Дали започнаа предизборните препукувања

Резултатите од најновото тестирање на општинската администрација ја разбрануваа охридската политичка јавност. Пристигнаа сериозни обвинувања од Општинската организација на СДСМ и Општинскиот комитет на ВМРО НП. Локалната се брани.

 |  Јаковлева Лионела  | 
spisok
список

Резултатите од најновото тестирање на општинската администрација уште една можност за прибирање политички поени. Најпрво од Општинската организација на СДСМ реагираа дека резултатите се нереални бидејќи од 26 кандидати само осум го положија тестирањето или само 30% .

Како е можно во цела држава досега овие тестирања да ги полагаат над 90% од кандидатите, а кај на с процентот да е толку низок. Овие луѓе шест месеци работеле во својата област под менторство најчесто на нивните раководители. Менторот е тој кој што треба да ви ги даде прашањеата и да ве оцени. Овај неуспех е и нивни, вели Томислав Тунтев -претседателот на ОО на СДСМ.сдсм

Реагираа и од ОК на ВМРО НП. Претседателот Ванчо Костовски вели дека се случило она за кое што тие долго време предупредувале.

Почнаа да се остваруваат заканите на ВМРО ДПМНЕ за бркање на вработените посебно кои беа примени во времето на Александар Петрески. Ќе има масовно отпуштање на администрацијата за да се направи место за нивните кадри на кои им имаат ветено. Се ближат избори и зборот мора да се испочитува, вели  Ванчо Костовски-претседател на ОК на ВМРО НП.

Од Локалната реагираа на овие обвинувања велејќи дека тестирањето на вработените е законска обврска по завршувањето на пробниот период од нивната работа во општинската админстрација и тука раководните структури на локалната самоуправа и да сакаат не можат да влијаат по ниту еден основ, освен да се испочитува Законот за државни службеници. Тестирањето според нив било спроведено согласно сите законски процедури, а прашањата ги покривале стручните области на кандидатите. Само знаењето и подготвеноста на секој поединечно, беа критериуми истите успешно да се решат, се вели во реакцијата од Локалната. Од таму додаваат дека оценките за некаков политички реваншизам ги сметаат за крајно неосновани и тендециозни. Потенцираат дека се зборува само за тие кои не го поминаа тестот, а се  минимизира трудот на оние кои го положија тестот и понатака остануваат дел од општинската администрација.
Инаку реакција стигна и од ОК на ВМРО ДПМНЕ но бидејќи не беше уредно заверена со потпис и печат согласно политиката на Телевизија ТВМ нема да ја објавиме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top