ве оцени. Овај неуспех...
Post Views: 3
Дефект во системот за топловодно греење ги одложи предавањата на студентите на ФТУ Охрид до 14 февруари. Деканот на факултетот проф Сашо Коруноски признава дека во неколку наврати овој систем откажувал. Проблемот според него настанал поради претходно несоодветно изведени интервенции врз него, бидејќи овој систем бил заеднички и на факултетот и на средното угостителско училиште.
„Решението беше врз основа на предлозите беше направен технички елаборат за делење на системите и сега се интервенира на тој дел. Тоа е еден пообемен зафат кој што значи неможност за загревање...
Post Views: 2
Наставниците од основните училишта од градов се обучуваат за укажување на прва помош. Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците. Освен теоретската обука, тие имаат можност и практично да укажуваат прва помош, но и да ги погледнат едукативните видеа изработени од страна на Црвениот крст од Охрид.
Наставниците, на овие обуки имаат можност да се запознаат со најчестите повреди и здравствени состојби кои може да се случат во секојдневниот живот. Според наставниците кои што...
Post Views: 3
Растечката опсесија со здрава исхрана и нетолеранција на храна во Велика Британија придонела во пораст на бројот на луѓе кои страдаат од „орторексија“. Орторексија често започнува со обид за правилно хранење и слабеење но може многу брзо да прерасне во изгладнување или посериозни проблеми со исхраната.Оние кои страдаат од оваа состојба често се многу внимателни за својата исхрана и дури и исфрлуваат цели прехранбени групи – најчесто поради лажното верување дека не можат да го толерираат тој тип на храна. Тие истовремено се придржуваат и до екстремен режим на вежбање....