Post Views: 2
Терористите на Исламската држава во Ирак и Сирија го користат интернет за да заплашуваат луѓе и да привлечат нови терористи ширум светот за да им се придружат, а притоа често ги користат најпопуларните социјални мрежи како Facebook и Twitter. Ова е голем проблем за борбата против тероризмот, предупредил шефот на британската разузнувачката и безбедносна агенција Robert Hannigan и додал дека во овие компании наместо да превземат некои мерки во борбата против тероризмот, цело време го негираат овој голем проблем, а со тоа им помагаат на терористите.
Поради тоа, тој на овие...
Post Views: 2
Верувале, или не, човештвото малку знае за движењето на течностите. Меѓутоа, разбирањето на овој феномен е дотолку важен што доколку успеете да ја решите равенката која опишува што се случува со чадот од цигарата или што се случува кога се тура млеко во кафето, можете да освоите еден милион долари, пишува Business Insider.
Navier-Stokes равенките се наоѓаат на листата од седум најважни отворени прашања во математиката на математичкиот институт Клеј, а решавањето на еден од овие проблеми со себе носи награда од еден милион долари.
Овие равенки се еквивалент на вториот...
Post Views: 6
Социјалната заштита во градов ставена на маргините. Средствата кои општинава ги издвои за оваа намена со буџетот за 2015та се премалку за да се задоволат потребите на оваа ранлива категорија на граѓани, вели советничката од НСДП, Верица Хајба.Срамно е во денешно време Локалната самоуправа да предвиди буџет од 200 000 ден. за оваа намена. Поднесов амандман за да се изврши корекција и да се направи трансфер од буџетот наменет за програмата за трансфери на спортските клубови каде е предвиден буџет од 4милиони денари и да се издвојат еден милион денари кои би отишле во...
Post Views: 1
Телевизијата “channel 9”, тврди дека “енергетската” бразлетна која стана вистински хит во Америка и светот и се продава за 30 долари, не претставува ништо друго туку уште еден производ со плацебо ефект.
Тие со недели разговарале со корисниците, докторите и продавачите и дошле до различни податоци.
Имено, дел од испитаните корисници тврдат дека “бразлетната делува, ја стабилизира енергијата и лечи”, додека пак од друга страна е откриено е дека во различни продавници се продаваат бразлетни со различен состав, при што дел од продавачите...
Post Views: 1
Доаѓањето на Новата година, кај нас често предизвикува ентузијазам, возбуда и можност за нови одлуки, резолуции и промени. Календарската промена е најпогодна почва за симболични и идни јубилејсни победи и успешни потфати кои ќе си ги зацртаме во овие празнични денови. Д-р Јулијана Василевска- Специјалист по психијатрија – Општата болница во Охрид вели дека овие денови знаат да бидат вистински засилувачи на вољата особено во овие стресни времиња.
„Добро е за луѓето што постојат овие празници и традиции кои не враќаат во минатото во детството што е една безбедна...
Post Views: 8
Градскиот пазар полн со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, обидувајќи се да дојдат поевтино до намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Како и секогаш, цените на производите пред секој голем празник одат нагоре, па така килограм костени кои се традиционален декор за овие празници ќе ве чини стотина денари, а за да ги наполните чиниите за овошје со килограм мандарини ќе ви требаат 50тина денари, портокалите се поефтини и ќе ги добиете 3 килограми за 100 денари. Еве што охриѓани ќе имаат на своите...
Post Views: 1
Осуммина пензионери, поранешни колеги од Застава, низ смеа за себе велат од чорбари станавме чорбаџии. Тихомир Арсовски, Зимониќ Љупчо, Китрозоски Славе, Христоски Бранко, Тодороски Стојан, Митроски Радован, Велоски Злате и Иван Белазелков, 11 години, секој понеделник, се состануваат на утринска чорба во ресторанот Европа. Поранешните колеги на тој начин се дружат и го продолжуваат пријателството. Оние кои не познаваат ни честитаат, но немаат сила да не копираат, раскажува низ смеа Бранко Христоски еден од членовите.„Ние мислиме дека тоа копирање би било корисно за...
Post Views: 2
Сакаме струја, сакаме струја, сакаме струја…Вака денес го искажаа својот револт жителите од планинските охридски села Куратица, Свиништа, Расино, како и оние од Ливоишта и Вапила бидејќи веќе шести ден на екстремно ниски температури преживуваат без струја. Со транспаренти во рацете денес тие протестираа пред корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија барајќи повторно воспоставување на електрично напојување на овие критични места. Претставници од овие села, се сретнаа со раководителот на подружницата на ЕВН Македонија во Охрид.
„Дадено ни е ветување дека во наредните...
Post Views: 10
Отекс, Лихнида, Застава, Емо, Братство, Езерка. Ова се само дел од погоните на некогашните индустриски гиганти од градов кои се наоѓаат на регистарот на Агенцијата за странски инвестиции, а кои се нудат на потенцијалните инвеститори како можност за браунфилд инвестиции. Новонајавената инвестиција на германската компанија „Костал“, како и почнувањето со работа на ОДВ електрик исто така во постоечки објект, според директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, е само реализација на идејата за искористување на постоечките капацитети кои...
Post Views: 72
Охрид конечно ја доби долго најавуваната Златна соба. После дванаесет години интензивна работа на стручните тимови, непроценливото движно богатство откриено на ледината кај Горна порта, златната маска и златната нараквица се сместени во куќата на Робевци и ќе можат да ги видат охриѓани и пошироката јавност. Се работи за 447 артефакти со непроценлива вредност, златни, сребрени и позлатени предмети од колекцијата на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, кои потекнуваат од 7 век п. н.е. до 19 век, кои на посетителите ќе им овозможат да го видат...
Post Views: 13
Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро.
Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со...
Post Views: 4
Прв пред охриѓани и гостите, коалиционите партнери како и членовите на извршниот одбор на Охрид и пратениците се обрати председателот на партијата Зоран Заев. Тој зборуваше за актуелните случувања во државата, за тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните, но и за мерките што СДСМ ќе ги превземе доколку дојде на власт.
„Ја најави Заев бомбата и најави арггументации и докази против власта, се нема случено експлозијата, бомбардирањето е започнаот во државата.Гледате дека од сите страни се ниша власта.Ова што овие денови им се случува како инает и непопуштање,...